Лаура Ачербони – Студот

Студот
не е пријатен.
Кога човек трепери
кредибилитетот
му исчезнува.
Затоа научив
да си забивам клинци
во дланките.
Сега сум
стабилна личност.

Превод: Живко Грозданоски