Со окрвавени од црешите прсти
како пророк, жртвен бик што заклал,
раздавам претскажувања… Скршен од жал,
еден ниту трепнува… Трескавично, друг се крсти.
Жена без пород, без жена сопруг –
што ли уште ве крепи, о клетници!
Денес освен мртвите нема никој друг,
но утре тука ќе се сите смртници.
А таа, каде е таа – до вчера мојата жена, –
сега сред светлината е светлина?…
А плочите бледнеат? Знак ли е тоа одозгора,
дека силниот – Семоќниот! – нема да сопре
дури не избрише сè – сè да сотре,
што треба да го напише Судбината ќора.
Превод од бугарски јазик Никола Кукунеш