Мартин Лангфорд – КРИЛЈАТА НА ВОДОМАРОТ

Да ги запомниме сите.
 
Сето ова е истата војна.
 
Да ги рашириме крилјата врз нив –
 
водомарот свети
 
над тие
кои умреа
во сплетот на просторот –
 
војните помеѓу инстинктите и зборовите;
меѓу гестовите и гените.
 
Народите кои исчезнале ко облаци во загубените години –
чии племиња биле покорени, чии граници се сенка и ветер.
 
Оние кои седнале во слабите години –
зашто премногу битисувале во добрите години.
 
Оние кои беа терани ко стадо со железо во сушни катчиња.
 
Да им ги закитиме коските со пердуви со нашите приказни,
да го разбрануваме воздухот еднаш кој го дишеле со ветрила на тага…
 
Кои беа храна за боговите.
 
Или кои умреа во војните за парче земја.
 
Зашто беа од иста лоза. Или измет.
 
Зашто сите беа дел од текст кој си бараше да изгубат.
 
Сето ова е истата битка.
 
Истите горчливи хормони:
Истите ветрогански и калеидоскопски-распавтани земјишта.
 
Оние кои веќе не им одговараа –
со кои завршија на погрешната страна на преговорите.
 
Кои беа збришани од страна на мравките на Наполеон;
мравките од Џингис, или од Акбар
 
Кои клечеа за леќите.
 
Или кои лежеа и спиеја, за трутовите.
 
Момчињата кои не беа прави-прави.
 
И жените кои.
 
Сето ова е истата војна:
 
да се измислиме ко луѓе;
да се срочиме ко нешто повеќе одошто сме.
 
Да ги здиплиме во азурното од нашите крилја.
 
Оние кои беа поразени заради нивното толкување.
 
Оние кои си ги изиграа зборовите против себе.
 
Кои загинаа за нивните слободи.
 
Кои загинаа зашто ужасите како слободата
им дојде премногу за да ги поднесат.
 
Да ги светнеме
со сјајот на нашето внимание –
 
овој брзак од отсјај, нашата тага –
 
ова нагло сипење вода и светлина
што е точката каде почнуваме.
 

Превод: Елида Бахтијароска