Миа Леконт – ВЕНЧАЛНА

Му се доверив на мажот кого го немаше
овој кревет е премногу гoлем за мене сама
Кога некој нов град
повторно почна да умира наоколу
јас како изговор ја зедов мерката
низ сознанието дека љубовта
никогаш не успеав да ја изговорам
На секој налет на новата зора
долу истураат ѓубре
сè додека утрото
не настапи најсилно
и не се осмели да го раздвои светлото
обединето од мојата огромна празнина

Препев од италијански јазик: Анастасија Ѓурчинова

mk_MKMK