Мартин Лангфорд – ТЛО

Зошто нема тло,
освен танцувањето меѓу нас:
 
Ѕвездите пламнуваат и светкаат ко ќибритчиња.
Одобрените истории влегуваат, излегуваат, ен-два-три.
 
Камен-темелникот мавта Збогум! како што исчезнува.
Сите потреби се лигават и се тресат, со најдобрите агли внатре.
 
Воопшто нема тло,
освен јазично-кршливите сплавови на нашите лудории.
 
Карлиците се ножичат и ја ладат долгата ноќ од крстосници.
Јајцата си потонуваат во своите ѕидови и иницираат ножни прсти.
 
Извесностите крвават како новоодрана романса:
Кој сум јас – сега кога веќе ја нема? Кој си ти?
 
Добри прашања кружат и се слизнуваат
од брегот кај Операта.
 
И нема тло, освен наведнување/ полупаѓање
кон-и-од другите непокорни ние.
 
Нема тло, освен нозе и нивната префинетост, коски и нивната песна.
 
Превод: Елида Бахтијароска

mk_MKMK