Николина Андова Шопова – Како Кога Два Брода се Сретнат

Како кога два брода ќе се сретнат
на отворено море
и патниците на палубата си мавтаат оддалеку
иако не се познаваат
иако не знаат ништо еден за друг
така животот и смртта
секојдневно се разминуваат.

mk_MKMK