Лиан О’Саливан – ГРАДСКА ЗЕМЈА

Копнеж во черепот, кажан и користен,
нишањето на креветите од врес[1] преполовено в грло;
Горт и Ахаброк[2], и во старите камени ѕидови
ластовичките влетуваат ко ветроносени гласини.
Обична ноќ татко ми шетал таму
мислел дека го чул духот на Нора Сиер,
граничните поточиња се преполнувале од звукот
на челичната ѝ патерица која ги отчукувала часовите.
 
Стари домови и полузапомнети раскажани сказни;
ги демневме патеките повикувајќи ја да излезе,
подземјето сето оплакува и одвејува
со потоци и премини што исчезнуваат
и ја чистат пожолтената жолтевка. Незаслушано,
селото без покриви минато илјадапати,
а отаде, ослабеното кревање и движење на една порта
паѓањето на насобраниот мов, и сите ние заслушани.
 
 
Превод: Горјан Костоски

mk_MKMK