Лаура Ачербони – БИ МОЖЕЛА ДА БИДАМ ДИВА СВИЊА

Би можела да бидам дива свиња
кога би сакала
и да се застрелам во чело
исто.
И никој
не би мислел ништо за тоа.
Некој
би се загрижил
да го извади оловото
од телото.
Да не случајно завршило
во забите
да не ги оштетило
образите
напладне.
 
Превод: Живко Грозданоски