Марјан Чакаревиќ – НОЖ

Раката посега по ножот
и засекува во ткивото.
Тогаш гргнува крв.
Тој што со целото тело
ја доживува болката,
влегува во слободната зона:
себе може да си се обраќа
како што сака,
секому смее в лице да му ја каже
вистината.
Тој што со целото тело ја доживува
болката,
ги благословува потоа раката
и ножот.

mk_MKMK