Луис Арманд – ЕВРОПА ВО СВОЕТО ВРЕМЕ

Кога го расекоа лавот, внатре најдоа улиште,
ловци-собирачи семафори врз златна чинија, големиот
телевизор на небото, мисловни балони, единствен настанок.
Ама лутачките светла наши не се предмет на восхит, ние сме
производ на ќорсокаци каде мноштво јазици
глаголеле. Дури и најжолчниот е привремен зигурат,
една туш слушалка што зборува од Венера, хемоглобини
на длабок душевен ниет. Како да си ја гледаш косата дур паѓа.
Бидејќи сме претопувачки суштества, нашите сочинители
нè почестуваат со припитомено овошје. Плутониумски економии
се враќаат во учебниците: но зборови од сите големини и сорти
лесно се означуваат, биваат бркани отаде соларните епархии
на варварските хелиуми. Следната криза си ја докажува поентата.
Ама за детето што го најдоа, што се играше сред пчелите?

Превод од англиски јазик Горјан Костовски

mk_MKMK