бев на окупирањето на паркот гези
и кога полицијата фрли солзавец
избегав
првпат по смртта на татко ми
плачев
не знаев дека и кучињата умеат да плачат
објавив глуварче
изгорев во циклично повторување
во истанбул растат цените на куќите
во истанбул земјотресот е задоцнет
во истанбул прават свадби на бродови
ја кријам мимезата на ауербах
и еколошко маслиново масло
во темна ткаена торба
во истанбул живеат три милиони бегалци
колку треба да се оддалечам
за да можам да кажам
историјата се влева во босфор?
за смирувачката сигурност
следниот пат првин ќе горат џамиите
потоа синагогите