Мариса Мартинес Персико – СЕКУНДАРНА АРТЕРИЈА

Секој град ме гледа со очите на другата
со кoja можеше да шеташ по улица,
да воздивнуваш еднодушно во јавниот парк,
да фрлаш ист леб на вервериците.
Секој град има авенија што ја избегнувам,
ѕвездата од мапите,
непогрешливиот круг на туристичките водичи.
Еден пат кој ја виде како бие,
минувајќи,
покрај тебе.
Купувам костуми во одредени продавници,
фотографирам
обелисци на попис.
Јас,
тогаш,
се нурнувам во невидливи улички,
премини допрени од зората што скришум се пробива,
со саксии кои чуваат таинствени пајаци.
И танцувам како танчарка на сцена
за гледачот од прв ред.
Можеби мојот живот покрај тебе би бил тоа.
Поинаква прошетка
во град на кој уште се сеќаваш.

Превод од шпански јазик Марија Петровска

mk_MKMK