Бакни ми ја раната на времето,
Убедиме дека времето што одмина
Може да се врати и да се живее одново.
Погали ме со зборови од мекост,
Пеј со гласот на една мајка
Кога го заспива новороденчето
А мене разбудиме од сонот на спомените.
Дојди бакни ми ја косата моја,
Што минатото го кријат
Под разгорената боја на вишна…
Минатото не покажа милост кон мене, а човекот не сакав.
Бакни ми ја раната на времето,
Истопи ми го стравот на изгуба
Човек сум болен од времето,
А велат дека лек си нема.