Не фотографирај, ме советуваа
пред патувањето, пушти да
те обземе, да те понесе.
Молитвени шалови висеа
во витрините, нестварни,
неподвижни.
Пријди со стравопочит,
ми велеа.
It was fun, рече на излегување
студентката од Америка, додека објективот
се вовлекуваше во телото на камерата.
Светлоста на рефлекторот цутеше на стаклото:
зад него тони човечка коса.
На враќање дома ме бакнува дјевушка, водич
во комплексот, и тогаш чувствувам како прашината
ѝ слегува по облеката и кожата и ни го презема станот.
Пишувај за тоа, вели еден познаник,
тоа е добар мотив.
Под осветлувањето не блеска
ниту една честичка, ништо. Зад стаклениот
фронт се туркаат куфери.
Превозникот нуди специјални попусти
на повратните билети до Осенчим.
Планината обувки во вакуум
со еден чекор би исчезнала.
Никогаш не се изабија тие ѓонови.
Немав некој избор во гратчето,
освен да читам за холокаустот.
Сега живеам во Краков. Сувенири
насекаде. Не ми се зборува за Аушвиц.
Кога ќе помислам на родината, замолчувам.