Маргарет Атвуд – МИГОТ

Мигот кога, по многу години
тешка работа и долга пловидба,
застануваш во средината од твојата соба,
куќа, половина ар, квадратна милја, остров, земја,
узнавајќи конечно како си стасал таму,
велиш, Ова е мое,
е истиот миг кога дрвјата ги спуштаат
своите меки раце свиени околу тебе,
птиците го повлекуваат својот јазик,
карпите пукаат и се ронат,
воздухот отстапува пред тебе како бран
и не можеш да дишеш.
Не, шептат. Ништо не е твое.
Ти си само гостин кој
постојано се качува по ридот, поставува знаме, освојува.
Никогаш не сме ти припаѓале.
Никогаш не си нè открил.
Секогаш било обратно.
 
Превод: Зоран Анчевски