Марија Клара Шарупи Јуа – ШУАРКА –ШУАР НУВА

(Одломка)
Од шумата сме гласови што сакаат да замолкнат
но ние сме мугри
ние сме зазорување,
што се крева против свирепи однесувања
Се заблагодарувам на моите корени,
за тоа што сум Шуарка која се намножува во секоја песна,
во секој пишан збор, нежно гален и сакан.
Гласовите на шумата се наследство за тебе
и многуте древни битија кои со бескрајна нежност го осветлуваат животот

Превод од шпански јазик Марија Петровска

mk_MKMK