Тука има мост на кој се гледам
како се нишам себеси.
Вода, небо, попладневно светло, дрвја,
пукнатини меѓу темните и мовливи камења,
вилински коњчиња, развигорче што го создаваат со своите крилја.
Покрај реката не се чувствува човечки здив.
Мостот е тука и јас се нишам на него
како дете во колепка, надевајќи се дека ќе порасне.
Но, јас сум пресекот меѓу поранешното и ништото,
неповолно минато,
каде што сегашноста е во небрано.
Имплицитните ветувања вредат помалку од кажаното.
Мостот сум самата јас, а јас сум самиот мост.
Она што започна како обично жртвување
со ѕидање, за да не се сруши мостот
ми даде крута слобода
по желба, да не пропаднам ниту јас,
сега кога треба само камења да носам.
Никој не поминува наваму, но мостот останува.