Мирослав Биелик – ВО ЧЕСТ НА ДЕКАРТ

За да мислиме денес, треба да бидеме,
за да бидеме утре, треба да мислиме
 
Чиста мисла?
Љубените
апостоли одамна
ја будеа
нашата чиста мисла
За да не заборавиме 
Еден ден
како илјада години
а илјада години
како еден ден
Некои нешта
сепак и понатаму не ги разбирам 
иако знам 
дека со ништо друго 
само со мисла
победува чинот
Cogito, божествената искра, 
што не можеш да ја одвоиш
ни во сонот

Препев од словачки јазик: Звонко Танески

mk_MKMK