Наџван Дарвиш – ОНИЕ ШТО ВИСАТ

Оние што висат
се уморни
Спуштете нѐ
за да си починеме малку
Влечкаме истории
оголени од земја и небо
Господе,
наостри си го сечивото
и дај ѝ почин на жртвата твоја

Ни мајка имаше ни татко
и не си ги виде браќата како
висат
од ладните шепи на муграта
не љубеше никого
и никој никогаш не те напушти
и смртта никогаш не ти јадеше од рака…
Ти не можеш болката да ни ја знаеш

Не сум Кралот Давид
да седнам на покајничката порта
и да ти пеам псалми тажаленки
после гревот

Спуштете ме –
сакам малку да си починам


Превод: Горјан Костоски

mk_MKMK