Колку вода поминало оттука
Откако некој го повлекол чкрапалото
И млад човек паднал
Мртов во Дунав:
Таткото на таткото на татко ми.
Колку милијарди капки од реката
Проголтало морето од моментот
Кога друг човек од друго време
Го спасил удавениот:
Таткото на татко ми.
Каде ли низ светот сега тече оваа вода
Која тука на фотографијата
Му ги прегрнува колената на едно момче
На татко ми, на кого морето му е до колена…
Тогашниот Дунав си заминал
Си помислив, стоејќи на брегот
А под срцето ми затрепери
За првпат како риба
Неговото внуче.
А Дунав бучи, ползи,
Доаѓа, заминува,
Убива, раѓа и боли
Но секогаш останува
А само ние заминуваме