Никита Станеску – Тажна љубовна песна

Само мојот живот вистински ќе умре за мене,
некогаш.
Само тревата и го знае вкусот на земјата.
Само мојата крв вистински тагува
по моето срце, кога го напушта.
Воздухот е висок, ти си висока,
висока е и мојата тага.
Доаѓа време кога и коњите мреат.
Доаѓа време кога и машините стареат.
Доаѓа време кога врне ледно
и сите жени твојата глава ја носат,
и фустаните твои.
Доаѓа и една голема птица, бела,
која на небото ја несе месечината.