Нурдуран Думан – РАЗИГРАНОСТА НА БОИТЕ

Секое утро фатени за косата на љубовта, зајдисонце
Во која се плетка црвенилото на светлината
Затоа што секоја стрела произлегува од зората
Вечерта се плете од пладне до радост
Од тага до ноќ … и обратно, лице
Сите знаат дека споделувањето е нешто свето
Ако лисјата и зборовите не се распаѓаат
Тогаш смртта е зелена градина во која наградата е бесконечна
Луѓето испаруваат од врелата вода кон лицето на небото
Боејќи го небото во сино, па врне
Лицето што сади дрво се меша себеси во бесконечност
Има лица што го сакаат дождот има и лица што не знаат како да сакаат

Превод од турски јазик Ајлин Скоро