Наџван Дарвиш – НЕ ЗАПИРАМЕ

Немам држава на која ќе ѝ се вратам
и немам држава од која ќе бидам прогонет:
дрво чии корења
се растечена река:
ако запре ќе умре
а ако не запре
ќе умре
си ги потрошив најдобрите денови
врз образите и рацете на смртта
и земјата што ја губев секој ден
секој ден одново ја добивав
Луѓето имаа само една земја
дури мојата во порази се множеше
самата во поразија се обновуваше
Корењата нејзини, ко моите, се вода:
ако запре ќе пресуши
ако запре ќе умре
Обајцата трчаме
со река од сончеви зраци
река од златна прашина
што се издига од антички рани
и никогаш не запираме
Продолжуваме да одиме
без мисла да запреме
за патиштата да ни се вкрстат
Немам држава од која ќе бидам прогонет
и немам држава на која ќе ѝ се вратам:
запирањето
ќе ми е смрт

mk_MKMK