Марија Риџонова Ференчухова – АНАМНЕЗА

Таткото умре на 37 години од срцева болест,
мајката е жива, синот здрав, анамнезата
од психијатриски поглед е
незначајна.
Вообичаени детски болести,
не е на лекување, не зема лекови,
операција на стомакот пред седум години:
внатрешни повреди од убоди со нож.
Хонорарец. Инаку келнерка.
Живее сама, во хостел, пуши десет цигари дневно,
пие две до три литри вино неделно.
Во раните утрински часови сосетката ја видела
на балконот полугола
наведната над оградата.
Викала дека конечно дошло време.
Свесна е,
контактна,
дезориентирана,
користи вулгаризми.
По четиринаесет дена хоспитализација,
стабилизирана, со подобрено расположение,
одлично одговара на лековите.
Утринава е препуштена
на амбулантска
нега.
 
Превод од словачки: Славица Гаџова Свидерск

mk_MKMK