Кристијан Сендон Кордеро – Меланхолија

Не можеш да ја леташ во ветрот,
во спротивно станува вител.

Не можеш да ја посадиш в земи,
во спротивно земјата ќе се затресе.

Не можеш да им ја фрлиш на брановите,
во спротивно морето ќе фати треска.

Но, можеш само да ја згрееш
Околу огнот, во друштво
На странци, додека си ги триете дланките
Заедно и ги доближувате до лицето,
до вратот, до градите и до челото.

Надвор соништата замрзнуваат
И се шири мирисот на запалена коса.

mk_MKMK