Кирил Кадијски – ЈОВ

Пече и гори сонцето – ко распукан чир
врз модриот небесен врат… Трпи,
не гневи се, не жали, не барај аир,
и во твоја чест не чекај ангелски труби.
 
Кога ти истече силата? Тешко нападнат рано –
за двобој на Бог и Сатаната си арена –
страдај сам! Лек, исцелителен и за твоите рани,
и за гневот – да биде само солза бедна
на Јов… Кој не би ползел – дури и на колена!
 
Биди среќен, оти твојата душа сè уште е бедна
и вошките се сити, барем во моментот…
Само едно си сфатил: дека си гол
и сувиот сончоглед на твојот ореол
процутил на буништето на светот.
 
Превод од бугарски јазик Никола Кукунеш

mk_MKMK