Се чини дека сè е во ред.
Во Љубљин Јешива повторно студираат рабини,
иако еврејскиот кварт беше срамнат со земјата.
Возовите горе-долу стигнуваат навреме.
Може да се потпреме на извештаите
и на пристигнувањето на такси возилата,
а подземните тунели
се рушат еднаш на сто години.
Речиси воопшто не ми сметаат смрдливите купеа,
а погледот на древните
вагони за спиење со завеси на прозорците
ме радува.
Седнувам наспроти извидничката
со најлонско здолниште. На колкот
е исцртан печат од пегла на пареа со јасен врв
врз дезенот од точки.
Во полусон не можам да сфатам,
дали некаде зад мојот грб
на седиштето штотуку седнува огромен задник
или возот конечно почнал да вози.
Ме изненадува само тоа,
што штрковите навистина се гнездат на оџаците
или на високите столбови,
исто како и во приказните.
Од збирката Загрозен вид (2012)
Превод од словачки: Славица Гаџова Свидерска