Нужум Ал Ганем – НЕБЕСНА ВОДА

Дај да тропнеме на портите на ноќта
и ако нејзините души проговорат, тоа е оти
е будна…
и оти е будна
ќе го чуе звукот на нашиот страв кој е налик на
крици на птици преселници во мракот.
Личиме еден на друг кога бегаме
и не смееме да оставиме трага
никаде
дури ни на молекул воздух.
Дај да тропнеме на портите на ноќта
Со надеж дека ќе ни се отворат.
 
Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK