Наџван Дарвиш – СПИЕЊЕ ВО ГАЗА

Фадо*, ќе спијам како што спијат луѓето
дури паѓаат гранати
и небото е распарано како живо месо
ќе сонувам, тогаш, како што сонуваат луѓето
дури паѓаат гранати:
ќе сонувам за предавства
ќе се будам напладне и ќе го прашам радиото
со прашањето што сите луѓе го прашуваат:
Запре гранатирањето?
Колку мртви?
Но мојата трагедија, Фадо,
е дека постојат два вида луѓе:
оние кои своите страдања и гревови си ги фрлаат
на улица за да можат да спијат
и оние кои ги собираат страдањата и гревовите на луѓето
ги обликуваат во крстови и ги парадираат
низ улиците на Вавилон и Газа и Бејрут
дури проплакуват
Има ли уште?
Има ли уште?
Пред две години шетав по улиците
на Дахиех, во јужен Бејрут
и влечкав крст
огромен ко разрушените згради
Но кој денес ќе поткрене крстод                                                                                                                                             грбот на еден уморен човек во Ерусалим?
Земјата е три шајки
а милоста е чекан:
Гаѓај, Господе
Гаѓај со авионите
Има ли уште?
 
Превод: Горјан Костоски

mk_MKMK