Ко Ун – Возвишена пролет

Топлиот источен ветер дува,
земјата се топи.
Глетка што ги отвора
очите на слепите.
Децата се собираат
едни до други ко пиленца,
подземните инсекти
претаат неспокојно.
Само гледај!
Рибите кои излегуваат
од длабоките води
мразот го кршат
со грб!
Како ли може, жити сѐ
небото да е тивко?
Дивите гусаци
ги водат јатата
далеку кон реката Сунгари.
Сега во земјава
чуда се случуваат.
Доаѓа возвишена пролет!

Препев: Горјан Костовски