Вкусот е непријател на креативноста, рече Пикасо, и заедно со ветрот испрати накај Чикаго неколку скици и една макета на скулптура за отворен простор. Чикаго, градот на добра храна, фигурата порасна голема, петнаесет метри и сто четириесети седум тони. Моделот за статуата беше можеби девојката со коњско опавче, Силвет Дејвид. Дејвид имаше високо поставено коњско опавче зашто татко ѝ еднаш беше видел балерина со коњско опавче и никогаш повеќе не ја имаше заборавено. Во Чикаго градот на гангстерите статуата ја доживуваа како да е птица, проневерување на имот, некаков земјопоседник од Чикаго со мали очи, авганистански ’рт, или можеби некаков бавијан. Некои шпекулираа дека оној кој е претставен е можеби колегата на Тот на патот накај кралството на мртвите, Анубис со главата на чакал, со мртовечкиот стап во раката. Анубис кој ги мери душите на мртвите со пердув, додека Тот ги запишува нивните добри и лоши дела. Во градот на џезот Чикаго сето ова го примија на искулиран начин, и наскоро скулптурата стана локална атракција, изгуби многу имиња и сега е позната како Чикашкиот Пикасо, омилено место за качување на деца и туристи.
Превод од норвешки јазик Јасминка Марковска