Паула Бозалонго – Неминовната сенка

Сите одлуки што ги донесовме еден ден
напластени се како урнатини
или нестварни делчиња
кои се качуваат и креваат
како ползавци
кои никогаш не се одвојуваат од нас.
Љубовта е црна,
патувањето е црно,
куќата е во мрак.
Без нијанси ни скали, ни сјај, ни контрасти
го нема веќе во сенката
ни профилот на твојот лик кој му вика на непријателот,
ни правото на последниот збор,
ни тагата која се симнува во лифт
или трагите кои се белези на мигот
кога си заминав и ти си замина од моето детство,
место во кое никогаш нема да се вратиме.
Светилките од утрешнината ги избегнуваат деталите
и дозволуваат да живеат
подалеку од подвижните сенки
кои сега минуваат низ песокот,
низ карпестиот мрак
зад амбисот,
но никогаш не пристигнуваат
до катчето на неминовната сенка
вкотвена во сеќавањето.

Превод: Марија Петровска