Маја Панајотова

Маја Панајотова е родена во Ловеч, Бугарија. Започнала да објавува поезија за време на нејзините студии по филологија на Универзитетот во Софија. Откако стапила во брак со белгискиот балканолог Рејмонд Детрез, ја напушта Бугарија и предава бугарски јазик и литература на Универзитетот во Гент и на Католичкиот универзитет во Левен. Во 1983 година ја издава Скриено алиби, нејзината прва поетска збирка на холандски јазик, а потоа следат Софија останува мистерија во 1989 година и Машки декор во 2016 година. Во Бугарија ги има објавено следните книги: Да ја запрам одлетаната птица во 1983 година, Лице зад фламанска тантела во 1991 година и Слика крај реката во 2018 година. Маја Панајотова, исто така, преведува од бугарски на холандски јазик и обратно. Таа била учесник на разни меѓународни книжевни средби и изведби.

Песна: Дунав

mk_MKMK