Лиан О’Саливан – ТРАХЕОТОМИЈА

Пред твојата соба чекав и го замислував
длабокиот алов вир од засекот
врз шупливата љубовна-бразда на твоето грло.
Толку тивок и недишечки скоро
заминат од мене. Кои ти беа
последните зборови? Кажи ми за љубовта,
скукулена сред вокалните трски,
проѕирно-бела, греди од пешачки мост, фашија*
мускули, превлаки, твојата сфера на тајни,
на наврнати притоки, вкоренети и пресадени
врз машините, кога влегов,
и можев да ја видам раната раширена
од канилата**, нејзините темни, плачливи бранувања.
Се чувствував како жената која дозјапа во
устата на ситниот бог. Видов сè.

Превод: Горјан Костоски

mk_MKMK