Лаура Ачербони – СИТЕ НИЕ СМЕ ИНТЕРЕСНИ

Сите ние сме
интересни.
И нашите раце
и нашите заби,
и секој знак на отпор
има нешто интересно.
А во земјата
кога нѐ населуваат
малечки чудовишта
кога зад нашите рожници
нема ништо
освен чадот што си седи внатре,
и тогаш сме
неверојатно интересни.
И сакаме
и тревата
над нашата глава
да го знае тоа,
и смртта
да разбере
дури и птицата
што под нас живее
со својот непоправливо
голем клун.
 
 
Превод: Живко Грозданоски