Нужум Ал Ганем – ВЧЕРА

Вчера се запознавме,
Исцртавме потписи наши на патишта долги,
Вчера измисливме
Прва причина да се сретнеме,
Денот први го поминавме средувајќи го шаторот наш.
Вчера,
Се колнам дека беше вчера.
Тогаш што е со овие години
Кога и да ги броиме за една се зголемуваат?
 
Превод: Афаф Елмради

mk_MKMK