Михаил Ренџов – ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ

(Фреска)
Стоиме: Тој пресветол
Јас темен. Одеднаш:
Водите се отворија–
Дверите се затворија.
Од душата тогаш
Пркнаа славеи
И исчезнаа зад ѕидиштата.
Значи: влегов во Ерусалим?
Не, не влегов јас
Оттаму ме изнесоа.

Нерези, октомври 79