Мортен Лангеланд – ****

Подоцна, во крајниот придонес на човечкото животно, ѓубрето, бавијанот си стои и си јаде. Со најциничниот дел од телото, газот, гордо исправен нагоре, го запишува курсот на размена меѓу нас. Да можеше овој газ да зборува, ќе кажеше: „Ти си оној кој прв ќе го снема, јас можам да зборувам, јадам и серам каде сакам.“ Кога се изразува, бавијанот е безграничен, ама има свој јазик кој ја пренесува пораката, кога нѐ гледа немам сомнеж дека ни с’ска: „Бавијану еден!“

Превод од норвешки јазик Јасминка Марковска

mk_MKMK