Познати Петте Кандидати За Наградата „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ на Струшките Вечери На Поезијата.

Жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска стихозбирка помеѓу две фестивалски изданија направи избор од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот. Еден од овие пет автори ќе биде прогласен за добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на Програмата на Фестивалот.

Листа од пет книги и автори одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ (по азбучен ред
според презимето на авторот):


1. Пајо Авировиќ: На погрешната страна
2. Андреј Ал-Асади: Небесна геометрија
3. Долорес Атанасова- Лори: Небо во кафез
4. Ива Дамјановски: Двоумење
5. Јосип Коцев: Музеј на чувствата