Мартина Стракова – ВО ПЛИМАТА НА ПРОТОКОТ


надвор од времето
со солта се чистат круглите камчиња
и брановите ми стануваат проѕирни
за барем на миг
да успеам да дишам
со најскриените жабри
и незабележливо да протечам
во стадата
на невидливите суштества
десет илјади
метри
под
површината