Наџван Дарвиш – ЕРУСАЛИМ (I)

Стоевме врз Ридот*
да принесеме жртва за тебе
и кога си ги видовме рацете кренати
и празни
знаевме
дека ние сме твојата жртва
Нека смртниците паднат
во рацете на нивните сосмртници
Сал ти секогаш опстојуваш
Побрканиов аџилак
на оние што се минливи –
гајле ти е тебе за тоа…
Раце креваме, празни
Ние сме твојата жртва