Луис Арманд – ЖИВОТИНСКИ ОРКЕСТАР

(За Бела Ли)
Заедно тие сочинуваат една интимна викотница
во порцелански филџан. Хејделберговска* вилица, гневен
пингвин во уништена кошула. Влечено
со сета сила на својата нерешителност, истуреното млеко имитира
некој изглед на прекумерен формализам –
секоја ознака во својата особена орбита како месечина
или јајце на смирена лудост
балансирана врз лажица.
Точка на отсечка помеѓу голо и спиење.
Постојат готски подземни паркиралишта за кои
чувствуваш приврзаност. Диморфни,
еутеријански**, налик на вонземски раце кои формираат отпечаток
на она што го зграпчиле. Утешителни
како колосеумска маса за кафе – гладијаторскиот глас,
збунетите суштества демнат дур се повлекуваат
кон залажалки и шварцвалд торти.
Полноглавец со очи ко суво грозје
те боцка со забот и во дел
од секунда сè има вкус
на изгорено непце или лепило,
и посебните пригоди
те зјапаат депримирано.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски

mk_MKMK