Секогаш кога чувствував недостиг на слобода
Глас на синот мил
Кога го возев со количка
Заборавав
Дека сум ценета кралска ќерка
Со полна глава снежни пеперутки
Чекорејќи постојано низ градината
Не знаејќи дека нектарот стои малку подалеку
одошто гледа окото
Малку верна
Малку благородна
Срцето колку еден цвет
Вкусот колку на пчелата
Цвеќињата да си ги сака
Трњето набрзина да ги допре
Доцна се научив да се свикнам
Да ме слушаат повеќе од увото
Овошјето има вкус на гранка
Зашто кога паѓа долу
Се чувствува поинаку
Од овошјето на Духот
Капната љубов
Низ Троја
Качи се по копнежот
Ризикувај девојко
Мирисливоста доаѓа
Откако прстите ќе поцрвенат
Трњето решето
Ти ја направиле кожата
Слоевита
Низ Балканот
И за девојката од градината
И за кралската ќерка