Како пиле при ведење јајца
двете твои раце, мамо, ги пуштија моите.
Се качив на возот на триесет, остарев;
возот станува сè помал во твоите очи и се повлекува.
По патот
вознемиреноста ме праша како се викам;
Реков, почекај додека да дознам кој сум станал:
Можеби сум поштарот на твоите писма
во свет каде ме чека зрелоста
а можеби и не.
На далечина од дваесет години
еве ме сега, мамо, се барам себеси
зашто немам родител
или помошник.
Зошто ме остави заложник на среќата?
Ме спреми ли за неизбежното и ме подаде
на непознатото што ме плеска в лице?
Кој вели дека сега сум посилен?
Ме изневери ли кога ми вети зрелост
Велејќи дека времето ќе ме направи силен со возраста?
Се пошегува ли со мене?
Или, пак, гнездото што беше по милостиво
од рајот стана претесно?
Стана ли небо чии бури ми ги скршија крилјата?
Дојдов кај тебе со кал на облеката,
а ти ме удри како дете.
Помниш ли?
Го помниш ли силниот ритам на твоите дланките по образиве?
Мелодијата во него ме смири и ме исчисти
а од твоите раце – необјаснива топлина.
Што од нечистотијата на животот сега ти ги допира рацете
и каде е Тате во сево ова
каде е Тате?