Поети

Поети кои учествувале на Струшките Вечери на Поезијата

Категоризирани по година на настап. Изберете година.
All'21`20`19`18`17`16`15`14`13`12`11`10

Керол Ен Дафи

Керол Ен Дафи (родена во Глазгов, 1955 год, во семејство со ирски корени) се вбројува меѓу најпознатите поетски имиња во Велика Британија. Покрај тоа што е високо вреднувана и ценета во академските кругови, таа е омилена и кај пошироката публика. Важен детал, во прилог на тоа е констатацијата дека нејзината поезија е веќе вклучена како задолжителна лектира во националните курикулуми на универзитетите, но и на училиштата.
Уште со првата, провокативно насловена книга “Standing Female Nude” (Стоејќи, жена, гола) (објавена во средината на 80-тите години), Керол Ен Дафи успеа да стекне широк круг читатели, но и неспорна поддршка од книжевната критика, што во неа инстантно препозна „расен, нов глас во поезијата“. Почнувајќи од таа дебитантска книга натаму, речиси секоја од следните поетски објави на Дафи беше наградена со најзначајните национални и меѓународни признанија (вклучително, престижната награда „Т.С. Елиот“, што таа ја добива за збирката Вознесение (2005) , како прва жена во историјата на доделување на оваа награда, потем, наградите „Дилан Томас“, „Сомерсет Мом“, „Харолд Пинтер“ и други), што убедливо сведочи за недвосмислената репутација на нејзината поезија во редовите на пребирливата критичка јавност.
За првпат во 400 години долгата традиција на ова признание, во 2009 год, Дафи беше избрана и како жена Poet Laureat на Обединетото кралство.
Автор е на близу 50 книги, од кои најнови се: Искреност (2019), Панаѓур на студот (2019)
Освен што е добитничка на значајни меѓународни книжевни награди, Керол Ен Дафи е носител на високи одликувања од кои највисокото е почесната титула „Дама-заповедник на Редот на Британската Империја“, што го добива во 2015 г.

Песна:ИЗВОРНО

Песна:ПРЕД

Песна:Гнездо

Песна:Син фустан

Песна:АНА ХАТАВЕЈ

Лидија Димковска

Лидија Димковска е родена во 1971 година во Скопје. Завршила општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски студии по романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија, каде што работела како лектор по македонски јазик и книжевност. Објавила неколку поетски книги за кои има добиено домашни и меѓународни награди, меѓу кои и најновата – европската награда за поезија „Хуберт Бурда“. Нејзината најнова збирка поезија е насловена pH неутрална за животот и смртта (2009). Составувач е на антологијата на најмладата македонска поезија 20.млади.мак.поети.00, 2000. Го објавила романот Скриена камера (2004) за кој ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување на Друштвото на писателите на Македонија. Романот Скриена камера излезе во превод на словенечки (2006) и словачки јазик (2007). Нејзини песни се објавени ширум светот. Учествувала на бројни меѓународни книжевни средби. Преведува од романски и од словенечки јазик. Живее во Љубљана, Словенија.

Тихомир Јанчовски

Тихомир Јанчовски, роден 1967 година, поет од Скопје. Досега објавил 10 книги поезија и три прозни дела: роман, дневник и збирка колумни. Неговата последна збирка поезија, „Пред некое време“, е објавена годинава. Наскоро излегува и нејзиниот втор дел, „Несреден век“. Живее и работи во Скопје и на Скопска Црна Гора. За себе вели дека цел живот ја пишува истата книга и дека не се битни деталите од биографијата туку делата на авторот. Тие кажуваат сѐ.

Танос Гогос

Танос Гогос е роден во Лариса во 1985 година. Тој е основач на издавачката куќа „Трака“, како и списанието со исто име. Работи како координатор на меѓународниот проект „Ulysses Shelter“ а воедно е и коосновач и директор на поетскиот фестивал „Тесалија“. Има издадено 3 збирки поезија: „Игралиште на границата“ (Фарфулас, 2013), „Глазгов“ (Трака, 2014 / Сандорф 2020), и „Дакар“ (Мелани, 2020). Неговите песни се објавувани во најразлични книжевни списанија и се преведени на 10 јазици. Во 2015 година, тој бил учесник на Вториот фестивал за млади писатели на Меѓународниот саем на книга во Солун, во организација на Елинската фондација за култура. Неговите дела се дел од антологијата „Нови гласови во Грција“, која била објавена од Елинската фондација за култура и претставена на 67-от Саем на книга во Франкфурт. Тој е член на мрежата Версополис, како и на „Поетски кружок“.

Песна:Дакар 1

Песна:Дакар 4

Мањола Наси

Мањола Наси (1982) е албанска поетеса и преведувачка од Тирана, добитничка на Наградата „Кристал Виленица“ во 2019 година. Таа е бивш „Фулбрајт визитинг стипендист“, се стекнала со докторат по книжевност од Универзитетот во Тирана, каде таа предава над една декада. Таа има преведено цела низа важни дела од англиски на албански јазик. Нејзините песни се наградени со народни и меѓународни награди. Таа ја објавува нејзината прва збирка „Сонет за есента“ во 2002 година, кога била победничка на книжевен фестивал. Во 2017 година, била наградена од страна на Албанското Министерство за култура, што подоцна води до објавување на нејзината втора збирка песни „Патување и половина“ во 2018 година, што се стекна со критички успех. Во 2019, била гостинка на писателската резиденција „Марко Марулиќ“ во Сплит, Хрватска, а била и поканета на едномесечна резиденција „Балкански читања“ во Ново Место, Словенија во 2021 година. Нејзината нова збирка песни треба да излезе во печат подоцна годинава. Избор од нејзините дела се појавуваат во антологии и книжевни списанија на Англиски, Италијански, Словенечки, Грчки, итн.

Песна:ПАТУВАЊЕ

Песна:МОСТ

Роман Кисјов

Роман Кисjов е роден 1962 година во Казанлак, Бугариjа. Тој е поет, ликовен уметник и преведувач. Завршил ликовна уметност на Националната уметничка академиjа во Софиjа. Живее и работи во Софиjа. Неговите стихови се испечатени во речиси сите литературни списаниjа во Бугариjа, емитувани се на бугарските национални телевизии и радиjа. Вклучен е во повеќе поетски антологии во Бугарија, Италија, Полска, Романија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Јордан, Индија како и во меѓународната поетска антологија на англиски јазик „Поети за светски мир“ (POETS FOR WORLD PEACE, Vol.3, 2011). Неговата поезија е преведувана на англиски, германски, француски, холандски, дански, грчки, турски, романски, руски, српски, хрватски, македонски, арапски, кинески, албански, ерменски, грузиски, бенгалски и други јазици. Учествувал на многу меѓународни поетски манифестации. Автор е на поетските книги: „Вратите на раjот“ (1995), „Сенката на полетот“ (2000), „Пилигрим на Светлината“ (2003), „Криптус“ (2004) „Гласови“ (2009), „Градината на тајните“ (2014), „Јајца од феникс“ (2014) и „Мистичната ружа“ (избор песни 2016). Преводи на други jазици: Hodočasnik svjetla (на хрватски, 2008), Словото Пастир (на македонски, 2010), কবিতা, Poems (на бенгалски, 2013), Lumea cuvintelor – Светот на зборовите, (на романски, 2014), ՀԱՄԲԱՐՁՈՒՄ, Вознесение (триjазична – на бугарски, руски и ерменски, 2014), Јајца од феникс (е-книга на македонски, 2016), Мистичната роза (македонски 2019).

Песна:ИТАКА

Песна:ПОЕТОТ МОЖЕ

Драгослав Дедовиќ

Драгослав Дедовиќ е роден во 1963 година во Земун. Израснал во Калесија, а гимназија завршил во Тузла. По завршувањето на новинарските студии во Сараево, работел за различни медиуми, а посетувал и постдипломски студии по социологија на културата во Белград. Од 1990 до 1992 година бил уредник во издавачка куќа во Тузла. Во 1992 година се преселил во Германија, работејќи најпрвин во Нирнберг и Регензбург. Како стипендист на Фондацијата „Хајнрих Бел“, ја брани магистерската теза на интердисциплинарните Европски студии во Ахен. Наградуван е повеќепати: „Слово Горчина“ (1988); Годишна награда на Друштвото на писатели на БиХ за најдобра книга (2005); Печат на сремско-карловачката варош (2012); Наградата „Стражилово“ (2013). Добитник е и на неколку стипендии за книжевни престои од германските книжевни институции. На германски јазик објавува есеи и аналитички текстови, преведува од и на германски, а неговите книжевни текстови се преведувани на повеќе јазици. Застапен е во неколку антологии на босанската, црногорската, српската и светската поезија. Меѓу неговите објавени поетски книги се: „Да излеземе во полето“ (Сараево, 1988), „Циркус Европа“ (Тузла, 1990), „За благородните убијци и најмените хуманисти“ (Клагенфурт/Целовец, 1997), „Кавасаки за Вукман Дедовиќ“ (Сараево и Клагенфурт, 2001), „Кафе Суматра“ (Сараево, 2005), „Динарски Буда“ (Белград, 2018), „За клавир и дижериду“ (Белград, 2010), „Глорија мунди“ (Сремски Карловци, 2013), „Вжештување“ (Нови Сад, 2013), „Внатрешен исток“ (Сараево, 2015), „Фјодоров џез“ (Белград, 2020).

Шпетим Селмани

Шпетим Селмани (роден 1986 г.) е косовски писател и глумец. Студирал на Универзитетот во Приштина. Глумел во родната земја, а и во странство. Негови дела: „Вжештени белешки“ во 2015 година, „Избрани песни 2010 – 2017 – Поезија во време на крв и очај“ (Мултимедија, Приштина) во 2017 година, и „Книшка за љубовта“ објавена во 2019 од страна на „Армагедони“ во Приштина.

Јана Радичевиќ

Јана Радичевиќ е црногорска поетеса родена во 1997 година во Подгорица. Студиите по германистика ги завршила на Филолошкиот факултет во Никшиќ, а како студентка престојувала и на Универзитетите во Марбург и Грац. Членка е на книжевната група „Форум на млади писатели“, која се собира во КИЦ „Будо Томовиќ“ во Подгорица од 2015 година. Нејзината прва збирка поезија „ако речам може да стане вистина“ е објавена 2019 година во издание на „Партизанска книга“ од Србија. Објавувала поезија и кратки раскази во бројни зборници, книжевни списанија и портали. Нејзината поезија е преведувана на германски, англиски, француски, руски и словенечки, а во најава е и превод на грчки јазик. Таа е најмлада добитничка на книжевната стипендија Writer of the City of Graz (Писател на градот Грац) за 2020/21 година доделена од градот Грац.

Зоран Певец

Д-р Зоран Певец (1955), Цеље, Словенија, поет, есеист, уредник, потпретседател на Друштвото на словенечките писатели. Девет поетски збирки. Објавил прирачник за креативно пишување (2006) и монографија за словенечката урбана поезија (2018). Награди: „Витез на поезијата“ (2006), „Времето на бесмртноста“ (2013) за врвен 10-годишен поетски опус во Словенија.

Џерардо Масучо

Џерардо Масучо е роден во Батипаља, педесет милји јужно од Неапол во 1991 година, а растел во соседното Олевано сул Тускано. Откако ги завршил Класичните студии во Еболи, се преселил во Милано во 2010 година, каде дипломирал Авторски права, а потоа и Издаваштво на Универзитетот Бокони. Од 2012 година, тој бил уредник на сериите „Каповерси“ за Бомпиани. Во 2020 година, ја основа издавачката куќа „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција и белетристика. „Утопија“ е италијанскиот издавач на Никанор Пара, Ана Бландијана, Ен Карсон, Ко Ун, Ида Витале, Наџа Мари Аидт и Љубомир Левчев. Неговата поезија е дел од антологии, списанија, посебни веб-страници и некомерцијални памфлети. Неговата прва книга е „Еден човек живеел тука“, која се стекнува со критички и комерцијален успех на национално ниво. Избран за шест книжевни награди, тој е добитник на најважната италијанска наградата за поетски дебитанти – 32-то издание на „Премио Камаиоре“, како и 61-то издание на „Премио Сан Доменикино“ за најдобро поетско издание на годината (издание на шпански јазик се подготвува тековно). Првото дело на Џерардо Масучо е меланхолична и свесна химна за мистеријата на суштествувањето, во постојана рамнотежа помеѓу вознемирувањата на живот, стишувањето на вистината и чудноста на светот. Со еден буден, измерен и препознатлив стил, „Еден човек живеел тука“ е документарен доказ на еден живот обележан од минливоста на врските и љубовта, каде поетот станува сведок за сопствената маргиналност, и со гласот на искупението нуди суштина на сопствениот живот.

Јури Талвет

Јури Талвет е роден во Пјарну, Естонија во 1945 година. Дипломирал на Универзитетот „Тарту“ во 1972 година, а се стекнал со докторат од Универзитетот во Санкт Петербург во 1981 година. Од 1992 до 2020 година бил претседател на програмата за „Светска компаративна книжевност“ на Универзитетот “Тарту”, каде, исто така, бил основач на „Шпански студии“. Денес е почесен професор. Во 2016 година бил избран за член на „Академија Еуропеа“. Има објавено дваесет книги со поезија и есеи на естонски јазик. Преведуван е на други јазици, па така неговата поезија и есеи се преведени на англиски, шпански, француски, италијански, руски, романски, српски, јапонски, каталонски и грчки јазик. Од 1996 година, тој е главен уредник на „Интерлитерарија“, меѓународно списание за компаративна книжевност. Добитник е на естонската Годишна награда за книжевност за неговите есеи во 1986 година, поетската награда „Јухан Лив“ во 1997 година, меморијалната Награда „Ивар Иваск“ во 2002 година, меѓународната почесна Награда за книжевност „Наџи Нааман“ (за животно дело) во 2020 година, како и естонската национална научна награда за Животно дело во 2021 година.

Песна:1953

Песна:ПАТОТ, ПАТОТ!

Жоел Верне

Жоел Верне е роден во Маргерид, мало село на границата помеѓу Горна Лоара и Лозер во Франција. Во седумдесет и петата година од минатиот век почнува да патува низ целиот свет, посебно низ Африка, со подолг престој во Мали. Објавил голем број книги кај издавачите „Летр вив“ (Lettres Vives), „Фата моргана“ (Fata morgana), „Л’ тмп кил фе“ (Le Temps qu’il fait), „Л’Ешампет“ (L’Escampette), „Ла румер либр“ (La Rumeur libre), во кои развива посебен стил меѓу поезијата и патописниот дневник. Во своите книги тој ги слави најмалото и најголемото, блиското и далечното. Престојувал две години во Алепо (Сирија). Веќе дваесетина години живее во едно мало село, не за да се оддалечи од светот, туку да му се доближи. Најнови објавени книги:
Carnets du lent chemin, copeaux (1978-2016), „Белешки од бавниот пат“, Ed. La rumeur libre;
L’oubli est une tache dans le ciel „Заборавот е дамка на небото“, Ed. Fata morgana;
Fatigue éblouissante „Блескав замор“, avec des peintures de Jean-Gilles Badaire, Ed. du Frau;
La nuit n’éteint jamais nos songes „Ноќта никогаш не ги брише нашите соништа“, Ed. Lettres Vives, 2021;
Mon père se promène dans les yeux de ma mère „Татко ми се шета во очите на мајка ми“, Ed. La rumeur libre, 2021;

Песна:1.

Песна:2.

Балаш Салеши

Балаж Селеши (Будимпешта, 1981) е унгарски поет, преведувач, уредник и културен организатор. Тој бил член на одборот на Здружението на млади писатели во Унгарија до 2018 година, кога започнува со работа во Унгарскиот културен центар во Истанбул, Турција, како аташе за култура. Тој ги уредил дебитантските изданија на Здружението од 2011 до 2017 година. Неговата најнова поетска збирка „Поглед во еспресо“(Кафе Мирадор) била објавена во 2019 од издавачката куќа „Симпозион“ од Суботица, на унгарски и англиски јазик. Тој преведува од англиски и турски јазик, а неговите дела се преведени и објавени на романски, турски, англиски, бугарски, српски и хрватски јазик, како и во голем број унгарски книжевни списанија. Тој е организатор на голем број книжевни и културни настани и фестивали од 2009 година.

Сурен Ојунчимег

Сурен Ојунчимег е родена на 7 јули 1955 година во Могод, провинција Булган, Монголија. По професија е јурист и новинар. Претседател на Друштвото на слободни писатели на Монголија. Поетесата С. Ојунчимег напишала преку стотини песни како текстописец на далеку познатите популарни мелодии кои се пеат денес во Монголија. Мотивите на нејзините песни се инспирирани од родната земја и природните убавини на Монголија. Некои од насловите на песните: „Степско семејство“, „Феникс“, „Хан Јаргалант“, „Извор на мислата“, „Невеста“, „Мајчина молба за планета“, „Стражар“, „Венци на Алтајски планини“ итн. С. Ојунчимег зад себе има издадени преку 40-тина поетски книги. Некои од насловите:„Степска мелодија“, „Ремек-дело на чајот“, „Кон сонцето“, „Свеќа за господ“, „Сонцето на божествената земја“, „Во земјата на Златниот Кан“, „Антологија на добрата мисла“, итн. Награди и признанија: Медал по повод 70-годишниот јубилеј на Народната револуција, 1991, Добитник на титула „Најдобар културен работник“, 2000, Поетска Гранд при награда со песната „Извор на мислата“, 2002, Почесен медал на Сојузот на монголскиот синдикат, 2003, Добитник на поетскиот фестивал „Мајка Гоби“, 2004, Добитник на медалот „Аптан Гадас“ (Златна Ѕвезда) 2004, Јубилеен медал по повод 800-годишното празнување на монголската држава, 2006, Медал по повод Денот на независноста, 2011, Медал за особени заслуги во областа културата и уметноста, 2018, Добитник на титулата Заслужен уметник на Монголија, 2021.

Лусила Трапацо

Лусила Трапацо – Касино, Италија. Живее во Цирих, Швајцарија и Њујорк. Студирала германска литература во Италија на Универзитетот „Ла Сапиенца“ во Рим; потоа се стекнува со диплома на постдипломски студии по Технички превод од „Регионалната управа за тренинг“ во Лацио, како и магистратура за Филм и видео на „Американскиот Универзитет“ во Вашингтон. Студирала театар на академијата „Ферсен“ во Рим, со Елизабет Кемп и Џонатан Фокс, а потоа и уметност со Барбара Роуз на АУ и во „Школото за уметност Коркоран“ во Вашингтон. Нејзината поезија е добитник на бројни награди, меѓу кои: поетската Награда „Ла Никија“, Рим 2018, поетската Награда „Исолимпиа“, Неапол 2019, Наградата „И мураци“ во Торино 2019, награда „Кејп Коморин Клуб“ за најдобра песна, Индија 2020, прва награда за „Граѓански и филозофски песни“, 21-вата меѓународната Награда „Чехова есен“, Крим 2021, и златен медал за Наградата за „Најдобар поет“ во Јанан, НР Кина. Нејзините дела се објавени во меѓународни антологии и книжевни списанија во Италија, Сингапур, Аргентина, Северна Македонија, Тунис, Кина, Србија, Индија – а била гостинка на бројни меѓународни поетски фестивали во Северна Македонија, Тунис, Албанија, Србија, Италија, Аргентина, Колумбија, Хрватска, Индија, Крим, и Кина. Нејзините песни се преведени на 13 јазици. Збирките песни на Лусила Трапацо: „Осидијана“, 2018, Волтурниа Едициони, Италија; „На малите светови“, поезија, 2019, Ил легио Едициони, Венеција; „Триесетдена“, хаику со фотографии од Алфио Сако, 2019, Ил секстанте, Рим; „Руселанте“ поезија, 2019, Волтурниа Едициони, Италија. Таа била коуредник на „Во истото море“, антологија на туниска-италијанска антологија, Тунис, 2020; коуредник и преведувач на „Поетски патувања – Гласови на светот“, меѓународна поетска антологија, Италија, 2020; коуредник и коавтор „Поетски патувања се среќаваат со ГАП“, Цирколо летерарарио анастисиано, 2021; Коуредник на „Златни зборови“, повеќејазична поетска антологија, Прогресивно книжевно и културно општество, Индија-Узбекистан, 2021, а била и дел од „Мултиверзум“, ЦД издание за Блу спирал рекордс, кое се заснова врз нивните песни во 2021 година.

Марван Махул

Марван Махул е палестински поет, роден во 1979 година во селото Бокваја, Горна Галилеја, од татко Палестинец и мајка Либанка. Се занимава со инженерство како управен директор на градежна компанија. Објавил неколку дела поезија, проза и драма, вклучително и збирките поезија: „Ловец на нарциси“, „Земја на тажната пасифлора“, „Стихови со песните заборавени со мене“, „Каде е мајка ми“ и „Писмо од последниот човек“. Неговата прва претстава е „Ова не е ковчегот на Ное“. Марван Махул освоил неколку награди и признанија од кои наградата за најдобар драматург на Театарскиот фестивал „Акре“ во 2009 година е за неговата прва претстава. Неговата поезија е објавена ширум светот во арапски изданија, а неколку негови песни беа адаптирани за музички дела. Избори од неговата поезија се преведени на англиски, турски, италијански, германски, француски, хебрејски, ирски, српски и хинди.

Давид Џанони

Давид Џанони е роден во Ница (Франција) на 5 август 1968, во 4:30 изутрина. Било понеделник. Само рекол: „ајде на работа!…“. Убеден дека е Французин до својата 15 година, ја открил Италија кога се преселил во Рим со семејството. Таму открива книжевност, уметност, поезија. Се сели во Брисел во 1987 година, а во 1989 г. го основал мултимедискиот и мултиуметничкиот проект „Маелстром“. Тој бил директор на списанието и збирката „Маелстром“ уште пред да прераснат во издавачка куќа, драматург („Полдерс“ со Клаудио Серугети – Арте/Ртбф), а како коосновач на поетската мрежа „РеЕволуција“ со Лоренс Ферлингети, Антонио Бертоли и Алехандро Жодоровски долго време работи на полето на „помош за бездомните“ во Брисел, како вечерен обучувач и проект-менаџер на „зборовни простори за бездомните“. Во 2007 година, заедно со Антонио Бертоли и Марко Џанони го основаат Меѓународниот поетски фестивал „фиЕстивал“ во Брисел, кој го слави 15-тото издание во 2021 година. Од 2011 година, „фиЕстивал“ прераснува во меѓународен фестивал со разновидна и богата поезија, како и перформанси, а од 2019 година, за концептот и изведбата на фестивалот колегијално се грижи една вистинска уметничка група, во која учествуваат над 20 меѓународни уметници. Од 2007 година, тој е директор на „Куќата на поезијата“ во Амe (Белгија) и на издаваштвото „Л’абре а паролес“. Во декември 2010 година, заедно со групата „Маелстром“, во Брисел ја отвора книжарницата „Маелстром 4 1 4“. Тој е поет, сликар, изведувач и терапевт. Има објавено сценарио за стрип: „Скриеното лице на градот“ со Даниеле Бачи, поезија: „Отворени очи, затворени очи”, „Индиецот од Бретања“, „Вера, знаење и сеќавање“, и книга со приказни „Приказни од Нод“, кои биле објавени од издавачката куќа „Маелстром реЕволуција“. Тој е горд татко на прекрасната ќеркичка Џоја, а оженет е со италијанско-руската уметница Надежда Перети.

Сет Мајклсон

Сет Мајклсон е наградуван поет, преведувач и професор по поезија. Тој има објавено 17 збирки своја поезија на англиски и шпански јазик, потоа преводи на поезија и двојазични антологии на поезија на шпански и англиски јазик. Чест учесник е на поетски фестивали, книжевни саеми и гостува на универзитети ширум светот, при што неговата поезија е преведена на голем број јазици, како што се хинди, италијански, малајалски, српски, словенечки, шпански, тамилски и виетнамски јазик. Добитник е на многу награди и признанија меѓу кои се стипендиите од Фондацијата „Фулбрајт“, Националната фондација за уметност, Фондацијата „Мелон“, Фондацијата „Ленфест“, како и награди од Split This Rock, меѓународни книжевни награди, Патерсоновата награда за поезија и наградата од Здружението за американски студии. Предава поезија на американската хемисфера на Универзитетот „Вашингтон и Ли“ (САД), каде што го основа и води Центарот за поетски истражувања. Како преведувач се фокусира на поезијата на недоволно претставените гласови во Латинска Америка. На пример, ја има објавено првата самостојна збирка поезија на поетеса од народот Мапуче од Аргентина. Исто така, уредник и преведувач е на двојазичната антологија на поезија „Америка која сонува: Гласовите на младите без документи во затворите“. Таму е објавена поезијата настаната во склоп на работилниците кои три години ги водел на шпански јазик во најстрогиот притвор во САД за имигранти деца без придружба и документи. Сите приходи од продажбата се наменети за правна помош за притворените деца без документи. Можете слободно да го контактирате на sethmichelson@gmail.com.

Фиона Сампсон

Фиона Сампсон е водечка британска поетеса и писателка, чии дела се објавени на 38 јазици. Таа е добитник на голем број награди во САД, Индија и Европа, како што е Наградата „Атлас на европската лирика“ за 2020 г. и е лауреат на Наградата „Наим Фрашери“ за 2019 г. Добитник е на орденот Член на редот на британската империја за придонесот во книжевноста од страна на британската кралица во 2017 г.
Фиона Сампсон има издадено вкупно 29 книги од областа на поезијата и книжевната стручна литература. Во периодот од 2005 до 2102 таа е уредник на „Поетри ривју“; исто така, таа е почесен професор по поезија на Универзитетот „Рохемптон“. Таа е член на Одборот на Кралскиот книжевен фонд, член и претставник во Советот на Кралското книжевно друштво, како и член на Здружението за англиски јазик, Асоцијацијата за високо образование и на Фондацијата „Вордсворт“. Други признанија кои ги има добиено ги вклучуваат: Наградата „Њудигејт“, Наградата „Чолмонделеј“, стипендијата „Хоторнден“ и бројни други книжевни награди доделени од организации како што се Советите за уметност на Англија и Велс, Друштвото на автори, Поетското книжевно здружение и Советот за истражување во уметностите и хуманистиката, при што нејзините дела многупати биле дел од изборот за „Книга на годината“.
Фиона Самспон, исто така, има работено како радио, таа е телевизиска и новинска критичарка, либретистка и книжевна преведувачка, добитник е на повеќе меѓународни стипендии за писатели и редовно е член на меѓународни жирија. Вредно е да се спомене дека нејзината осма збирка на поезија, „Дојди“ (2020), беше избрана за Книга на годината од страна на „Фајненшал тајмс“, потоа нејзината книга „Во потрага по Мери Шели“ беше финалист на наградата Biographers’ Club Slightly Foxed Prize, додека, пак, годинава ја објави биографијата „Двонасочно огледало: животот на Елизабет Барет Браунинг“ која беше одлично оценета од критичарите.

Сандра Хубингер (ВЕРСОПОЛИС)

Сандра Хубингер е родена и израснала во Горна Австрија. Студирала Германска филологија и историја на Универзитетот во Салцбург, и Уметност на јазиците на Универзитетот за применета уметност во Виена. Од 2013 година, таа пишува песни, кратки раскази и драми. Нејзините дела се објавени книжевни списанија и антологии (на пример, „Годишник на поезија“). Добитник на трета награда на поетската Награда „Фелкирхер“ во 2013 година и стипендијата „Х.Ц Артман“ која ја доделува градот Салцбург и „Литературхаус Салцбург“ во 2018 година. Учесничка на книжевни фестивали („Меѓународен фестивал на култура и вино“, Кремс, Долна Австрија, 2018, „Поезифестивал Берлин“ 2018). Нејзините песни се преведени на аглински, италијански и француиски јазик. Живее во Виена од 2004 година. Објавени дела: „Некаква тежина и ветар в грб“. Песни, издание „Арт сајенс“, 2016 година; „Ние одиме“. Песни, издание „Кејпер“, 2019 година.

Песна:*

Песна:Бездомност

Глорјана Вебер (ВЕРСОПОЛИС)

Глорјана Вебер (1981) е поетеса, интерпетаторка и духовна истражувачка, која дипломирала политички науки и докторирала книжевни студии на тема „Поезијата – елемент на општествените промени“. Има добиено неколку домашни и меѓународни награди и нејзината поезија е преведена на приближно 30 јазици. Во рамки на својот Институт „ИРИУ“ развила повеќе од 1000 иновативно-експериментални проекти со поезија во Словенија и странство. Авторка е на повеќе поетски збирки, кои се објавени дома и во странство, меѓу нив е и книгата за 500-те акашки мисли за животот на Модроко, Акаша.

Песна:ИЗБОРИ

Песна:ВСЕЛЕНА

Макс Чолек (ВЕРСОПОЛИС)

Макс Чолек живее во Берлин. Дипломирал политички науки на Слободниот универзитет во Берлин во 2012, а се стекнал со докторат на Центарот за истражување антисемитизам на Техничкиот универзитет во Берлин во 2016 година. Тој е основач на Берлинскиот поетски колектив Г13 и на списанието „Јалта – Позиции за еврејската сегашност“. Во 2016 година, тој бил организатор на настанот „Дезинтеграција. Конгрес за современи еврејски позиции“ во театарот „Максим Горки“, Берлин. Следниот настан „Денови на радикална еврејска култура“ се одржал во ноември 2017 година. На настанот било вклучено прикажувањето на неговата прва драма „Селанец со секира“ (во режија на Сапир Хелер). Од 2013 година, Макс Чолек е германскиот куратор за проектот Babelsprech, кој има цел да воспостави меѓунационална мрежа за млади поети кои говорат германски јазик и организира настани во Украина, Холандија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Италија и Лихтенштајн. Тој бил поканет на бројни меѓународни фестивали, а поминал три месеци во Културна академија „Тарабија“ во 2018 година. Тој е коуредник на антологијата Lyrik von Jetzt 3. Babelsprech (Валстејн Верлаг, 2015) и каталогот „Дезинтеграција. Конгрес на современи еврејски позиции“ (Кербер Верлаг, 2017). Неговите книги со стручна литература ги издава Карл Хансер Верлаг, Минхен. Неговите поетски збирки Druckkammern (2012) и Jubeljahre (2015), како и електронската книга A.H.A.S.V.E.R. (2016) се објавени од страна на „Верлагхаус Берлин“.

Грета Амбразаите (ВЕРСОПОЛИС)

Грета Амбразаите (родена во Вилнус, 1993 година) е литванска поетеса, преведувачка и уредничка на книги. Се стекнува со магистратура по Книжевна антропологија и култура на Универзитетот во Вилнус.Нејзината прва поетска збирка „Кршливи нешта“ (Trapūs daiktai) беше објавена во 2018 година. Оваа книга е добитник на Наградата „Млад Јотвингијан“ за најдобра поетска збирка на млад поет, објавена во две години. Оваа книга, исто така, беше избрана на листата на петте „Најдобри книги поезија“ за 2018 година во Литванија и најавена како „Поетска книга на годината“. Во 2019 година, поетесата ја доби Наградата „Млад уметник“, која ја доделува литванското Министерство за култура. Поезијата на Грета Амбразаите е преведена на англиски, латвиски, естонски, полски, германски, шпански, руски, грчки и кинески јазик. Исто така, освен пишувањето поезија, Грета создава музика: нејзиниот музички албум во ло-фај (lo-fi) стил, „Глувче од крв“ (Kraujo pelytė) беше објавен со сценското име kog leval во 2019 година. Нејзината втора збирка поезија со наслов „Адела“ ќе биде објавена во 2022 година.

Борче Панов

Борче Панов е роден во Радовиш, Република Северна Македонија. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје во 1986 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Автор е на 12 поетски книги: „Што виде Чарли Ч од наопаку“ (1991), „Циклонско око“ (1995), „Стоп Чарли“ (2002), „Такт“ (2006), „Стаклена гатанка“ (2008), „Базилика на ракописот“ (2009), „Заумна вечера“ (2012), „Вдах“ (2014), „Човечки тишини“ (2016) „Уханија“ (2017) „Глочка школка“ (2019) и „Соба на моите временски зони“ (2021). Борче Панов е застапен во повеќе антологии во Република Северна Македонија, како и во антологии и зборници во земјите од Балканот и во светот. Неговата поезија е преведена на 25 јазици во светот. На крајот на 2016 година, во Бугарија беше објавен двојазичен избор на неговата поезија на македонски и бугарски јазик „Честички хематит“, а во 2017 година беше објавен превод на неговата книга „Вдах“ на словенечки јазик од издавачката куќа „Маус“ од Марибор. На крајот на 2018 година беше објавен избор од неговата поезија на српски „Бричење балон“ од Друштво на писатели на Србија, а на почетокот на 2019 година беше објавена и неговата книга „Фотостихеза“ на бугарски јазик. Во 2021 година е објавен изборот на песни на Борче Панов на хрватски јазик „Крв што жонглира со осум илјади поетски мисли“, како и избор на негови песни на англиски јазик „Undeground Apple” во престижната издавачка куќа Demer во Холандија. Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и светот. Во 2021 година, Борче Панов ја доби Светската награда за поезија „Сахито“ како прв добитник на наградата во конкуренција на големи современи поети. Во март 2021 година, за книгата „Бричење балон“ – избор на неговата поезија на српски јазик, тој доби значајно признание од светски ранг, Светска награда за поезија Премио Мондијале „Тулиола-Ренато Филипели во Италија“ и уште неколку други. Борче Панов е автор и на алтернативните драмски текстови: „Петто календарско време” (2000), „Градот двојник” (2001), „На сред сокак слепа улица” (2002), „Хомо сапуненс” (2004), „Фатете го месечарот„ (2005), „Поделен од сопствениот нос” (2006) и „Летно кино„ (2007).

Владан Кречковиќ

Владан Кречковиќ е роден во Белград, 1988 година. Дипломирал Новинарство и комуникологија на Факултетот за политички науки на Белградскиот Универзитет. Неговата поезија е објавувана во неколку книжевни списанија: „Градина“, „Кораци“, „Буктиња“ и веб порталите „Астронаут“, „Стране“ и „Афирматор“. Париз, Тексас е неговата прва поетска книга. Покрај поезија, тој пишува проза, а неговиот краток расказ Исчезнатите беше дел од 41. издание на Ракописи – зборник на проза и поезија од млади автори од земјите на поранешна Југославија.
Неговата дебитантска збирка Париз, Тексас, за која ја добива наградата е во издание на Енклава. Во рецензијата за збирката се вели:
“Веќе од самиот наслов на првата збирка песни на Владан Кречковиќ, Париз, Тексас е назначено на кој начин би требало да се читаат песните што се пред нас. Алудирајќи, пред сѐ, на култниот филмски класик на Вим Вендерс, но и на филмот Чанкинг Експрес на ништо помалку култниот Вонг Кар- Ваи, што говорат за тоа колку животот може да биде безволен и без смисла по прекинот на емотивните врски, Владан Кречковиќ на мошне суптилен и непретенциозен начин ја раскажува приказната за разделбите обидувајќи се преку патувањата, гледањето на семејните фотографии, наоѓањето соговорник во странецот што оставил коменар на Youtube, преку непрестајното сеќавање и преиспитување, да најде потпорна точка од која неговиот живот може да продолжи со вообичаениот тек. Оваа книга нуди поинаква перспектива на романтичната загуба без грам патетика и претставува исчекор во просторот на новата чувствителност.”

Марија Дејановиќ

Марија Дејановиќ живее во Загреб, Хрватска и Лариса, Грција. Има објавено 3 збирки поезија. Нејзините книги, песни и драмски текстови се стекнале со бројни хрватски и меѓународни награди. Преведените песни на авторката се објавени на околу 15 светски јазици. Таа е член на хрватското друштво на писатели, хрватскиот ПЕН Центар и Версополис. Таа е еден од уредниците на списанието „Тема“ и асистент-директор на поетскиот фестивал „Тесалија“.

Даниела Андоновска-Трајковска

Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола, Македонија) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна, на Битолскиот книжевен круг (БКК) и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет. Главен уредник е на списанијата „Раст“ (БКК) и „Современи дијалози“ (МНД-Битола), а се занимава и со преведување на уметничка литература (од англиски на македонски и обратно). Има објавено над 100 научни трудови објавени во референтни меѓународни научни списанија, 8 книги поезија: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Матица, Скопје, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, Македонско научно друштво, Битола,2015), „Црна точка“ (Битолски книжевен круг, Битола, 2017), „Стапалки“ (Македонско научно друштво, Битола, 2017), „Три“ (Современост, Скопје, 2019), „Куќа на контрасти“ (Матица, Скопје, 2019), „Електронска крв“ (ЦК„Ацо Караманов“ – Радовиш, 2019), Математичка поезија“ (ЦККС, Скопје, 2020), една прозна книга „Кафе, чај и црвено небо“ (Бран, Струга, 2019), една коавторска песнарка за деца, неколку стручни публикации и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ (2019). Нејзината книга „Електронска крв“ е преведена на арапски јазик од Раед Анис Алјиши и објавена во Обединетите Арапски емирати од реномираната издавачка куќа Рашавен во 2021 и претставена на светскиот саем на книгата во мај 2021 во Абу Даби. Коавтор е на книгата „Dandelion Cadence“ заедно со уште тројца автори која содржи поезија на англиски јазик и е објавена во Калкута, Индија во јули 2021. Нејзината деветта книга поезија на македонски јазик „Пеш по воздушна линија“ (Ми-Ан) е во печат. Добитник е на повеќе награди меѓу кои позначајни се: Празник на липите (ДПМ, 2018), „Крсте Чачански“ за проза за „Кафе, чај и црвено небо“ (2019), Караманов 2019 за поезија (за „Електронска крв“), Македонска книжевна авангарда за „Куќа на контрасти“ (Фондација за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје, 2020), Abduvali Qutbiddin (Узбекистан, 2020), Premio Mondiale “Tulliola- Renato Filippelli” за „Електронска крв“ во Италија (2021), “City of Galateo-Antonio De Ferraris” (Рим, 2021), и највисоката награда за поезија што ја доделува Друштвото на писатели на Македонија „Ацо Шопов“ (ДПМ, 2021). Преведена е на над 40 светски јазици и објавена во реномирани книжевни списанија и антологии во земјата и странство.

Нурие Емрулаи

Нурие Емрулаи е родена во 1992 во Кичево, Република Северна Македонија. Основно и средно образование завршила во родниот град, додека Албански јазик и литература на Филолошки факултет на Тетовскиот Универзитет, каде што и магистрирала. Таа се преставила со нејзината поезија посветена на албанската жена на Изложбата „Девојка, не невеста“, што се одржа во Цирих (Швајцарија), 2018. Истата година беше претставничка на книжевноста во Форумот на литературата CEEC (ЦЕЕЦ), одржана во Нингбо (Кина). Беше избрана во „Поетскиот карван“, кој се одржал низ неколку градови на Северна Македонија во декември 2018 г. Била дел на едицијата „ФемАрт“ 2019, во Косово. Нејзина поезија е застапена во „Македонската антологија“, како и во „Антологијата есперанто“, „Антологијата на албанска поезија во Македонија“. Исто така нејзина поезија е објавена во неколку книжевни списанија во Македонија, Косово, Албанија, како на пример „Екс Либрис“, „ИЛЛЗ“, „Академија“. Таа ќе биде дел од Меѓународниот Фестивал на Полипи во Косово. Добитничка на Националниот центар за книги и читање во делот поезија „Нека љубовта дојде како што ќе биде објавено“. Таа е победничка на програмата READ за 2021 година со престој во Турција. Добитничка е на наградата „Личност на годината“ на Кичево во 2019 година. Досега има објавено две збирки поезија: „За другиот дел на месечината“ (Për gjysmën tjetër të hënës), Тетово 2019 година; „Подземен планински венец“ (Vargmale nën dhé), Онуфри, Тирана 2020 година.

Катица Ќулавкова

Родена во Велес на 11. 12. 1951 година, поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Загреб на тема: Одлики на лириката. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература на ИНАЛКО во Париз. Била претседател на Македонскиот ПЕН-центар. Во есејот Пред поезијата на Катица Ќулавкова, акад. М. Матевски сублимно забележува: Носејќи во себе импресивен квантум на информации, знаења и сознанија од една богата лектира во широк интелектуален и мисловен историско-географски и културен распон, со сигурни фундаменти во естетиката, поетиката и лингвистиката, врз разградениот стандарден јазик, синтакса и структура на песната Катица Ќулавкова не продолжува да урива и брише, туку ја остварува и потврдува својата концепција на лиризмот, својата творечка постапка, своето начело на еден говор на созвучност, на виша речитост во која кореспондираат звукот и значењето…, својата лична и нетипична претстава на светот и човекот. Дела.: Благовести, поезија, 1975; Акт, поезија, 1978; Нашиот согласник, поезија, 1981; Нова пот, поезија, 1984; Фигуративниот говор и македонската поезија, студии, 1984; Невралгични места – Неуралгич на места, двојазично издание, Вршац, поезија, 1986; Стапка и отстапка, огледи и критики, 1987; Дива мисла, поезија, избор, 1989; Жедби, престапни песни, поезија, 1989; Друго време, поетска проза, 1989; Копнеж по систем, студии и критики, 1992; Домино, поезија, 1993; Потход и исход, критики, 1996; Изгон на злото, поезија, 1997; Камен искушител, критики, 1997; Теорија на книжевноста, 1999; Македонскиот есеј, 2000; Меѓусвет, поезија, 2000; Херменевтика и поетика, хрестоматија, 2003.

Јордан Даниловски

Јордан Даниловски е роден во Дебар на 15. 1. 1957 г. Новинар, поет, критичар, есеист
и романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Културната
редакција и бил заменик директор на Македонската телевизија. Член е на ДПМ. Тој е
еден од основачите на сп. Стожер и на книжевната манифестација Празник на липите.
Дела: Голтач на пламен, Скопје, 1982; Движење, простор и време, Скопје, 1984 (поезија);
Внатрешен говор, Скопје, 1986 (поезија); Лудото легло, Скопје 1988 (поема); Множење на
тишината, Скопје, 1989 (поезија); Симона и приказните, Скопје, 1991 (поезија за деца);
Коба, Скопје, 1992 (поезија); Симона е златниче, Скопје, 1992 (поезија за деца); Вев,
Скопје, 1993; Гачки, закачки, Скопје, 1994 (брзозборки); Здрач, Скопје, 1994; Онамона до
Симона, Скопје Гачки, закачки, 1994 (поезија за деца); Книга тма, Скопје, 1996 (поезија);
Лудото легло, Скопје, 1998; Мистик, Скопје, 1999; Вдув, Скопје, 2001 (роман); Александар
Македонски од аголот идеален збор, Скопје, 2001; Книга нави, Скопје, 2002; Книга ом,
Скопје, 2004; Пошепотена, Скопје, 2006 (поезија). Добитник е на наградите „Браќа
Миладиновци“ и „Ацо Шопов“.

Песна:НАРЦИС

Песна:ЈОРДАН

Песна:МЕСИЈА

Песна:ПОЛНОЌ

Песна:АПОКАЛИПСА

Песна:ВОДА БЕСМРТНА

Славе Ѓорѓо Димоски

Роден е во 1959 во Велестово, Охрид. Тој е поет за деца и возрасни, есеист, преведувач.
Основач е на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, а бил и претседател
на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Автор е на повеќе од петнаесет
книги поезија: Гравири (1979), Проект (1982), Студен порив (1985), Последните ракописи
(1988), Спореден пат (1991), Предмети и аргументи (1994), Анабаза (1994), Форми на
страста (1998 и 1999) Темно место (1999), Мерач на зборовите (2007), Поле. Бојно поле?
(2008), Јазичен триптихон (2016), Извештаите на рисот (2017).
Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици.
Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и „Ацо Шопов“, „Браќа
Миладиновци“.

Зоран Анчевски

Поет, универзитетски професор, преведувач, есеист. Има објавено осум поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградено со различни награди во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004), највисоката национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на СВП за Небесна пантомима, како најдобра поетска книга во 2018 година и др.. Исто така има објавено голем број есеи, критички осврти, и студија од доменот на книжевната теорија, За традицијата (2007). Приредил и превел на англиски јазик неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза, а речиси да нема позначаен македонски или англо-американски поет што го не го превел на македонски или на англиски јазик. За неговата преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во бројни и значајни странски списанија и антологии. Неговите Избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје, Р. Македонија.

Веле Смилевски

Bеле Смилевски е роден 1949 година во Ново Село, Демирхисарско. Поет, литературен критичар и есеист. Доктор по филолошки науки. Работи како научен советник вo Институтот за македонска литература и е професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Бил уредник во издавачката куќа „Мисла“ и на списанието „Разгледи“.Автори е на поетските книги: „ Слика што согорува“, „Кафез“, „Диши длабоко“ „Одѕив на здивот“, „Гребнатинки“ и други.

Санде Стојчевски

Роден е во с. Студена Бара, Куманово, на 16. 9. 1948 г. Поет, есеист, литературен критичар, преведувач. Бил новинар, а потоа уредник на Образовната редакција на Радио Скопје, главен уредник и директор на Книгоиздателството Македонска книга, главен уредник на прилепското списание Стремеж и на поновото скопско гласило АКТ. Коавтор е на петтомната едиција Македонската книжевност во книжевната критика (1973). Како поет настојува да ги соедини архаичните (дијалектните) и модерните изразни модели и тоа од првообјавената збирка Кралот на лебедите (1972) до последната Сипкава преѓа е свет (2003). Неговата поезија се реализира низ примената на трите принципи: принципот на архаичноста, принципот на интерполацијата и принципот текст – тест.

Песна:Лорелај

Песна:Абор гора

Песна:Скалд

Ива Дамјановски

Ива Дамјановски – родена е на 09.01.1996 во Скопје, С. Македонија и е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. (2019), класа на проф. Тодор Светиев. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, работејќи на своите пост-дипломски студии на универзитетот „Free University of Bolzano“ во Италија.
Автор е на научната статија „Сценското дело на иднината: современиот перформативен феномен, неговиот развој и комуникација со публиката.“, објавена во четвртото издание на научното списание “Ars Academica” (2016). Автор е и на трудот ELELORP 76: MUSICA NOVA MACEDONICA. Електроакустичната музика во Македонија, нејзиниот развој и карактеристика.“, презентиран во рамки нанаучната конференција на 42-то издание на манифестацијата „Струшка Музичка Есен“, издаден во официјалниот зборник на истото. (2017)
Дел од организацискиот, режиски и изведувачки тим на серијата концерти „No Hay Banda“ посветени на филмската музика, во соработка со Академската Сцена при Факултетот за Драмски Уметности при УКИМ, Скопје (2017- 2019). А, исто така, таа е организатор, режисер и изведувач на концертните проекти „Монохроматика“ (дел од програмата на манифестацијата „Денови на Македонска Музика“, 2018 ) и „Монолози“ (дел од програмата на фестивалот „Златна Лира“, 2018). Моментално работи хонорарно како корепетитор на Факултетот за Музичка Уметност при УКИМ и е дел од експерименталното дуо „Алембик“. Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“ е објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“.
Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата. Нејзината поезија е застапена во ревијата „Рукописи 40“ (2017), како и панорамата „32 македонски поети. Гласови на новиот век.“ (2018, ПНВ Публикации). Учествувала на „Астални Проекции“ и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, Бегемот),како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината поезија е преведувана на српски, грчки, хрватски и словенечки јазик.

Сузана Спасовска

Сузана В. Спасовска е родена 1972 во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а моментално е на докторски студии. Објавила 6 стихозбирки – „И љубов и заговор“, 1996, „Смртно писмо“ 2002, „Божествена жена“ 2006, „Низ темјанот еден лилјан“, 2014, „Пеперутка од пепел“, 2018 и „Јазикот на светлината“, 2020. Во 2002 во Софија излегол еден избор од нејзината поезија на бугарски јазик „Огледала, сбогом“. Во 2006 година ја приредила антологијата на поезија од млади македонски автори „Пурпурни извори“ во издание на Струшките вечери на поезијата. Нејзини песни се застапувани во домашните антологии. Главен уредник е на електронското списание за литература и други уметности „Блесок“. Работи како професионален лектор и предавач по македонски јазик.

Иван Џепароски

Иван (Ивица) Џепароски (9 мај 1958, Скопје) е поет, филозоф, естетичар, критичар и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на дваесет и осум книги, и тоа: на шест поетски книги, на три поетски антологии, на тринаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија и на шест теориско-есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993), „Парадигма“ (2009) и „Браќа Миладиновци“ (2016). Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и е раководител на Институтот по филозофија (2004–2009; 2013–2020), раководител на постдипломските студии на овој институт (2009–2013) и секретар на македонскиот ПЕН-центар (1999–2001; 2008–2014). Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум, Едмунд Берк итн. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесетина странски јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија, Србија, Романија и Косово. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) на албански јазик.  Поетски дела: Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989; Еклоги; Скопје: Македонска книга, 1992; Песни, Скопје: Детска радост, 1998; Волја за мисла, Битола: Микена, 2008; Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012; Светлината на Света Гора, Скопје: Магор, 2015. Поетски антологии: Убави зборови (избор од современата јужнословенска поезија за деца), Скопје: Детска радост, 1994; (трето изд.) Скопје: Просветно дело, 2017; Антологија на солзите (избор и предговор), Скопје: МакеДокс, 2012; Арката на Ное: Поезија и Animalia (избор и предговор), Струга: СВП. Преводи на странски јазици: Сега и тогава (съставителство, превод от македонски език Д. Христов), София – Скопје: Мултипринт – Макавеј, 2006; Will for Thought (Macedonian Literature in English, Vol. 82, Translation from Macedonian Ana Mitoska), Skopje: St.Clement of Ohrid, National and University Library – Skopje, 2011; Sedimente ale istoriei/Layers of History (bilingual poetry edition) Talmaciri din macedoneana de Dumitru M. Ion si Carolina Ilica, Bukuresti: Academia Internaţionalǎ Orient-Occident, 2012; The Light of Mount Athos (Translated from the Macedonian into English by Zoran Ančevski),Struga: Struga Poetry Evenings, 2017; Светлост Свете Горе (превео са македонског на српски Рајко Лукач), Београд: Граматик, 2018; Grabitja e Evropës (përktheu: Shkëlzen Halimi), Prishtinë: Armagedoni, 2020.

Звонко Карановиќ

Звонко Карановиќ (1959, Ниш, Србија) има објавено десет збирки поезија и три романи, како и седум збирки избрани песни во странство.
Добитник е на неколку српски награди за поезија, како и неколку меѓународни книжевни стипендии, меѓу кои и таа на Фондацијата „Хајнрих Бел“, Келн, Германија, 2011.
Застапен е во повеќе домашни и странски антологии на современата српска поезија. Негови песни се преведени на шеснаесет јазици.
Живее во Белград, каде во 2018 ги отвори издавачката куќа PPM Enklava и веб-порталот Enklava кои промовираат добра и поинаква поезија.

Шудип Сен

Помеѓу наградуваните книги на Шудип Сен се вбројуваат: Испратена Индија: Нови и избрани песни (ХарперКолинс), Дожд, Арија (Награда за превод на А.К. Рамануџан), ХарперКолинсова книга на англиската поезија (уредник), Фрактали: Нови и избрани песни / Преводи 1980-2015 (London Magazine Editions) и ЕроТекст (Vintage: Penguin Random House). Во подготовка е и СинАкт: Нови песни и Ексфразис (Меѓународна поетска награда Хорхе Заламеа). Делата на Сен се преведувани на над 25 јазици. Негови дела се објавувани во многу престижни книжевни списанија и весници. Најновите дела на Сен се појавуваат во Ново писмо 15 (Granta), Јазик за новиот век (Norton), Лила: Еротска игра на стихови и уметност (Collins), Индиска љубовна поезија (Knopf/Random House/Everyman), Преку граници (Bloodaxe), и Зачеток: Ново писмо на Оксфорд (Blackwell). Тој е главен уредник на AARK ARTS и уредник на Атлас. Сен е првиот Азијат почестен да говори и чита на Неделата на нобеловци. Владата на Индија го има наградено за посебни заслуги меѓу „истакнатите личности во полето на културата/литературата“.

Јовица Ивановски

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на петнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски јазик. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје.

Вера Чејковска

Македонски поет, физичар, есеист и преведувач. Родена во 1954 г. во Скопје, Република Македонија. Дипломирала физика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, завршила постдипломски студии по физика на внатрешноста на Земјата на Универзитетот во Загреб, се стекнала со титулата доктор на физички науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, почнувајќи од 1980 г. Член на Македонскиот П.Е.Н. центар, на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото на физичарите на Македонија и на Здружението на инженерите по физика на Македонија. Поранешен секретар на Македонскиот П.Е.Н. центар (2006 – 2008 г.). Поранешен член на редакцијата на Ревијата на Македонскиот П.Е.Н. центар (1996 –2000 г.) и нејзин главен уредник (2006 – 2009 г.). Поранешен член на редакцијата на списанието Стожер на Друштвото на писателите на Македонија (1998 – 2000 г., 2002 – 2004 г.). Еден од редакторите на две монографски изданија за Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изворно, на македонски јазик, ги објавила поетските книги: Човек и врата (Скопје, едиција Алфа, 1975 – награда „Млада Струга“–1976); Множење на словото (Скопје, Наша книга, 1986); Опит (Скопје, Македонска книга, 1992 – награда „Кочо Рацин“); Отсуството на Благиот (Скопје, Македонска книга, 1993; избор); Рабови (Скопје, Матица македонска, 2007 – награда „Ацо Шопов“), Отсуството на Благиот II (Битола, Микена, 2008; избор; 78-ми том од 130 тома Македонска книжевност). Избор од нејзината поезија објавен е засебно, во превод на албански јазик: Leximi i dritës (Читање на светлината; Скопје, Бата прес, 2000). Нејзините песни се преведувани и на петнаесетина други јазици и застапувани во антологии и избори на македонската поезија, печатени во Република Македонија и странство.Досега за нејзината поезија се напишани триесетина засебни текстови од дваесетина познати македонски критичари, во коишто истата, од самите почетоци, е оценета како „радикално антитрадиционална во однос на целокупната македонска поезија“ и означувана како „квантна поезија“, „ноезис-и-поиезис“, „поезија на холограми“, „поезија на гатанката“ (Георги Старделов), „нов сензибилитет“ (Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски), „поетика на преустројства“ (Ката Ќулавкова) … Нејзините научни трудови (на македонски или англиски) вклучуваат монографии, статии и енциклопедиски одредници од сеизмологијата. Во домашни списанија, антологии и други изданија објавени се нејзини книжевни есеи и есеи на врската наука–уметност, како и книжевни или научни преводи од англиски, руски, српски или бугарски.

Амир Ор

Амир Ор, роден во Тел Авив во 1956, е автор на десет книги поезија. Најновите книги објавени на хебрејски му се Музејот на времето (2007), Ѕверско срце (2010) и Пророштвата на лудакот (2012). Неговите песни, преведени на повеќе од четириесет јазици, се објавени во антологии, списанија за поезија, како и во дванаесет книги во Европа и САД. Меѓу нив се и Песна и Ден (обете објавени кај Дедалус во ОК, во 2004 односно во 2006 г.); Плочи од музејот на времето (АртАарк, САД, 2009); и изборот на шпански и англиски Чудо/Часови (Урпи, САД, 2011). Ор е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, меѓу кои се и Бернштајовата награда, Фулбрајтова награда за писатели, Премиерската поетска награда Леви Ешкол… Добитник е и на неколку поетски стипендии, меѓу кои и кај Универзитетот на Ајова, Центарот за еврејски-хебрејски студии на универзитетот во Оксфорд, Литературниот колоквиум во Берлин, Фондацијата Хајнрих Бел во Ирска, и во замокот Хауторден во Шкотска. Добитник на златниот венец на поезијата за 2020

Мартина Стракова

Мартина Стракова студирала културолошки науки и дипломирала на Факултетот за уметност на Универзитетот Комениус во Братислава. Подоцна била стипендист на неколку врвни германски универзитети, како и докторска титула по Филозофија. Од 2013 година, таа е ко-организатор на Меѓународниот фестивал на поезијата „Арс Поетика“, каде одржува бесплатна работилница за креативно пишување „Донесете ја вашата песна“, која е отворена за широката јавност како редовен дел од фестивалската програма. Таа е посветена на пишување поезија, бајки за деца, сликарство и уметнички превод од германски на англиски јазик и обратно. Дебитирала со својата поетска колекција наречена „Разгледници од невидливи места“ (Похјаднице z neviditeľných miest, Арс Поетика, 2019). Живее и работи во Братислава.

Георги Господинов

Георги Господинов (1968), еден од најмногу преведуваните и наградуваните бугарски автори. Своето книжевно деби го има во деведесеттите години со поетските збирки „Лапидариум“ (1992, награда „Саут Спринг“) и „Црешата на луѓето“ (1996, издадена во неколку изданија до денес). Неговите следни поетски збирки се „Писма до Гаустин“, антологиската збирка „Балади и болести“ и најскорешната „Каде што не сме“ (2016, награда „Квил“ за поезија). Неговите песни се застапени во голем број европски и светски антологии, а неговата поезија е објавена во Германија, Македонија, Романија, Чешка, Португалија… Романот „Природен роман“ на Господинов е објавен на над 20 јазици низ светот. Неговиот втор роман „Физиката на жалта“ е добитник на книжевната награда „Јан Михалски“, централно европската награда „Ангелус“, а бил финалист за шест меѓународни награди во Европа и Америка, како „Премио Стрега Еуропео“, „Хаус дер културен дер велт преис“ од Берлин, и наградата за превод од американскиот ПЕН. Романот добил пофалби од „Њујоркер“, „Дие Зеит“, „Либерејшн“ итн. Делото „Свадби на животни и нешта“, е книга за деца напишана и илустрирана заедно со неговата ќерка Раја, објавена во 2015 година. „Слепиот Вајша“ е краток анимиран филм (режија Тео Ушев) базиран врз кратка приказна од книгата на Господинов „И други приказни“, која беше номинирана за Оскар во 2017. Во 2017-2018 Господинов бил добитник на стипендија од „Њујоршката јавна библиотека“ во Центарот Кулман.

Богомил Ѓузел

Роден е во Чачак, Србија, 1939 година. Поет, раскажувач, драмски писател, есеист, преведувач. Завршил студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги превел делата на Шекспир, В. Х. Оден и Т.С. Елиот. Во 1994 год станува прв претседател (и еден од основачите) на здружението на Независните писатели на Македонија, како и долгогодишен главен уредник на нивното списание “Наше писмо”. Во повеќе наврати ја извршувал улогата на член на Советот на СВП, директор на СВП, а беше актуелен член на Советот за Златен венец. Добитник е на угледните награди на Меѓународните поетски средби во Загреб, во 2002 год. и “Босански стеќак” на Сараевските денови на поезијата 2018. Дела: „Медовина“ (1962), „Алхемиска ружа“ (1963), „Мироносци“ (1965), „Одисеј во пеколот“ (1969), „Бунар во времето“ (1972), „Тркало на годината“ (1977), „Стварноста е сѐ“ (1980), „Опсада“, (1981), „Празен простор“ (1982), „Мрак и млеко“ (1986), „Рушејќи го ѕидот“ (1989), „Одбрани песни“ (1991), „Гол живот“ (1994), „Хаос“ (1998), „Она“ (2000); есеи: „Историјата како маштеа“ (1969); проза: „Куќа цел свет“ (1975), „Митостории“ (три драми) (1982), „Легенди“ (1984), „Одбрана поезија“ (1962-2002), (2002), „Опстанок”,(2003), „Песочник”, (2008), „Остров на копно“ (2008) Собрани дела во 7 тома.

Џон Јау

Џон Јау има објавено голем број книги поезија, белетристика и критика. Неговите најнови публикации ги вклучуваат збирката песни „Бижу во темнината“ (2018) и книгата со есеи „Странски звуци или звуци странски“ (2020). Најновите монографии ги вклучуваат „Филип Тааф“ (2018), „Томас Нозковски“ (2017) и „Катерина Марфи“ (2016). Исто така, тој има напишано монографии за Вилфредо Лам, Џоан Мичел, А. Р. Пенк, Џаспер Џонс и Енди Ворхол. Пишувал есеи за голем број музејски публикации и каталози, а објавил и две збирки есеи „Страствениот набљудувач“ (2006) и „Дивите чеда на Вилијам Блејк“ (2017). Во 1999 г. ја основал „Блек сквер едишнс“, мала издавачка куќа посветена на поезијата, белетристиката, преводите и критиката. Тој бил уметнички уредник на „Бруклин реил“ (2007 – 2011) пред да го кооснова онлајн-списанието „Хипералергичен викенд“, каде прави осврти на уметноста, литературата и филмот. Добитник е на бројни награди и стипендии, на пример: од Меморијалната фондација „Џон Гугенхајм“, Националниот фонд за уметност, Академијата на американски поети, Фондацијата за уметност од Њујорк, Фондацијата „Инграм Мерил“ и Фондацијата „Џенерал електрик“. Во 2018, тој е добитник на Наградата за поезија „Џексон“. Именуван е за Шевалиер со Орден за уметност и писма од Владата на Франција. Тој е професор по критички студии во Школата за уметност „Масон Грос“ (Универзитет „Ратгерс“) и живее во Њујорк.

Ариел Шпиглер

Ариел Шпиглер – родена во Сао Паоло во 1986 година. Студирала филозофија на Универзитетот „Сорбона“. Во 2011 година таа успешно го положила тестот на Француската јавна служба, и неколку години предавала филозофија. Дала отказ со цел да се посвети на пишувањето. Пее во барови и понекогаш работи за најразлични издавачки куќи. Во 2016 година, започнала да ги издава нејзините песни во најразлични списанија каде наидува и на поддршка од критичарите. За „Дешарж“, Клод Верси пишува: „Се чини дека таа одново ја открила тајната на нештата кои се цврсти и лесни, духовни и емоционални, кои Пјерот и Колумбина си ги шепотеле еден на друг, во галантните сцени на Пол Верлен… Овие тажни куплети, се чини, го добиле вниманието од многумина.“ (Клод Верси, „Дешарж“, „Зима, зачувани песни“). Во јануари 2017 година, таа ја објавува нејзината прва збирка „Ова е причината поради која младите девојки ве сакаат“ („Едитионс де Корелвур“), која доби пофалби во медиумите, особено од „Ле монде“, „Ле матрикул де Ангес“, „Телерама“, „Либератион“ и „Лахуманите“. Во „Ситадиус“, Патрик Кечичиан пишува: „Што ако невидливото не е далеку, доволно далеку од нас – туку дефинитивно меѓу нас, блиску до нас, скоро? (….) Зачудувачките песни од првата збирка на Ариел Шпиглер истовремено се контрадикција и зачувување на оваа разделба. Песните, како, на пример, последните восхитувачки три песни, често се кратки. И подолгите се издвојуваат. Што ако повисоката форма на мирот е чекор, или танц?“ Во „Лахуманите“, Никола Дутент забележува: „Има здив во овие песни, со чувство на елегија и ораторство.“ Во ноември 2017 година, „Ова е причината поради која младите девојки ве сакаат“ била добитник на Наградата „Гијом Аполинер“. Нејзината втора книга излегла од печат во 2019 година, како дел од белата колекција на „Галмард“. „Некои ѕвезди“ е ситна публикација напишана конкретно за Версополис. Таа ги проткајува заедно светот на песната, приказната на акробатите и молитвата“.

Ален Брлек

Ален Брлек (1988, Загреб, Хрватска), добитник на Наградата „На врх језика“ за неговата прва поетска збирка „Метакморфози“ (2014). Неговата втора поетска збирка „Пратишина“, била објавена во Србија, од издаваштвото „Контраст“ во 2017. Неговата трета книга, „Санг“, објавена во 2019 година во ХДП, Хрватска, била добитник на Наградата „Кирин“ за најдобра поетска збирка таа година. Книгите можат да се читаат како трилогија на телото, умот и душата.Неговите песни се преведени на повеќе јазици и се објавени во бројни публикации; а од неодамна може да се најдат во изборот на хрватска поезија „Работа на страницата“ на Марко Погачар.

Халил Матоши

Роден е во Дардана, Косово, на 24 февруари 1961 година, а студирал филозофија и социологија на Универзитетот во Приштина. Земен како заложник на српските безбедносни сили на 21.05.1999 година, тој поминал скоро една година во затворите во Липљан (Косово) и Пожаревац (Србија). Пишува поезија, раскази и есеи. Автор е на книгите: Frymë varresh në dallgore („Дух на гробови во бранови“), поезија, Bota e re 1988 година; Udhëtim nëpër ëndërr të keqe („Патување низ лош сон“), мешана книга, поезија, раскази, литературни скици), 1994 година; Lajmësi memec („Глувиот гласник“), раскази, 1996 година; Udhëtim nëpër zhgjëndërr të keqe („Патување низ злобната јава“ , воен дневник и есеи, 2000; Hija e Krishtit („Сенката на Христос“), поезија, 2004 година; Katedralë letre: Qyteti i fundit dhe shtëpia, Saga për Prishtinën, njerëzit e saj dhe tregime tjera („Катедрала од хартија: Последниот град и домот, Сагата на Приштина, нејзините луѓе и другите раскази“, 2011 година (есеи и портрети); и N’zanafillë („В’битието“) поезија, 2013 година.

Салајдин Салиху

Салајдин Салиху е роден во Тетово, Македонија, во 1970 година. Студирал албански јазик и книжевност. Ги објавил следните збирки поезија и кратки раскази: „Си умирам по ситните нешта“ („Аза“, Тетово, 1996), Првата ноќ на совладувањето“ (Книжевен клуб – Тетово 1998), „Пантеон на Утопија (Скопје, 1997), „Траги“ (Флака, 2000), „Чесна лага“ („Прокултура“, 2004), „Зелената ноќ на самоста“ („Серембе“, 2006), „Дигресија“ („Милениум“, 2008). Неговата поезија е присутна во неколку антологии и била преведена на англиски, француски, италијански, македонски и други јазици.

Николина Андова Шопова

Николина Андова Шопова е родена на 1978 година во Скопје. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Објавувала поезија и хаику во повеќе списанија. Во 2013-та година ја објавува првата поетска книга, „Влезот е од другата страна“ (издание на „Темплум“), за која ја добива наградата „Мостови на Струга“ од СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Истата е објавена и на англиски јазик. Во 2014-та ја објавува својата втора поетска книга, „Поврзи ги точките“ („Темплум“).

Лулзим Хазири

Лулзим Хазири роден 1962 год., Гостивар, Македонија.
Објавени книги со поезија: „Песната се раѓа во самотија“ (Kënga lind në vetmi), Рилиндја, 1989 год., „Кога вратите се отвораат со ѕвона“ (Kur dyert hapen me zile), Ватра, 1995 год., „Излез од Сафари“ (Dalja nga Safari), Брези 9, 2005 год., „Самотија обесена како број на порта“ (Vetmi e varur si numër në portë), Логос-А, 2015 год. Објавени книги со есеи и колумни: Албански рокенрол! (Rokenrolli shqiptar!), Шкупи, 2000 год., Црно и бело (Bardhë e zi), Носити Ш, 2010 год. Преведени книги: „Кога љубовта се троши како креда“ (превод на песни на македонски јазик), ГОТЕН, 2017 год. Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Има објавено и неколку раскази. Активен во полето на заштита на човековите права.

Никола Маџиров

Никола Маџиров (27. 10. 1973 год. во Струмица) – македонски поет, есеист и преведувач. Дела: „Заклучени во градот“ (поезија, 1999), „Некаде никаде“ (поезија, 1999), „Асфалт, но небо“ (поезија, 2003), „Преместен камен“ (поезија, 2007). Добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Координатор е за Македонија на меѓународната поетска мрежа Лѕриклине. Бил учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии (Интернационал Њритинг Програм от Университѕ од Иоња; Куилтур Контакт ин Виенна; Интернатионалес Хаус дер Ауторен Граз; Литереатур Хаус НÖ).

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски (1974) e поет, раскажувач, книжевен теоретичар, преведувач.  Работи како доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет, а докторирал на Универзитетот Париз 3 –  Нова Сорбона. Автор е на книгите: „Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“ (студија, 2003), „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Споредбени триптиси“ (студии и есеи, 2007), „Les Musées imaginaires“, (студија, 2009), „Ехо од бранови“ (хаибуни, 2009), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (студија, 2009) и „Квартети“ (поезија, 2010). Ги приредил книгите: „Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности, тематски избор од македонската поезија“  (заедно со Нухи Винца, 2006) и „Метаморфози и метатекстови“ (заедно со Весна Томовска, 2008). Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година, како  и на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2010 година.

Тадеуш Домбровски

Тадеуш Домбровски– роден во 1979 година. Поет, есеист, критичар. Уредник на двомесечното списание „Топос“. Неговите дела биле објавувани во многу списанија во Полска и странство, како „Њујоркер“, „Парис ривју“, „Бостон ривју“, „Агни“, „Американ поетри ривју“, „Тин хаус“, „Харвард ривју“, „Крејзихорс“, „Поетри дејли“, „Поетри ривју“, „Поетри Лондон“, „Акцент“, „Шпрасе им тенишен Зеиталер“, „Син и Форм“, и „Манускрипт“ помеѓу останатите. Добитник е на стипендии доделени од Фондацијата „Ландис и Гир“ (Швајцарија, 2019), „Литературхаус Цирих“ (Швајцарија, 2016), „Јадо“ (САД 2015), Меѓународниот центар за уметност „Оми“ (САД, 2013), „Студиски центар Вермонт“ (САД, 2011), „Литератур Лана“ (2011), „Интернатионел хаус дер ауторен“, Грац (2008), стипендии од Министерство за култура на Полска (2007, 2010), „Литерариш колоквиум Берлин“ (2006, 2012), и Балтичкиот центар за писатели и преведувачи (Визби, 2004, 2010).  Тој е добитник на многу награди, меѓу кои се вбројуваат: Наградата „Хорст Биенек“ (2014), Наградата „Кошчиелски“ (2009), Книжевната награда на главниот град Варшава (2014), Наградата „Хуберт Бурда“ (2008), и од Тадеуш Ружевиќ, Наградата од Фондацијата за полска култура (2006). Тој бил номиниран за „Најки“, најпрестижната книжевна награда во Полска (2010). Неговите дела се преведени на 30 јазици. Автор е на осум збирки поезија на мајчиниот полски јазик, од кои најскорешната, „Драсканица“ беше објавена во 2020. Живее во Гдањск, на балтичкиот брег на Полска.

Песна:Реченица

Мангалеш Дабрал

Мангалеш Дабрал е роден во 1948 во округот Техри Гарвал во Хималајскиот Регион. Возрасниот живот го поминал како уредник за култура во најразлични весници од Делхи. Неговите книги вклучуваат шест збирки поезија, именувани „Фенер на планината“ (1981), „Патот дома“ (1981), „Она што го гледаме“ (1995), „И гласот е место“ (2000), „Непријател во новата ера“ (2014) и „Меморијата е друго време“ (2020); две збирки книжевни есеи и социо-културолошки коментари со наслов „Лебот на писателот“ (1998) и „Самотијата на поетот“ (2008), два патеписни романи „Еднаш, Ајова“ и „Пат и место“ (2020), како и книга со разговори „Подизјави“ (2014). Тој бил член на Меѓународната програма за писатели на Универзитетот „Ајова“ во 1991. Бил учесник на Меѓународниот поетски фестивал во Ротердам, Холандија во 2008, и на Меѓународниот поетски фестивал „Сабад“ во Њу Делхи во 2014. Читал на поетски собири во Бугарија, Чехословачка, Непал, Маврициус, Јапонија, Русија и најразлични градови во Германија, како, на пример, Саемот на книга во Франкфурт во 2006. Тој ги има преведено на хинду јазик песните на Неруда, Брехт, Карденал, Рицос, Рожевич, Херберт и други. Добитник е на бројни награди, како „Шамсер Саман“ (1995), „Пахал Саман“ (1998), „Сахитја академска награда“ (2000), „Дели хинду академи сатикар саман“ (2001) и Наградата „Кумар Викал Смрити“ (2008). Песните на Дабрал се преведени и објавени на сите поголеми индиски јазици, како и на руски, германски, холандски, шпански, француски, италијански, јапонски, полски, бугарски, португалски и српски. Биле вклучени во многу антологии, како: „Периплус“, Преживување“, „Гестови“, итн.

Мајо Даниловиќ

Мајо Даниловиќ – роден во 1955. Дипломирал политички науки. Работи како графички дизајнер и живее во Белград. Пишува поезија и проза како независен писател. Член е на Академијата на писатели од Србија и на Светската академија за поезија од Верона. Координатор е на Светската академија за поезија за словенските земји. Од 2008 има објавено голем број книжевни збирки, алманаси и списанија. Неговите дела се преведени на бугарски, италијански, македонски, словенечки и полски. Член е на неколку книжевни клубови и асоцијации. Тој е главен уредник на поетскиот концепт „Поезија Стенка“ од Белград. Неговите песни и приказни се стекнале со голем број признанија, а тој е добитник на „Раваниќанин“ Српска спиритуална академија – Параќин, како и наградата за животно дело.

Шагдар Лхамноржмаа

Шагдар Лхамноржмаа – поетеса од Монголија. Добитничка на престижната поетска Награда „Болор цом“ на Друштвото на писателите на Монголија (2007). Добитничка на награда на Поетскиот фестивал „Алтан Уд“ за најдобар автор во 2008 година. Лауреат на престижната државна награда „Медал Алтан Гадас“ во 2008 година. Победничка на годишната награда на Друштвото на писателите на Монголија во 2009 година.
Родена е во Чулуут сум, во областа Архангаи, Монголија, во 1976 година. Со основно и средно образование се стекнала во родното место. Дипломирала на Институтот за литература и социолошки студии на Монголскиот државен универзитет „МУИС“ во 2000 година. Од 2001 до 2005 била одговорен уредник на неделникот Centuries News, Улан Батор, Монголија. Од 2006 работи како главен одговорен уредник на весникот „Нигуулсел“, Улан Батор, Монголија.
Авторка е на следните поетски збирки и мултимедијални претстави: „Тајниот љубовник“ (2002), „Родна земја“ (2004), „Времето е мој љубовник“ (2006), „Скокот на срцето“ (2007), „Глобален мир“ (2009), „Симфониска-поетска изведба (Вашата креација)“ (2009). Ги има издадено поетските албуми „Гингоо“, „Мајката Есен“ и „Вонвременска љубов“ (2018).

Бетсимар Сепулведа

Бетсимар Сепулведа – Рубио, Тачира, Венецуела, 1974. Поетеса, критичарка и фотографка. Родена е во Венецуела, а живее во Кали, Колумбија од 2007 година. Има објавено четири книги, а дел од нејзиното творештво е застапено во антологии објавени во Колумбија, Перу и Шпанија. Нејзините дела делумно се преведени на англиски, португалски, италијански и арапски јазик. Нејзиното творештво е фокусирано на обновата на колективната меморија почнувајќи од сликата и креативното пишување какви што се хрониката и поезијата. Координатор е на програми за промоција на читањето и творењето на книжевноста со нагласок на обновата на колективната меморија и нематеријалното наследство во академските и неконвенционалните кругови.

Песна:Moре

Јасухиро Јоцумото

Јасухиро Јоцумото – роден во 1959. Поет, романсиер, есеист и преведувач. Има издадено 13 поетски збирки, меѓу кои и „Насмеаната бубачка“ (1991),  „Светскиот конгрес на средовечните“ (2002, Награда „Јамамото Кеничи“), „Попладне на забранети зборови“ (2003, Награда „Хагивара Сакутаро“), „Затвореник на Јапонците“ (2012, Награда „Ајукава Нобуо“), „Кап кап монотонија, неумешно, диво“ (2017), и „Роман“ (2017). Во превод на англиски јазик издадени се: „Семејна соба“ и „Песни од Минашита Кириу, Јоцумото Јасухиро и Сох Сакон“ (обете издадени од „Вагабонд прес“). Тој има објавено два романи, „Лажниот поет“ (2015) и „Поетскиот дневник на жлездата простата“ (2018), доследни на класичниот стил на комбинација од стихови и проза. Јасухиро е, исто така, активен во преведувачките води („Поетските дела на хомо сапиенсот“ – антологија на современа поезија од 32 поети во 22 земји, „Дете“ од Симон Армитаж) и книжевната критика („Шунтарологија“, дисертација за поетиката на Шунтаро Таникава, како и собраните есеи „За драгите поети!“).

Агрон Туфа

Агрон Туфа (роден во 1976, Соходол, Дибра, Албанија) – поет, писател и еден од најпознатите членови на албанската книжевна сцена. Го започнал работниот век како рудар на јаглен. Во 1989 бил победник на државен книжевен натпревар со циклус песни кои биле објавени во весникот „Гласот на младината“. По падот на комунизмот во Албанија, работел како селски учител една година, за потоа да биде примен на Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тирана во 1991 со препорака од албанската асоцијација на писатели и уметници. Таму, заедно со други млади поети, ја основале поетската група „E për7shme“. Тој бил одговорен уредник на „Гласот на младината“ од 1992 до 1994. По дипломирањето, студирал книжевност и превод на Институтот Горки во Москва, Русија

Димитар Христов

Димитар Христов е поет, драматург и преведувач. Роден во 1957 година во Благоевград, Бугарија. Пораснал во Софија, каде дипломирал Филолгија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Работел во Друштвото на писателите на Бугарија, бил менаџер на „Софикнига ЕЕОД“, претседател на Канцеларијата за млади писатели. Работи во Министерството за култура. Неговите дела биле наградени со наградата „Владимир Башев“ и наградата на Друштвото на писателите на Бугарија. Бил преведуван на руски, српски, албански, македонски, украински и полски јазик.

Песна:***

Франка Манчинели

Франка Манчинели е авторка на три поетски книги: „Мала круна“ (2007), „Мајчино тесто“ (2013), и „Книшка за транзит“ (2018). Нејзината последна книга е објавена на англиски јазик The Little Book of Passage (The Bitter Oleander Press, Fayetteville, New York, 2018) во превод на Џон Тејлор. Во 2019 истиот издавач ги објавува и преводите на нејзините први две книги, заедно со неколку необјавени песни: At an Hour’s Sleep from Here: Poems (2007 – 2019). Нејзината нова поетска стихозбирка „Сите очи што ги отворив“ ќе излезе годинава од издавачот „Маркос и Маркос“ во Италија.

Песна:***

Просперо Вега

Просперо Вега е роден во Њујорк, и пораснал во Бруклин (Бушвик) во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тој е фотограф, режисер и писател. Неговите дела се објавени во антологијата „Ноќи во Бушвик“, а бил продуцент и режисер на кратки филмови кои биле прикажувани во странство како, на пример, „За една недела“, кој бил прикажан на Лондонскиот филмски фестивал (ВБ) и Филмскиот фестивал „Хавана“ (Куба), филмот „Мојата империја“ прикажан на Филмскиот фестивал „Трибека“ (САД), и филмот „Портите“ прикажан на Бруклинскиот филмски фестивал (САД), од кои последните два филма биле снимени заедно со Тед Цисилски, како и „Фамилијарен одмор“, прикажан на Филмскиот фестивал за латиноамерикански филм во Њујорк (САД). Неговата најнова книга „Момците од Луси“ е неговата прва белетристичка збирка песни. Дејството се случува во Бушвик кон крајот на деведесеттите години од минатиот век и почетокот на двеилјадитите години. Збирката е еден безрезервен приказ на животот во централното градско јадро на Бруклин, по смената на градоначалникот Џулијани. Во моментов, тој работи на документарно-есејски филм кој се снима на 35mm камера за неговото старо соседство и промените кои се случувале од неговото детство, а сега прераснале во тековниот хаотичен социјален и урбан предел.

Песна:КРУГОВИ

Вања Изова-Велева

Вања Изова-Велева е родена во 1972 година. Дипломирала  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на групата македонска книжевност со јужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонска литература, со звање м-р по културологија во книжевноста. Добитничка на следните награди: прва награда на манифестацијата „Празник на липите“, трета награда од „Меѓународното друштво за поезија“ (2005), втора награда на „25-тите Караманови средби“, награда во книгата „Гарави сокак“ на Деветнаесеттата меѓународна средба на поети во 2008, како и општинска награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченицци“ во Струмица, за посебен придонес во областа на културата и образованието во 2015. Нејзината поезија била објавена во голем број списанија на најразлични јазици. Нејзините песни се застапени во голем број поетски и прозни книги, а таа е автор на следните дела: „Вентил во постоењето“ (1993), „Смртта на рибата“ (1995), „Зашиени грла“ (1997), „Правта не зборува“ (2002), „Плач во кутија“ (2007), „Бездна угоре“ (2010), „Неколку легенди за Струма“ (2011) (прозно издание), „Позајмена прашина“ (2013), „Жената и каменот“, (2013) (проза), „Безмалку“, (2015) (избрана поезија) и „Чекор по жица“ (2017). Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, член на интернационалното друштво на поети, член на претседателството на ДПМ 2000-2002 и 2002-2004 година, член на жири комисијата за наградата „Ацо Шопов“ во 2006 и 2008, и член на жири комисијата за наградата „Ацо Караманов“.

Песна:ПАТНИК

Карен Меккарти Вулф

Карен Меккарти Вулф – родена во Лондон, од мајка Англичанка и татко Јамајканец. Нејзината дебитантска збирка „Птичарник за ситни птици“ беше на потесната листа за Наградите „Форвард“ и „Џервуд“. Според „Би-би-си артс“, нејзината втора поетска збирка „Сезонски вознемирувања“ е еден „итар и нијансиран осврт кон природата, миграцијата, градот и она што е свето“, а била напишана кога таа била ангажиран уметник во Националниот поморски музеј. Таа е во моментов постдокторант и ангажиран уметник од програмата „Фулбрајт“ во Институтот за човекови права „Промис“ на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, со цел да истражува како поезијата се комбинира со меѓународното право за да изразува безбеден простор во сложена околина. Нејзините дела се преведени на турски, шведски, италијански и шпански јазик, биле направени во поетски филм, прикажани во лондонското метро и фрлени од хеликоптер врз Вестминстерската палата.

Петар Матовиќ

Петар Матовиќ е роден во 1978 година во Ужице, а дипломирал српска книжевност во Белград. Пишува поезија и есеи, објавува во весници, а застапен е во повеќе антологии во земјата и странство. Песните му се преведени на повеќе јазици: полски, англиски, германски, шведски, француски, италијански, шпански, каталонски, португалски, летонски, галициски, романски, македонски, словенечки, словачки и унгарски. Ги објавил поетските збирки: „Кратки претстави“ (1996), „Куферите на Џим Џармуш“ (2009, преведени изданија: Walizki Jima Jarmusha, Maximum, Krakow, 2011, Les maletes de Jim Jarmusch, La Cantarida, Palma de Mallorca, 2013); „Од каде доаѓаат дабарите“ (2013), „Од среќната република“ (2017) и „Не леб, туку морфиум – избрани песни“ (Загреб, 2019). Добитник е на стипендијата „Гауде Полонија“ (2013) од Министерството за култура на Република Полска, Балтички центар за писатели и преведувачи (Визби, Шведска, 2015), „Традуки“ (Сплит, 2016), „Кулутрконтакт“ (Виена, 2017), и „Q21“ (Виена, 2017). Добитник е на наградите „Треќи трг“ (За „Куферите на Џим Џармуш“) и „Бранко Милковиќ“ за збирката песни „Од среќната република“. Живее во Пожега, Србија.

Анелиса Алева

Анелиса Алева е родена во Рим, каде и живее. Дипломирала руски јазик и книжевност на Универзитетот „Ла Сапиенза“, Рим, во 1980 година. Добитничка е на најразлични стипендии од Министерството за надворешни работи на Италија, во: Брно (1978), Прага (1978-79), Ленинград (1981-82), Варшава (1983), Охрид (1984, 1986). Има објавено девет збирки поезија: „Месеци“ 1996, „Она што доаѓа низ вратата“ 1998, „Писмо во форма на сонет“ 1998, „Ѕвезди и камења“ 1999, „Церемонијален воздух“ 2000, „Наследено злато“ 2002, „Инстинкт и духови“ 2003, „Скршената куќа“ 2010, добитник на Наградата „Сандро Пена“ во 2010 година, „Ликови“ 2018, добитник на Наградата „Виареџио Џиуриа“ во 2019 година. Објавени дела на руски јазик: „Наизуст“, антологија на поезија на италијански и руски јазик, издадена од Издавачката куќа „Пушкински фонд“, Санкт Петербург, 2016 година. Објавени дела на англиски јазик: „Избрани песни“, „Градива едишнс“, САД, со вовед на Паоло Фебраро, 2020 година. Во 2013 година, Алева ја објавува нејзината книга со есеи и мемоари „Спектакл на меморијата“. Таа ја читала својата поезија во Италија и странство, како Њујорк, Џонсон во Вермонт, Сао Паоло во Бразил, Санкт Петербург, Москва, Тбилиси и Батуми во Грузија, Единбург, Луксембург, Букурешт и Пекинг. Во јуни 2002 година била поканета да биде визитинг-писателка на „Студиски центар Вермонт“ во САД. Во јануари 2008 била поканета да помине цел месец во замокот „Хавторнден“, поетско засолниште во Шкотска. Од 2004 до 2007 година, таа предавала на „Ла Сапиенза“, Универзитетот во Рим, на магистерската програма по книжевен превод. Како преведувачка од руски на италијански јазик, меѓу нејзините најважни дела се вбројуваат: целокупното прозно творештво на Пушкин во 1990 година и песните „Љубовни песни и Епиграми“, 2018 година, „Ана Каренина“ (добитник на руско-италијанската награда за „Најдобар италијански превод на дело од Толстој“ во 2010 година), антологија на современи руски поети „Метаморфози“ во 2004 и антологија на 16 современи руски поети „Руски поети денес“, добитник на Наградата „Леричи Леа“ во Москва, 2008 година. Во летото 2010 година, Сергеј Красавин снимил филм во Русија во кој се застапени нејзините песни на италијански и руски јазик, со наслов „Пеј мое“.

Митко Гогов

Mitko Gogov was born on 11 November 1983, in Skopje, Macedonia. He writes poetry, short stories, essays and journal articles. He also writes haiku, senryu, renga and publishes them on the microblogging network twitter. His works have been translated and published in numerous anthologies, poetry books and journals for art and literature in India, Pakistan, the Philippines, China, Taiwan, Egypt, USA, Argentina, Russia, Spain, Italy, the Czech Republic, Romania, Germany, Israel, Mexico, Serbia, Croatia, Albania, Kosovo, Greece, Bulgaria…  He has authored two books: Ice-cold Water, 2011 and Hidden Scripture, 2019 published by the publishing house Antolog. He has won several awards and recognitions including: “Enhalon” presented by the Struga Poetry Evenings; “Angelo La Vecchia” Prize in Sicily, Italy; Prizes at the “Poetic Literary Sparks”; “Poetry Slam” in Prilep; “Struga Waves” in Struga and many more. He is the president of the association for cultural development and protection of the cultural heritage “Context – Strumuca,”; An organizer of the global poetry event “100 Thousand Poets for Change”; A representative of the World Union of Poets and the School of Poetry – Macedonian Delegation; One of the founders of the “Antevo Slovo” and “Antevo Pero” Awards; Editor of strumicaonline.net and reper.net.mk.  He is a conceptual artist and has had several exhibitions, installations, performances, scenography and multimedia projects in Norway, France, Italy, Serbia, Macedonia, Bulgaria… He organizes cultural and art events, collaborates with youth, art, film and theatre festivals. He is a blogger, always open for communication.

Глигор Стојковски

He was born in Volkovija, Gostivar, on 7 August 1952. He is a journalist, editor, poet, publicist. He graduated from the Faculty of Philosophy (South Slavic Literatures) in Skopje. He worked in Nova Makedonija (1976-1999) as a journalist, editor of the Cultural Section and editor of the appendix Lik (1985-1998(, a journalist in Utrinski Vesnik (1999-2001), editor-in-chief (2001-2997) and executive manager of Cultura. He is author of many books fo poetry and popular literature. He has been translated in English, Italian, Romanian, Bulgarian, Serbian and Croatian. Works: Respite in genuine good wishes (1979), Spider (1984), The bottom of the eye (1990), Blood-stained dawns – how Koco Racin was killed (1992), A cold minute (1993), The earth will open itself (1996), Behind the herb-silence (1995), A forgotten eye in the sky (1997), The Drop Lead Water (selection, 2008).

Христо Петрески

Кристофер Мерил

Кристофер Мерил има објавено шест збирки поезија, вклучително и Watch Fire, за која ја добива Наградата за млади поети Lavan од Академијата на американските поети; многу томови на кои бил уредник и преводи; и шест книги публицистика, меѓу нив, Only the Nails Remain: Scenes from the Balkan Wars, Things of the Hidden God: Journey to the Holy Mountain, The Tree of the Doves: Ceremony, Expedition, War и Self-Portrait with Dogwood
Негови дела се преведени на речиси четириесет јазици; неговата новинарска работа и постигнувањата се нашироко познати; почестите што ги добил вклучуваат Chevalier des Arts et des Lettres од Француската влада, бројни награди за превод и стипендии од Фондациите „Џон Симон Гугенхајм Мемориал“ и „Инграм Мерил“.
Како директор на Меѓународната програма за пишување на Универзитетот во Ајова од 2000 година, Мерил извел мисии на културна дипломатија во повеќе од педесет држави.
Бил дел од американската Национална комисија за УНЕСКО од 2011 до 2018 година, а во април 2012 година претседателот Барак Обама го назначил во Националниот совет за општествените науки.

Песна:ГАЗАЛ

Мирослав Демaк

Мирослав Демaк е писател, преведувач и издавач. Роден е на 2 ноември 1948 година во Стара Пазова. Студирал на Филозофскиот факултет при универзитетот „Комениус“ во Братислава. По завршувањето на студиите во Словачка, работел како новинар, уредник на списанието „Nový Život“ (Нов живот), а бил и главен и одговорен уредник на детското списание „Pionieri“(Пионери). Од 1988 до 1993 година би директор на издавачката куќа „Obzor -Tvorba“. Во 1993 година се сели со семејството во Словачка, каде работи како издавач до 2013 година, кога и се пензионира. Демак е автор на следниве стихозбирки: „Од oтворена дланка“ (1974), „Зодијак“ (заедно со Вјазослав Хронец), „Меѓу два огна“ (1977), како и поетскиот избор „Реконструирање на Елсинор“ (2008). Преведувач е на околу дваесет книги од српски, хрватски, македонски, рутениски и германски јазик. Неговите книги се преведени на српски, германски, хрватски, романски и македонски јазик.

Мирослав Биелик

Мирослав Биелик е роден на 15 април 1949 година во Остри Грун, Словачка.
Студирал библиотекарство, педагогија и економија во Банска Бистрица, Братислава и Прага. 
Работел во „Матица Словенска“ како библиограф, бил долгогодишен директор на Словачката народна библиотека и на „Матица Словенска“.
Денес тој е претседател на Друштвото на писателите на Словачка. Објавил повеќе од сто стручни студии од областа на книжевната култура, коавтор е на научното издание во два тома за Р. Сетон-Вотсон и неговиот однос со Чесите и Словаците. Биелик составил или уредувал неколку периодични и монографски изданија. Ги објавил следниве збирки поезија „Времето е тивок гласник на мислата“ (Čas je tichý posol mysle, 2003), „Незначајно движење на стрмната рамнина“ (Nepatrný pohyb po naklonenej rovine, 2005), „На крајот на еден х-век“ (Ku koncu jedného x-ročia, 2009) и „Меланхолија (Melanchólia, 2018). Големо внимание предизвикал неговиот двотомен роман „Венециски Диптих“ (Benátsky diptych)  – „Реалност“ (Skutočnosť, 2007) и „Нереалност“ (Neskutočnosti, 2010).  Во последно време пишува раскази кои се објавуваат во списанието „Словачки погледи“ (Slovenské pohľady).  Неговиот најнов роман е „Калеидоскоп“ (Kaleidoskopis, 2013).

Јоргос Јанопулос

Јоргос Jaнопулос е роден во Атина во 1961 година. Тој е поет, романсиер, есеист и преведувач. Од 1995 година е уредник на културното списание „ЕНЕКЕН“ и на наградувани книги од истоимената едиција. Објавил книги за филозофија, политичка економија, историја, политичка теорија и социологија, есеи за психоанализа, уметност, литература, поезија, романи и приказни. Во списанието „ЕНЕКЕН“ биле претставени стотици грчки и странски мислители, литерати, креатори од областа на политиката и културата. На неговите корици биле објавени дела од значајни грчки и странски уметници. Поетската збирка на Јоргос Јанопулос под наслов Route е објавена во 2000 година, а историскиот роман Тhe Black Book во 2003 година. Во 2010 година е објавена неговата поетска збирка со наслов Summer of Mortals и во 2015 година поетската збирка Words of Death and Love. Words of Death and Love се снимени во придружба на музичари од Солунскиот државен симфониски оркестар и објавени на ЦД. Неговите книги се илустрирани од уметниците Киријакос Лазаридис, Вили Гусиу, Крис Алаверас. Неговите статии, песни и интервјуа се преведени на повеќе јазици и објавувани во странство. Јанопулос го води Културниот центар „ЕНЕКЕН“, каде се одржуваат многу настани, како уметнички изложби, театарски и културни настани и симпозиуми за филозофија, психоанализа, историја, уметност и култура. Јанопулос превел и објавил во „ЕНЕКЕН“ поеми и статии на Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Томислав Османли. Снимил ЦД Poems on Holocaust во придружба на музичари на Солунскиот државен оркестар и џез-музичарот Христос Јерменоглу. Песните ги чита Јанис Фертис, еден од најважните грчки актери, а се заснова на преводи на песни за Холокаустот напишани од прочуени поети.

Азита Гареман

Азита Гареман е иранска поетеса, писателка и преведувачка. Родена е во Масхад во 1962 година и живее во Шведска од 2006 година. Автор е на 18 збирки поезија и романи кои се преведени на персиски шведски и англиски јазик. Во 2013 година ја добила наградата Swedish Pens Prince Wilhelm Award. Руските и украинските преводи на нејзините поеми „Полесна од воздухот“се наградени со „Малиот благородник Лудвид“ на Удмуртијската руска академија во 2014 година. Нејзиниот неодамна издаден избор песни Negative of a group photograph е издадена во Лондон во 2018 година од страна на Bloodaxe Books и е добитник на наградата на англискиот ПЕН центар.

Доника Дабишевци

Доника Дабишевци (1980) е родена во Приштина, Косово. Дипломирала aлбанска книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина, каде што и ги завршила магистерските студии. Со докторски студии продолжува на Катедрата за книжевност на Универзитетот во Тирана, а нејзината докторска дисертација е со наслов „Прозната поезија на албанската книжевност“. Предава на приватен Универзитет во Приштина, а нејзиното професионално искуство е тесно поврзано со медиумите, бидејќи работела во РТК 13 години, а веќе две години управува со „Газета Оберсвер“ и е уредник на оваа новинска страница. Дабишевци издала пет книги: Krizantema të plasura (1996); Imazhe të brishta (2004), Proza e poetizuar – F.Konica, M. Frashëri, E. Koliqi, M. Camaj, M. Hanxhari (2015), Kam meardhë si deka (2015), La tua robinja Romë, (2017.) Таа е член на косовскиот ПЕН центар и Клубот на поети на Косово. Своите студии и дела ги презентирала на десетина конференции и семинари поврзани со албанологијата и новинарството. Нејзината поезија е преведена и објавена на англиски, германски, турски, шведски, романски, бугарски и други јазици.

Моника Херцег

Моника Херцег е родена 1990 година во Сисак, сегашна Хрватска. Студира физика на Одделот за физика на Универзитетот во Риека. Живее во Загреб. Таа е добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2019 година, што ја доделува фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ за најдобра дебитантска книга. Песните ѝ се објавувани во различни списанија и на порталите во Хрватска и во регионот, како и на Третата програма на Хрватското радио. Покрај наградата наградата за дело во ракопис „Горан за млади поети“ од хрватскиот поетски фестивал „Горанова пролет“ (Goranovo proljeće) ја освоила и и втората награда на меѓународниот натпревар за поезија Castello di Duino 2016 и првата награда на регионалниот натпревар за хумористично-сатиричен жанр „Стеван Сремац“ 2017.

Иштван Кемењ

Поет и писател, роден во 1961 година во Будимпешта, Унгарија. Зад себе има неколку книги на унгарски (поеми, романи, есеи), а негови збирки поезија се издадени и во странство на германски, француски, бугарски, шпански, полски и романски јазик. Напишал и два романи: еден од нив е објавен во Виена на германски јазик. Последната негова збирка поеми Nílus („Нил“) е објавен во Будимпешта од издавачката куќа Magvető во 2018 година. Иштван Кемењ е добитник на неколку книжевни награди за неговите поеми, романи и есеи во Унгарија. Тој има 3 деца и живее во Будимпешта

Хава Пинхас-Коен

Хава Пинхас-Коен е поетеса, преведувачка, уредник на поетски збирки и книги за уметноста, професор по креативно пишување и професор по литература. Хава студирала историја на книжевноста и историја на уметноста, и ги завршува своите дипломски и мастер студии при Хебрејскиот универзитет. Денес ја пишува својата докторска теза по книжевност за „Литературите“ на Евреите, на Универзитетот „Бар Илан“, каде има стипендија од претседателот. Од 1989 до 2008 година го уредува „Димуи“, интердисциплинарно списание за литература и уметност што таа го основала, и коешто промовира генерација поети и писатели коишто пишуваат со израелско-еврејска свест, коишто го продолжуваат и прошируваат еврејскиот „канон“. Во 2007 година ја основа „Кисуфим“,конференција во Ерусалим за еврејските писатели и поети, и е нејзин уметнички директор. Хава Пинхас-Коен досега објавила десет книги поезија и книга на дијалози за поезијата и уметноста со поетот Израел Елираз. Нејзиниот препев на песните на Роберт Пински под насловот Kissufim („Копнеж“), уреден од Мајкл Крамер, е објавен од Mishkenot Shaananim Ерусалим, 2013 година. Збирка на нејзините песни препеани на холандски јазик, Door het vlees stroomt het verlangen, е објавена од Amphora Books во 2009 година. Книгата на која соработувала со уметникот Анди Арновиц, Mother’s Prayer Before Dawn, е вклучена во збирката на Конгресната библиотека на САД. Bridging the Divide, збирка нејзини песни преведени на англиски јазик од Шерон Харт-Грин, е објавена од Syracuse University Press во 2015 година. Објавила и антологија на современи словенечки поети на хебрејски јазик под наслов I am burning and I cant stand the Silence, преведена и уредена од неа и Барбара Погачник, а објавена од Hakibutz Hameuchad во 2016 година. Добитник е на различни награди, а нејзините песни се преведени и вклучени во многу антологии низ светот.

Рафаел Солер

Рафаел Солер (Валенсија, Шпанија, 1947) е поет, наградуван романсиер и универзитетски професор, заменик-претседател на Здружението на шпанските писатели (АКЕ). Објавил пет книги поезија: Los sitios interiores (1979), за која ја добил наградата Juan Ramón Jiménez во Шпанија во 1980 година; Maneras de volve (2009), Las cartas quedebía (2011), Ácido almíbar (2014, за која ја добил наградата Crítica Valenciana во Шпанија во 2016 година и No eres nadie hasta que te disparan (2016). Бил канет да чита свои песни во повеќе од петнаесет држави, две од неговите антологии се објавени во Јужна Америка, а некои негови книги се преведени на англиски, француски, италијански, јапонски, унгарски и романски јазик.

Ненад Шапоња

Ненад Шапоња (1964, Нови Сад), e прочуен поет чии стихови се особено препознатливи во современата српска поезија поради нивното стилско усовршување, херметичкиот квалитет и метафизичките увиди.
Шапоња издал голем број книги:
Поезија: Mona Lisa, 1990, Reflections of Illusions, 1993, Obviousness, 1996, The Sea, 1998, Four Poems, 2000, 2001, Sweet Death, 2012, Does the Touch of Your Soul Exist?, 2014, I Seem, Therefore I Am Not, 2017, I Step Down into Silence of the Weight of Rolling Dice, 2019.
Есеи: A Baedeker to Doubt, 1997, Autobiography of Reading, 1999, Experience of Writing, 2001, 2002.
Патопис: Indeed Brussels is Easy to Cover on Foot, 2018.
Неговата поезија е преведена на македонски, романски, албански, англиски, шпански, полски и италијански јазик.

Фарук Шехиќ

Фарук Шехиќ е роден во 1970 година во Бихаќ, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. До почетокот на војната во 1992 година, тој студирал ветеринарна медицина во Загреб. Сепак, тогашниот 22-годишник се приклучува на Армијата на Босна и Херцеговина, во која води единица од 130 мажи. По војната, тој студира литература и започнува да создава свои литературни дела. Неговата втора книга Hit depot (2003) е апсолутен книжевен бестселер во Босна и покрај тоа што е поетска книга. Во оваа книга тој прави скици за неколку главни теми што се јавуваат во неговите подоцнежни дела, како што е повоениот живот на работ на општеството. Неговите поеми се за локалното (и глобалното) чувство на капиталистичкиот начин на живеење, измешано со очајничкиот повоен живот во урнатини, остатоци од мртво општество во Сараево и Босна.

Ирeн Гајрo

Родена во Франција во 1984 година, Ирeн Гајрo е поет, писател, преведувач и академик. Издала четири книги поезија: à distance de souffle, l’air (Éditions du Petit Pois, 2014), Voltes (Al Manar, 2016), Point d’eau (Le Petit Véhicule, 2017) и Téphra (Al Manar, 2019). Во соработка со Кристоф Милески да го превела поетското дело на Дино Кампана. Ирен Гајро, исто така, студира музика. Тој интерес ја доведува до соработка со неколкумина композитори на современа музика. Од 2018 година, таа е асистент по компаративна книжевност на Универзитетот „Сорбона“.

Ана Бландијана

Ана Бландијана, родена во 1942 година во Темишвар, поет, есеист и прозаист, граѓански десничар и речиси легендарен лик во романската култура. Таа е автор на осумнаесет книги поезија, две збирки раскази, седум книги есеи и еден роман, што се преведени на дваесет и шест јазици и групирани во осумдесет книги поезија и проза до денес. Бландијана беше коосновач и претседател на Граѓанската алијанса од 1990 година, независна, неполитичка организација која се бореше за слобода и демократски промени. Исто така, таа повторно го основа и стана претседател на романскиот ПЕН клуб во 1990 година. Под покровителство на Европската заедница, таа го создаде Меморијалот за жртвите на комунизмот (1993), одликуван со етикетата за Европско наследство. Во знак на признание за нејзиниот придонес во европската култура и нејзината храбра борба за човекови права, на Бландијана и е доделено највисокото одликување на Француската Република, Légion d’Honneur („Легија на честа“) (2009) додека американскиот Стејт департмент ја одликуваше со наградата Romanian Women of Courage Award („Храбри Романки“) (2014). Таа има четири титули „почесен доктор“. Меѓу бројните меѓународни награди за литература, Бландијана е сè уште најмладиот добитник на наградата Herder Prize („Хердер“) (Виена, 1982), а ги доби и European Poet of Freedom Prize („Европската награда за поет на слободата“) (Гдањск, 2016) и The Griffin Trust for Excellence in Poetry (Награда од Фондот „Грифин“ за извонредни достигнувања во поезијата) (Торонто, 2017).

Песна:ВРАЌАЊЕ

Мајкл Хофман

Мајкл Хофман е поет и преведувач со германско потекло и британско образование. Тој е автор на две книги есеи и пет книги поеми, од кои најновата е One Lark, One Horse (2019). Меѓу неговите преводи се драмите на Бертолт Брехт и Патрик Зискинд; избраните песни на Дарс Гринбајн и Готфрид Бен; и романите и расказите од, меѓу другите, Франц Кафка; Питер Стам; од неговиот татко, Герт Хофман; и четиринаесет книги од Џозеф Рот. Тој редовно рецензира за London Review of Books и the NewYork Review of Books и предава на Катедрата за англиски јазик на Универзитетот во Флорида.

Песна:ВЕРНОСТ

Карин Де

Родена е во средновековниот град Мехелен, во Белгија (1964) каде станала воспитувачка во градинка. Така таа ги комбинирала двете нејзини страсти: децата и книгите. Нејзината најголема страст била и сѐ уште е пишувањето поезија. За да ги развие своите вештини за пишување, Карин не се плаши да посетува различни курсеви за пишување. Исто така, таа се пријавува на реномиран биенален курс, „Академија на писателите“ (2015-2016 година). Поемите на Карин Де се објавени во широк спектар книжевни списанија и антологии во Белгија и Холандија. Многу од нејзините поеми се избрани на многу поетски конкурси, а голем број од нив се добитници на награди. Таа не се плаши да ги стави своите поеми на сцена, токму напротив.

Песна:ДУШО

Асма Азаизех

Асма Азаизех е поет, новинар и менаџер во културата, a живее во Хаифа.
Добитник е на наградата Young Writer Award доделена од Фондацијата „Ал Катан“ во
2010 година за нејзината прва збирка поезија Liwa (2011, Alahlia). Има објавено две
книги поезија As The Woman From Lod Bore Me (2015, Alahlia, Jordan) и Don’t believe me
if I talk of war (2019, Almutawassit, Milan) која ќе биде објавена годинава и на
холандски јазик од страна на „Уитегевериј Јурген Мас“.
Приредила двојазична антологија на поезија на германски и арапски Unturned stone
(2017, Alahlia). Нејзиниот придонес и учеството може да се најдат во разни списанија,
антологии и фестивали на поезија низ светот.
Нејзините поеми се преведени на англиски, германски, француски, персиски,
шведски, шпански, холандски, црногорски, грчки, италијански и хрватски јазик.
Асма претходно работела како уредник во весници, новинар и презентер во разни ТВ
и радиостаници, но и како наставник по креативно пишување.
Моментално, хонорарно пишува за културни списанија и е уметнички директор на
книжарницата „Фатуш“, како и на фатуш-бар и галерија во Хаифа, која е простор за
музички настапи и визуелна уметност.

Рен Пауел

Рен Пауел е поетеса, преведувачка, драматург, театарски продуцент и уметник ментор. Родена е во Калифорнија, а населена на западниот брег на Норвешка. Рен е член на Здружението на норвешките автори и има објавено шест збирки поезија и повеќе од дваесетина книги преводи, преку класични издавачки куќи. Нејзината шеста стихозбирка, The Elephants Have Been Singing All Along, е објавена во 2017 година. Нејзините песни се преведени и објавени на шест јазици.

Ања Кампман

Ања Кампман е германска поетеса и прозна авторка. Добитник е на наградата MDR- Literaturpreis, како и Wolfgang – Weyrauch-Förderpreis. За нејзиниот прв роман High As The Waters Rise (2018) ја доби наградата Mara-Cassens за најдобро дебитантско дело, како и Lessing-Förderpreis. High Аs The Waters Rise е силно поетско истражување на тагата во глобализираниот свет на работниците на нафтени платформи, а оваа книга е номинирана за Германската книжевна награда. За двете свои книги ја доби и наградата Stadtschreiber of Bergen-Enkheim, а мислењето на жирито за High Аs The Waters Rise е дека тоа не е само роман, туку може да се чита и како долга поема. Нејзини дела се објавени во Akzente, модерна поезија во превод (mpT), Poesia, зборови без граници и др. Нејзината прва збирка поезија е објавена од „Карл Хансер Верлаг“ во 2016 година. Нејзините нови дела вклучуваат перформанси заедно со еден контрабасист. Живее во Лајпциг.

Дамир Шодан

Дамир Шодан (Сплит, 1964) е хрватски поет, наградуван драмски писател и преведувач кој дипломирал англиска книжевност и историја на Универзитетот во Загреб. Објавил неколку збирки поезија, две збирки драми и антологија на современата хрватска „неореалистичка“ поезија. На хрватски превел дела од Чарлс Симиќ, Рејмонд Карвер, Леонард Коен, Чарлс Буковски и Френк О’Хара. Неговата поезија е препеана на дваесетина јазици (вклучувајќи арапски, хебрејски, корејски и кинески). Шодан е еден од уредниците на списанието „Поезија“ на Хрватското друштво на писатели (ХДП) и живее во Хаг, Холандија и во Сплит.

Сана Хартнор

Сана Хартнор e родена во 1986 година, а живее и работи во Малме. Освен што е поет, таа работи и на музички и сценски изведби. Нејзиното деби Hamnen („Пристаништето“) е трагично и хумористично, современо отсликување на новоизградена ексклузивна населба крај морето. Оваа книга зборува за гентрификацијата, за Скандинавија, архитектурата, мов-графитите, за класите, за материјалите што нема да бидат припитомени, за древното море и неговите мрачни длабочини. Во 2015 година Hamnen беше номинирана за наградата Katapult, која Здружението на шведските писатели ја доделува за најдобро дебитантско дело на годината, а во 2017 година Сана Хартнор ја доби наградата Mare Kandre.

Песна:8.

Антон Баев

Антон Баев (1963) е автор на голем број книги од различни жанрови: осум книги поезија, шест романи, две збирки раскази, книга со филозофски фрагменти и две академски монографии. Некои од неговите книги – поезија и романи – се преведени и објавени на германски, англиски, турски и македонски јазик. Има докторат од Институтот за литература при Бугарската академија на науките. Антон Баев е претседател на Управниот одбор на фондацијата „Пловдив ЛИК“, основач и директор на Меѓународниот фестивал на поезијата „Орфеј“, претседател на Друштвото на писателите во Пловдив, Бугарија, и член на Управниот одбор на фондацијата „Општина Пловдив 2019 година“. Основал голем број онлајн-весници, по што следуваат повеќејазичните книжевни веб-страници www.orpheus-plovdiv.eu и www.plovdivlit.com каде ја развива својата кариера како писател, издавач, уредник и колумнист.

Песна:VENI, VIDI, VICI

Џејкоб Поли

Џејкоб Поли е роден во 1975 година, а израснал во Камбрија, северозападна Англија. Неговата четврта збирка песни, Jackself, е добитник на поетската награда T.S. Eliot во 2016 година, а двапати претходно бил во потесниот избор за неа, за неговата прва книга The Brink (2003) и за The Havocs (2012). The Havocs ја добива Geoffrey Faber Memorial Prize, а неговиот прв роман, Talk of the Town (2009), адолесцентска криминалистичка мистерија напишана на нестандарден северноанглиски дијалект, ја добил наградата Somerset Maugham Award. Неговите дела се објавени од „Пикадор“, Обединето Кралство. Jackself од жирито за наградата на T.S. Eliot е опишана како „’огномет‘ од книга; инвентивна, возбудлива и извонредна во имагинативниот опсег и длабочината на чувството“. Како поет на недосегливата и изненадувачката лирика, поезијата на Џејкоб го истражува неговото рурално воспитување, силите на традицијата и историјата и моќта на говорот кога се приближува до песната. Џејкоб ѝ дава централна позиција на заедничката работа во својот креативен живот, специјализирајќи се за уметнички инсталации од големи размери, филмови и перформанси, а во последниот период напишал и извел дела за радио и сцена, вклучувајќи ги Lamanby (2017) и The Blackwood (2018). Двете се адаптации на делови од Jackself, во музичка и тонска постановка на Џон Алдер и емитувани на радио „Би-би-си“. Џејкоб е професор по креативно пишување на Универзитетот во Њукасл и живее со семејството на североисточниот брег. Овој импресивен опус ја афирмира работата на сјајно реализиран поет кој е вклопен со англиската лирска традиција, но, исто така, ја пренесува во нова територија. Неговата прва збирка, Тhe Brink, веднаш го обележа како млад поет што ветува многу, со умешност да го обедини чувството на секојдневието со чувството за нешто надвор од овој свет. Веб-страницата на Џејкоб Поли е на следнава адреса: www.jacobpolley.com.

Песна:ВРАНАТА

Сачид Анандан

К. Сачиданандан е можеби најпреведуваниот од современите индиски поети, со 31 стихозбирка преведени на 19 јазици, вклучувајќи кинески, англиски, ирски, арапски, француски, германски и италијански, како и на најголемите индиски јазици, како тамил, канада, асамски, одиски, бенгалски и хинди. Меѓу неговите седум книги препеани на англиски јазик се: While I Write: New and Selected Poems („Додека пишувам: Нови и избрани поеми“) – Harper-Collins, 2011; Misplaced Objects and Other Poems („Затурени предмети и други поеми“) – Sahitya Akademi, Delhi, 2013; The Missing Rib („Реброто што недостасува“, 2016) и Not Only the Oceans („Не само океаните“, 2018) (Poetrywala, Бомбај). Неговата збирка поеми во оригинал на малајаламски (1965 – 2015) во еден том (DC Books, Котајам, Керала) и збирката препеви во четири тома (Mathrubhumi Books, Каликут, Керала) беа објавени во 2016 година. Неговите избрани есеи во шест тематски тома се издадени од издавачката куќа Mathrubhumi Books. Сачиданандан пишува поезија на малајаламски, јазик од индиската група јазици што се употребува во Керала, и проза и на малајаламски и на англиски јазик и има 24 стихозбирки, покрај многуте избрани и хронолошки збирки, четирите патеписни книги, драмски текст и збирка едночинки, како и многу збирки критички есеи, вклучувајќи тука пет книги за индиската литература оригинално пишувани на англиски јазик. Бил професор по англиски јазик во Керала, директор на Катедрата за превод на ИГНОУ, Секретар на Sahitya Akademi („Сахитја Академи“) и Национален експерт при Индискиот институт за напредни студии „Шимла“.

Кармен Камачо

Кармен Камачо (Алкаудете, Хаен, 1976) покрај поетеса, е и афористичар, книжевен критичар и предавач по креативно пишување. Досега ги објавила следниве наслови: Arrojada (2007), 777 (2007), Minimás (2008, 2009 – II издание), La mujer del tiempo (2011), Campo de fuerza (2008, преиздадена 2018). Letra pequeña (2014), Vuelo domestico (2014), и Zona franca (2016). Las versiones de Eva (2014) е авторска антологија на нејзиното поетско творештво. Исто така, ја објавила и Fuegos de palabras (Fundación José Manuel Lara, 2018), антологија на поетски афоризми на шпански јазик од XX и XXI век. Како антологичар, ги приредила Seré bre / Aforismos poéticos y otras breverías (Универзитет во Севилја, 2015) и 10 poetas jóvenes desde Andalucía, издадена од UNAM (Автономен Универзитет на Мексико) за Меѓународниот саем на книгата во Гвадалахара во 2006 г. Во 2011 година ја добива наградата Premio Iberoamericano Fernando Quiñones. Нејзините дела се преведени на седум јазици и застапена е во релевантни, современи, шпански антологии на поезија и афоризми. Член е на редакцијата на поетската публикација Nayagua (Fundación Centro de Poesía José Hierro) и на годишниот именик на шпанскиот афоризам што го објавува Libros al Albur, Apeadero de Aforistas. Поради нејзиниот длабок интерес за дијалогот меѓу поезијата и уметноста, креирала театарски поетски шоуа и изведувала проекти во соработка со фотографи, сликари, музичари и други уметници.Во 2015 година во соработка со рок-групата „Пони Браво“, ја напишала драматизацијата на Omero, Iliade од Алесандро Барико, чија премиера била во римскиот театар Itálica во Севилја, во која и ја играла улогата на Елена Тројанска. Во моментов работи на шоу за изведбена поезија во соработка со панк-рок музичарот Дого.

Арјан Лека

Арјан Лека, роден во 1966 година, пишува поезија, проза, есеи и литература за деца. Исто така, преведува, најчесто од англиски и италијански јазик. За своите дела Аријан Лека добил книжевни награди од Друштвото на писателите на Албанија (2000, 2002) и од Министерството за култура на Албанија (2005, 2009, 2011). Неговиот расказ „Браќа по сечило“ е објавен во Best European Fiction 2011 (Најдобра европска проза, 2011 година). Арјан Лека е основач на Меѓународниот книжевен фестивал „ПОЕТЕКА“ и уредник на списанието „Поетека“ – партнер на EUROZINE. Неговите дела се преведени на германски, англиски, француски, италијански, шпански, романски, бугарски, српски, македонски и кинески јазик. Арјан Лека има докторат по книжевност. Предава на Универзитетот за уметности во Тирана.

Песна:ДАМКА

Гжегож Квјатковски

Гжегож Квјатковски (1984), поет и музичар, член на психоделичниот пост панк-бенд Trupa Trupa. Објавил шест книги: Przeprawa 2008, Eine Kleine Todesmusik 2009, Osłabić 2010, Radości 2013, Spalanie 2015, Sową 2017 во најдобрата полска издавачка куќа – Biuro Literackie. Преведени му се: на англиски јазик, од Марек Казмиерски – Powinni się nie urodzić / Should Not Have Been Born) и на германски јазик, новата трилогија книги, преведени од Бернхард Хартман. Корисник на стипендијата Artist in Residence (Kulturkontakt, Австрија, 2016), стипендијата на International House of Writers Graz (2015, Австрија), стипендијата Styria-Artist-in-Residence (St.A.i.R.) (2017, Австрија), како и Writers in Residence – Marko Marulić (2017, Хрватска). Гостин на меѓународни книжевни фестивали – Oslo internasjonale poesifestival, Повторна средба на интернационални писатели во Лахти (LIWRE) и Саем на книгата во Вилниус. Неговите песни се објавени во многу книжевни списанија: Modern Poetry in Translation, New Poetry in Translation, Poetry Wales, Lichtungen, Ostragehege. Неговата музика ја рецензираат и емитуваат најголемите светски музички куќи – Rolling Stone, Pitchfork, Chicago Tribune, Newsweek, NPR, BBC и многу други.

Песна:ЖЕТВА

Ана Сантоликвидо

Ана Сантоликвидо е родена во Форенца, во провинцијата Потенца, Италија. Дипломира како филолог по странски јазици при Универзитетот во Бари. Работела како професор по англиски јазик, но и предавала на универзитетот Бари. Ана е поет, писател и есеист и има објавено дваесет и една стихозбирка, една збирка приказни и има уредено бројни антологии. Нејзината драма Крстителот беше поставена на сцената во 1999 година. Таа е преведувач и промовира културни активности. Го основа Меѓународното движење „Жените и поезијата“, на кое е претседател. Нејзината поезија е преведена на дваесет и два јазици. Во 2017 година ѝ беше доделена наградата „Лореа Аполинарис Поетика“ од Папскиот Салезијански Универзитет од Рим.

Миа Леконт

Миа Леконт е италијанска поетеса и писателка од француско потекло.  Меѓу нејзините најнови публикации се: збирките поезија Intanto il tempo (2012) и Almuseo delle relazioni interrotte (2016); збирката раскази Cronache da un’impossibilità (2015) и детската книга Gli spaesati (2019). Нејзините песни се преведени на многу јазици и објавени во Италија и во странство во поетски списанија и антологии; во 2012 година, канадската издавачка куќа Editions Guernica ја објави нејзината двојазична антологија For the Maintenance of Landscape. Таа е креатор и член на Compagnia delle poete (www.compagniadellepoete.com), театарска група составена од странски поети кои живеат во Италија, која изведува претстави сврзани со приматот на јазиците/културите и различните уметнички изрази во поезијата. Миа Леконт е преведувачка од француски јазик, критичарка и уредничка од областа на транснационалната литература, особено во однос на поезијата, на што го посветува есејот Di un poetico altrove. Poesia transnazionale italofona (1960 – 2016) (2018). Таа е уредник на антологиите Ai confini dei verso. Poesia della migrazione in italiano (2006), Sempre ai confini del verso. Dispatri poetici initaliano (2011) и коуредник, заедно со Луиџи Бонафини на A New Map. The Poetry of Migrant Writers in Italy (2011). Таа е член на одборот уредници на двогодишното списание за компаративна поезија Semicerchio и е соработник на италијанското издание на Le Monde Diplomatique. Во 2017 година таа ја создаде Транснационалната книжевна агенција Linguafranca (www.linguafrancaonline.org).

Песна:ВЕНЧАЛНА

Аленка Јовановски

Аленка Јовановски е поетеса, преведувачка, критичарка, есеистка и уредничка.  Докторирала компаративна книжевност и предавала на Филолошкиот факултет во Љубљана и на Факултетот за хуманистички науки во Нова Горица. Од 2011 г. е слободен преведувач и писател. Преведува современа италијанска литература и литература од англиското јазично подрачје. Авторка е на две поетски збирки: „Панталони за Џи“ и „Илјада и осумдесет степени“. Нејзината поезија е препеана на шпански, англиски и полски. Застапена е во антологијата на полски „Жена во обратен портрет“ (12 поетеси од Чешка, Украина и Словенија, 2013) и во американската антологија на словенечката поезија „Мост од гласови“ (2017).

Радован Павловски

Роден е во Ниш, Р. Србија, 23. 11. 1937 година – поет, публицист, патописец и колумнист. Живеел и творел долги години во Загреб, Хрватска (1964- 1982), во Белград, Србија (1982-1985), а од 1985 година живее и твори во Скопје. Дела: поезија: Суша, свадба и селидби (1961), Корабија (1964), Високо пладне (1966), Боемија на природата (1969), Низ проѕирката на мечот (1971), Сонце за кое змијата не знае (1972), Пир (1973), Зрна (1975), Молњи (1978), Стражи (1980), Чума (1984), Клучеви (1986), Марена (1986), Јавач на звукот (1995), Штит (2001), На едно око (2002), Океан во капка (2008), Јас сум време (2009), манифестот Епското на гласање (1960 со Богомил Ѓузел), Манифест на Пoeтcкa Република
Железна Река (1990); Отклучување на патиштата (патопис, 1986). Неговите песни се преведени и објавени на повеќе од 50 јазици и се вклучени во разни антологии на модерната македонска, европска и светска поезија.

Ганцецег Церендамба

Ганцецег Церендамба e монголска поетеса којашто твори под псевдонимот Гегеенхусел. Родена е на 9 јуни 1987 година во Арвајхер, во провинцијата Оворхангај во Монголија. Таа е истакната претставничка на современата монголска поезија и една од водечките имиња од најмладата поетска генерација. Во 2008 година ги завршила студиите на Факултетот за трудови студии, а во 2011 година дипломирала новинарство на Факултетот за радио-телевизиско новинарство. Во 2017 година дипломирала на Институтот за психологија на Државниот универзитет во Улан Батор, а на истиот Институт магистрирала во 2018 година. Работи како психолог во социјалната институција „Деца на Сонцето“ во Улан Батор, Монголија.

Влада Урошевиќ

Роден во Скопје на 17.10. 1934 година. Поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната Академија Маларме во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ. Се јавува како пасиониран истражувач на противречната феноменологија на литературната и на научната фантастика, на митолошките системи на минатото и на денешнината, на ирационализмите од ониричките доживувања присутни во модерниот и постмодерниот поетски и раскажувачки дискурс, почнувајќи од книгата „Мрежа за неуловливото“ (1980), преку „Нишката на Аријадна“ (1985) и „Демони и галаксии“ (1988), па сѐ до „Астролаб“ (2000). Затоа, и како автор израснува во поет и раскажувач на фантастичното, ониричкото, надреалното. Дебитира со стихозбирката „Еден друг град“ (1959). Првиот негов роман го носи насловот „Вкусот на праските“ (1965), а првата негова збирка раскази „Знаци“ (1969). Урошевиќ ја претставува најкомпетентно т.н. трета генерација македонски поети преку антологискиот избор „Црниот бик на летото“ (1963), а потоа и со есеи и критики собрани под наслов „Врсници“ (1971).
ДЕЛА: „Еден друг град“ (поезија, 1959), „Невиделица“ (поезија, 1962), „Вкусот на праските“ (роман, 1965), „Манекен во пејзажот“ (поезија, 1967), „Летен дожд“ (поезија, 1967), „Знаци“ (раскази, 1969), „Врсници“ (критики и есеи, 1971), „Ноќниот пајтон“ (раскази, 1972), „Ѕвездена терезија“ (поезија, 1973), „Нуркачко ѕвоно“ (поезија, 1975), „Сонувачот и празнината“ (поезија, 1979), „Мрежа на неуловливото“ (критики и есеи, 1980), „Лов на еднорози“ (раскази, 1983), „Компасот на сонот“ (поезија, 1984), „Нишката на Аријадна“ (критики и есеи, 1985), „Хипнополис“ (поезија, 1986), „Подземна палата“ (есеи, 1987), „Демони и галаксии“ (студија, 1988), „Панична планета“ (поезија, 1989), „Алдебаран“ (записи и патописи, 1991), „Митската оска на светот“ (критики и есеи, 1993), „Ризиците на занаетот“ (поезија, 1993), „Мојата роднина Емилија“ (роман, 1994), „Паники“ (поезија, 1995), „Дворскиот поет во апарат за летање“ (роман, 1996), „Париски приказни“ (записи и патописи, 1997), „Астролаб“ (критики и есеи, 2000), „Дива лига“ (роман, 2000); антологии: „Француска поезија – 20 век“ (1972), „Црна кула“ (1976), „Современа македонска поезија“ (на српскохрватски јазик, 1978), „Космос в амбар“ (на холандски јазик, 1980), „Кула“ (на узбечки јазик, 1981), „Големата авантура: францускиот надреализам“ (1993), „Шуми под море“ (кратката прозна форма во француската литература, 1994), „Златна книга на француската поезија“ (1996), „Седум француски поети“ (2001), „Избрани дела“ (2004).

Гордана Михаилова Бошнакоска

Гордана Михаилова Бошнакоска родена е во Битола (Македонија) на 1.09.1940 година. Живее во Скопје. Работела како уредник во Македонската Телевизија и студирала на факултетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија (14 книги). За Планини од картонски кутии ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ во 1998 година на „Струшките вечери на поезија“, а за книгата Песна на ридот наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов“. Пишува поезија, проза, литературна критика, есеи за ликовната уметност, и ТВ емисии за литература и уметност. Објавени се преводи на нејзината поезија (англиски, француски, италијански, германски, шпански, српски, словенечки, хрватски, бугарски, албански, грчки и др.) и преводи од проза (чешки, полски, шведски, хрватски и др.). За нејзиното творештво се искажале многу литературни критичари и писатели. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (од 1965 година) и член на Македонскиот Пен Центар (од 1970 година).

Михаил Ренџов

Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар.
Автор е на книгите: Иселеник на огинот (поезија, 1965); Ноќно растење на зборот (поезија,1967); Каде од оваа страна ( поезија, 1968 ); На работ од сонот (поезија, 1972);
Страв (поезија, 1976 ); Полноќ (поезија, 1979); Нерези ( поезија, 1982 ); Аутодафе (поезија, 1985); Феникс (поезија, сонети, 1987); Земја. Потоп (поезија 1991); Сонување патување
(поезија за деца, 1991); Тој (лирска поема 1993); Шпил 33 (поезија, 1994); Вечната, бесконечната (поезија, 1996); Јас оксиморон (поезија, 1998); Ангела сонува (поезија за
деца, 1998); Псалми (поезија, 2000); Апокалипса (драмска поема, 2002); Захариј и други раскази (раскази, 2004); Галичица (поезија, 2007); Расеано собрано (есеи, записи, патописи 2008); Предвесница (поема, 2009); Сонети (поезија, 2010); Ракопис – Душопис (ракописна книга поезија, 2011); Издишки (поезија, 2013); Окарина (поезија, сонети, 2015); Јас.
Елегии (поезија, сонети, 2017).
Добитник е на бројни награди меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за
книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата Тој (1993), „Ацо Шопов “ за книгата Јас Оксиморон (1999), „Рациново признание“ за книгата Захариј и други раскази ( 2004),
Награда „Григор Прличев“ за поемата Предвесница (2009), „Браќа Миладиновци“ за
книгата Јас. Елегии (2017).

Ги Гофет

Ги Гофет е роден во Жамоин, 1947 година во близина на француско-белгиската
граница. Живее и работи во Париз. Поет и прозен писател. Објавил триесетина книги.
Неговите книги се преведени на повеќе од дваесет јазици. Еден избор од неговата
поезија е објавен на македонски (во превод на Љубиша Стојановиќ) во 1992 год. под
наслов Икаровото успение. Tворештвото на Ги Гофет е плодно и составено од бројни
книги поезија, романи, раскази, есеи, драми и две драмски-романсирани биографии
на Верлен. Тој подготвува избори и пишува предговори за различни објави на поети.
Соработувал со енциклопедии, што го збогатило неговото знаење како одличен читател
и поет.
Помеѓу неговите поетски збирки се истакнуваат: Пофалба на една провинциска кујна,
Ветениот живот, Збогум на шумските чистинки, Ситните безначајности чувани за совршени денови.
Од бројните награди кои ги добил за своето творештво, се издвојуваат следниве:
во 1989 година наградата Маларме, во 2001 врвната награда за поезија на Француската
академија, а во 2010 наградата Гонкур за целокупното негово творештво.
Член на Комитетот за читање и рецензирање ракописи на издавачката куќа Галимар.

Песна:БОРХЕС

Песна:I

Песна:II

Песна:III

Песна:IV

Мартин Глаз Серуп

Мартин Глаз Серуп е роден во 1978 во Копенхаген каде живее со својата фамилија. Има објавено десет книги за деца, пет книшки (најскорешна e Места за читање од Канадијан Но Прес (2017)), како и седум збирки поезија, од кои најнова е Римски ноќи (2013), како и долгата песна Полето (2010), која била објавена во САД (2011), Шведска (2012), Финска (2014), Германија (2016) и Мексико (2017). Серуп бил вклучен во уредувањето на книжевните списанија Апаратур, Литлајв, Хведекорн а од 2011 до 2017 бил член на книжевниот колектив Променаден. Добитник е на наградата за поезија „Мајкл Струнг“, а добитник е и на „Златен медал“ од Универзитетот во Копенхаген за неговата дисертација „Релациона поезија“ која била издадена како книга од Универзитетскиот прес на Јужна Данска (2013). Во 2012 бил награден со престижниот тригодишен грант од данскиот Уметнички совет, а во 2015 се стекнува со докторат на Универзитетот во Копенхаген со неговата дисертација „Културолошка меморија и литературата на концептуален сведок“. Предава поетика и креативно пишување на Универзитетот во Копенхаген.

Адам Загајевски

Роден во 1945 година во Лавов (денешна Украина). Пораснал во Гливице, Полска. Во 1963 година се сели во Краков каде студирал на Универзитетот Јагелонија. Во доцните седумдесетти бил активен дисидент и член на опозициското книжевно движење. о 1979 година му била понудена стипендија од меѓународната „Кунстлерпрограм“ и престојувал две години во западен Берлин. Од крајот на 1982 година живеел во Париз. Во 2002 година се враќа во Краков, каде живее и денес. Во Париз бил член на уредничкиот одбор на книжевното списание во прогон „Зесити Литерацки“. Во пролетта 1988 година започнува да предава еден семестар годишно на Програмата за креативно пишување при Универзитетот во Хјустон. Во 2007 станува член на Комитетот за социјална мисла на Универзитетот во Чикаго каде предавал книжевност дел од годината се до 2013 година. Добитник на бројни книжевни награди; покрај другите, добитник на меѓународната книжевна награда „Нојштад“ во 2004 година, меѓународната поетска награда „Жонкунг“ (Пекинг, 2013), наградата „Принцес оф Астуриас“ за книжевност во 2017 година.
Лирска библиографија: Известување (1972); Месарници (1975); Писмо. Ода на мноштвото (1982); Да се патува за Лавов (1985); Платно (1990); Огнена земја (1994); Копнеж (1999); Враќање (2003); Антени (2005); Невидлива рака (2009); Асиметрија (2014).
Проза – Есеи: Не-претставениот свет (коавтор: Јулиан Корнхаузер) (1974); Втора издишка (1978); Солидарност и самотија (1986); Два града (1991); Во туѓата убавина (1998); Одбрана на занесот (2002); Поетот разговара со филозофот (2007); Благо претерување (2011); Поезија за почетници (2017).

Ана Брнардиќ

Ана Брнардиќ е родена во Загреб во 1980. Има објавено четири книги поезија кои добиле неколку престижни хрватски награди за поезија: Пенкалото на некој убиец, 1988; Змиски валцер, 2005; Настанокот на птиците, 2009; Нагорнина, 2015 година.
Нејзините две книги објавени во странство се: Хотел со музичари (Букурешт, Романија, преведена на романски од Димитри М. Јон); Настанокот на птиците (Рамус форлаг, Малме, Шведска, 2016, преведена на шведски од Ѓорѓе Жарковиќ).

Владимир Левчев

Владимир Левчев, роден на 17 октомври 1957 година, во Софија, е бугарски поет и писател. Автор а на 15 книги поезија објавени во Бугарија, пет во Соединетите Американски Држави, една во Македонија, една во Италија, и три романи. Во 1994 година добил „Фулбрајтова стипендија“ и магистрирал креативно пишување на Американскиот универзитет во Вашингтон. За време на неговиот престој во САД, Левчев предавал книжевност и пишување на неколку универзитети. Исто така, преведува поезија и работи како новинар. Левчев е вонреден професор по книжевност и пишување на Американскиот универзитет во Бугарија.

Јозеф Страка

Јозеф Страка е роден на 1 декември 1972 во Јаблонец на Ниса и е автор на две збирки поезија: и…други времиња (Г Тиск, Либерец) и Зошто (ТВАР, Прага), кои биле објавени во деведесеттите, како и четири книги во кои комбинирал поезија и проза: Хотел Бристол (2004), Монс сити (2005), Црква среде маглата (2008) и најскорешната (во септември 2014) Ситни прогони – сите објавени од Черм издаваштво, Прага-Збраслав. Неговите дела се објавени и во бројни книжевни и културни списанија во Чешка и странство, а исто така се преведени на англиски, германски, полски, српски, словенечки, холандски, унгарски, руски, романски и шпански јазик. Во тек е преводот на португалски и француски јазик. Тој бил дел од неколку меѓународни поетски фестивали, како „Трећи трг“ фестивалот во Белград (2008), „Смедеревска поетска есен“ (Србија, 2009) и „Меѓународниот микрофестивал Прага“.

Татев Чакијан

Татев Чакијан е ерменска поетеса, родена 1992 во Ереван, а сега живее во Полска.
По неколку години на колаборативни поетски проекти, во 2016 таа ја објавува првата збирка поезија со наслов неИдентично. Книгата е номинирана за наградата „Европски поет на слободата“ во 2018 година – петто издание на „Книжевната награда на градот Гданск“ и е објавена на полски јазик. Делови од нејзината поезија се преведени на неколку јазици и објавени во меѓународни антологии во Германија, Австрија, Полска, Иран, Русија, Канада, Либан итн. Уметничките активности на Чакијан се преплетуваат со поезијата во форма на мешавина од медиумски уметности, а таа соработува со урбани уметници, режисери и музичари, а самата создава колажи базирани на поезија. Како дипломец на Факултетот за културолошка антропологија на Државниот универзитет во Ереван, нејзиниот академски интерес лежи во урбаната семиотика, „читајќи“ ги градовите како текст.

Џон Матир

Џон Матир е роден во Јужна Африка, но живее во Австралија. Неговите книги се издадени во Јужна Африка, Австралија, Австрија, Португалија, Јапонија, Макао, Суматра и Обединетото Кралство. Неговото најново дело е Неверници, или Маварот, книга за културните остатоци во Иберија и периферијата на Индискиот Океан. Своите дела ги читал на фестивали низ Европа, Азија и Африка, како и на “Free the Word!” (Ослободи го зборот) фестивалот на ПЕН во Лондон. Неговата поезија ги вклучува книгите: Жоао; Празнина: Азиски песни 1998-2012; Неверници, или „Маварот“; Јужни варвари; Западот: Австралиски песни 1989-2009. Неговата проза ги вклучува книгите: Тивкиот роб: Историја во осум епизоди; Пештерата на Семар: Индонезиски дневник.

Миле Стојиќ

Миле Стојиќ е роден во Драгиќина (Босна и Херцеговина) во 1955 година. Тој е поет, есеист, аналитичар и новинар. Студиите по јужнословенски книжевности и јазици ги завршил на Филозофскиот факултет во Сараево. До 1992 година живеел и работел во Сараево како писател и уредник на книжевни публикации. Потоа предавал јужнословенска книжевност како лектор на Виенскиот универзитет.
Објавил четиринаесет книги поезија и осум книги проза и есеистика. Неговите книги се преведени на неколку јазици, а неговите песни се застапени во сите релевантни антологии на современа босанскохерцеговачка и хрватска книжевност. Добитник е на бројни книжевни награди. Член е на Друштвото на писатели на БиХ, Друштвото на писатели на Хрватска и ПЕН клубот. Моментално работи како уредник за книжевност во Радио Босна и Херцеговина

Данаја Сиозиу

Данаја Сиозиу е родена во 1987 и израснала во Карлсруе, Германија и Кардица, Грција. Дипломирала англиска книжевност на Универзитетот во Атина, магистрирала културен менаџмент на Универзитетот Пантеон, а втората магистратура по европска историја ја стекнува на Универзитетот во Атина. Нејзините песни, статии и преводи се објавени во многу списанија и весници (Тефлон, Политики, е-поема, Букс журнал, Трака и Бруклин реил се само дел). Нејзините песни се преведени на шест јазици (англиски, германски, француски, шпански, каталонски, хрватски). Добитничка е на наградата „Џанис Варверис“ за млади писатели, а била и во најтесен избор за наградите „Анагоностис“ за млади писатели и „Жена на годината“.

Ермир Ника

Ермир Ника (1978, Тирана) има објавено критички статии за уметноста и книжевноста во дневниот печат. Учествувал на неколку меѓународни научни конференции, каде говорел за познати автори и за феномените кои се појавуваат низ традиционалната и современата книжевност. Во 2006, на меѓународниот книжевен симпозиум „Кадаре, универзализам и балканизам“, добива медал како еден од организаторите на овој симпозиум како и за неговата порака „Универзалноста во делата на Кадаре“. Во претходните години, тој учествувал на најразлични меѓународни и домашни конференции и објавил повеќе истражувачки статии. Неговата поезија и дел од неговите дела се објавени и преведени во различни културни весници и списанија на англиски, француски, јапонски, романски, грчки, арапски, српски, хрватски и италијански јазик. Целокупното негово книжевно творештво отсекогаш било интересно и ценето од критичарите поради стилот, литературниот профил и оригиналноста на неговите дела.

Мариса Мартинес Персико

Мариса Мартинес Персико (Буенос Аирес, 1978) е аргентинско-шпанска поетеса која живее во Италија од 2010 година. Докторирала шпанска и латиноамериканска книжевност на Универзитетот Саламанка, дипломирала книжевност на Универзитетот во Буенос Аирес. Таа е професорка по шпански јазик, преведување и книжевност при универзитетите Масерата и Џулиемо Маркони. Има објавено пет книги поезија: Гласовите на лисјата (Аргентина, 1998), Поетска амбуланта (Аргентина, 2003), Тапите листови (Аргентина, 2004), Единствената врата беше вашата (Шпанија, 2015) и Небото во загради (Шпанија, 2017). Добитничка е на книжевни и академски награди како наградата што ја доделува УНЕСКО за „Есеј за кубанскиот писател Хозе Марти“, наградата „МострАРТЕ“ (за поезија) од Универзитетот во Буенос Аирес, а била и финалист за наградата за шпански јазик „Пилар Фернандес Лабрадор“. Нејзините песни се делумно преведени на англиски, италијански и португалски јазик. Од 2014 година, таа е директорка на списанието Куадернос дел хипогрифо во Рим.

Шимон Адаф

Шимон Адаф е роден во Сдерот, Израел во 1972 година од родители со мароканско потекло. Има објавено три збирки поезија и девет романи. Неговата трета поетска збирка Авива-не е добитник на поетската награда „Јехуда Амихај“ во 2010 година, а неговиот роман Мокс Нокс е добитник на наградата „Сапир“ (израелскиот еквивалент на наградата „Букер“) во 2011 година. Живее во Рамат Ган и предава креативно пишување и книжевност на Универзитетот Бен Гурион.

Тицијано Фратус

По растурањето на сопственото семејство, Тицијано Фратус почнува да патува, преминувајќи ги иглолисните шуми на Калифорнија и на Алпите, каде што го усовршува концептот на Homo Radix, на кој му надоврзува катадневни практики на медитација во природа како и дисциплината на Дендрософија. Во текот на своето дваесетгодишно творештво, објавува прозни и поетски дела за книгоиздателствата Мондадори, Фелтринели, Бомпијани, Латерца, Ејнауди. Неговите лирски творби се преведени на десет јазици и објавени во книжевни списанија, антологии или самостојни изданија во повеќе од шеснаесет земји. Живее во приградскиот селски предел околу градот Торино.

Индре Валантинаите

Индре Валантинаите (родена во 1984, Каунас) е литванска поетеса. Откако завршила езуитска гимназија, таа студирала уметнички менаџмент на Универзитетот во Вилнус и Академијата за уметност во Вилнус. Има објавено нејзини песни во многу списанија, a првата книга ја објавила во 2006. Нејзината прва книга За рибите и лилиите ѝ ја донесе првата награда во поетската категорија на „Првиот книжевен натпревар“ од Литванското друштво на писатели во 2006 година. Нејзината втора книга Приказни за љубов и други животни (2016) е добитник на наградата „Јанг јотвингиан“ во 2012 година. Третата книга била објавена во 2017 со наслов Кратките филмови. Покрај пишувањето песни, Индре е пејачка, победничка на неколку фестивали, како и ТВ новинарка и продуцентка.

Саинажргал Начин

Саинџаргал Начин е роден на 1 февруари 1991 во Улан Батор, Монголија. Поет, новинар и еден од лидерите на новата генерација монголски поети. Дипломирал во 2012 година на Факултетот за општествени науки на монголскиот национален универзитет во Улан Батор, Монголија. Член на Здружението на монголски писатели, работи како извршен член на Советот за верификација во Здружението на монголски писатели. Ја добил титулата „Најдобар поет за љубовна поезија“ на 13от фестивал по име „Бела планина“ на 7 октомври 2010 година. Добитник на годишната поетска награда “BOLOR TSOM“ („Кристален пехар“ за најдобар млад поет во 2013 година). Ги објавил следните поетски книги: Звукот на скршеното срце во 2010, Нов мирис во 2012, Хармонија на умот на 10 декември 2013, и Инспирација на 16 декември 2016 година.

Мортен Лангеланд

Мортен Лангеланд е роден 1986 во Кристијансанд во јужниот дел на Норвешка, но живее и работи во Осло. Студирал компаративна книжевност и креативно пишување на „Литерар Гесталтинг“ во Готенбург и уметност на Националната академија на уметностите во Осло. Тој е книжевен критичар за весникот Класекампен и уредник во малото издаваштво Х//О//Ф. Лангеланд има објавено четири книги поезија по неговото деби со Јас сум добро во 2012 година. Неговите книги во својот стил се означени со одредена игривост – од пишување на неговиот јужен дијалект во неговата дебитантска книга, сѐ до неговата најскорешна книга Ноќи во зоолошка која е колекција на искршени сонети. Негови книги се и книгите Бабун, како и Вистинската општина. Лангеланд е добитник на престижната награда „Стиг Саетербакенс Миниприс“ во 2016 година.

Песна:*

Песна:**

Песна:***

Песна:****

Песна:*****

Песна:******

Гајат Алмадун

Гајат Алмадун е палестински поет роден во Дамаск, 1979. Живее во Стокхолм од 2008 година. Алмадун има објавено четири збирки поезија, од кои најнова е Адреналин во Милано 2017. Во Шведска преведени и објавени се неговите две збирки: Асилансокан (Ерсатз, 2010), која е наградена со „Клас де Вилдерс стипендифонд“ наградата за писатели имигранти. Тој е, исто така, автор на До Дамас (Алберт Бониерс, Форлаг, 2014) заедно со шведската поетеса Мари Силкеберг, книгата која е вклучена на книжевната критичка листа за „Најдобра нова книга“ во Дагенс Нихетер (најголемиот шведски весник) и адаптирана во радио драма за Шведското национално радио. Заедно со Силкеберг, Алмадун создал и неколку поетски филмови. Неговите дела се преведени на шведски, германски, грчки, словенечки, италијански, англиски, холандски, француски, дански, шпански, чешки, хрватски, албански и кинески јазик.

Жоао Луис Барето Гимараеш

Жоао Луис Барето Гимараеш е роден во Порто, Португалија (3 јуни, 1967) каде
дипломирал медицина. Тој е поет (како и хирург за реконструкција на дојка). Автор на
10 книги од 1989 година досега, вклучувајќи ги првите 7 во Избрана поезија (2011), Тука
си (2013), Медитерански (2016) – избрана за националната поетска награда „Антонио
Рамос Роса“ во 2017 година и издадена на шпански – и Номад (2018). Тој е и преведувач,
хроничар и блогер, пред сѐ за неговиот блог Лимитед поетри (Poesia & Lda). Неговите
дела се објавени во антологии во Португалија, Бразил, САД, Германија, Австрија,
Италија, Мексико, Доминиканска Република, Хрватска, Црна Гора (наскоро превод и во
Бугарија), како и во книжевни списанија во Португалија, Шпанија, Франција, Белгија,
Холандија, Обединетото Кралство, Македонија, Бразил, Мексико и САД. Тој настапувал
на книжевни фестивали во Шпанија, Мексико, Хрватска и САД.

Радмила Лазиќ

Радмила Лазиќ – родена во Крушевац, 1949, живее во Белград, Србија. Има објавено неколку збирки поезија: Тоа е тоа, Вистинската состојба на работите, Кастинг, Ноќни разговори, Историја на меланхолијата, Приказни и други песни, Од анамнеза, Дороти Паркер блуз, Срце меѓу забите, Бакни или убиј, Зимски студ, Магнолиите цветаат, и Црна книга. Книжевни награди: „Милан Ракиќ“, „Ѓура Јакшиќ“, „Десанка Максимовиќ“, „Владислав Петковиќ Дис“, „Васко Попа“, „Ефимиски вез“, „Исток-Запад“ и „Лаза Костиќ“. Таа е основачка и уредничка на женското книжевно списание Профемина. Феминистка и активистка против војни. Член на српскиот ПЕН центар.

Козмин Перта

Козмин Перта е романски поет и романсиер. Роден е 1982 во Вишеу де Сус, област Марамуреш, а дипломирал на Универзитетот „Бабеш-Болјаи“ во Клуж-Напока на Факултетот за книжевност. Студиите по книжевност ги продолжува на Универзитетот во Букурешт, каде се стекнува со магистратура по современа книжевност и докторат со дисертација за источно-европска фантастична книжевност. Има издадено пет збирки поезија и пет романи. Во 2014 бил награден со звањето „Најдобар млад романски поет“. Делови од неговите дела се објавени на 13 јазици. Има над 250 осврти на неговите дела во романски и други меѓународни списанија за култура.

Жозеп Педралс

Жозеп Педралс е поет роден во Барселона 1979 година. Настапувал низ Европа, Азија
и Америка, рецитирајќи на најразлични фестивали и циклуси. Наградуван е на бројни
натпревари за рецитација, како „Осака интернационал слем“ (2009). Тој е координатор,
од 2002 до 2015, на „ХОРИНАЛ“ (Obrador de Recitacions I Noves Actituds
Literàries – работилница за рецитации и нови книжевни движења), како и директор на поетски
фестивали и некои поетски циклуси. Има напишано неколку театарски претстави. Бил
клавијатурист во фанки-поп бендот Explosion Bikini (1999-2004) а тековно ја води
ироничната поп група Els Nens Eutròfics. Награден е со Lletra d’or наградата во
2013 (за најдобра каталонска книга), како и „Тајм аут Барселона – најдобар уметник на
годината“ во 2014 година.

Ида Борјел

Ида Борјел, родена во Лунд, Шведска. За нејзините поетски книги, вклучувајќи ги
Сканерадио, Консументкоплаген: јурис лирик, и МА, таа е добитник на неколку престижни
награди. Исто така, таа е преведена на 21 јазик – во 2016 преводот на Џенифер Хајашида
на книгата Миксимум Ка Кани прирачници за саботажа бил издаден од Commune editions, Беркли. Борјел работи со „Сити фаблес груп“ на Универзитетот во Малме, истражувајќи ги неолибералните јазични практики и начините на кои приказните за успешен живот во современите градови се преговараат, надополнуваат и циркулираат. Таа ги превела Далија Таха, Мона Сафар, Самира Негруш и Солмас Шариф на шведски јазик.

Песна:*

Песна:**

Песна:***

Песна:****

Песна:*****

Хусеин Хабаш

Хусеин Хабаш е поет од Африн, Курдистан, а живее во Бон, Германија. Роден е во 1970. Пишува на курдски и арапски. Дел од неговите песни се преведени на многу јазици, како: англиски, германски, шпански, француски, кинески, турски, персиски, албански, узбекистански, руски и романски. Избор од неговите песни се објавени во многу меѓународни поетски антологии. Ги напишал следните книги: Давење во рози (2012), Бегалци преку реката Иврос (2004). Повисоко од желбата и повкусно од бедро на газела (2007), Заблудите на Салим Баракат (2009), Летечки ангел (текстови за сириски дечиња) (2013). Учествувал на многу меѓународни поетски фестивали, на пример во Колумбија, Никарагва, Франција, Порторико, Мексико, Германија, Романија, Литванија, Мароко, Еквадор, Ел Салвадор, Косово, Костарика…

Стивен Џ. Фаулер

Стивен Џ. Фаулер е поет, писател и уметник. Има објавено седум збирки поезија, над
десет други уметничко-поетски книги и колаборативни поетски збирки. Бил ангажиран
од Тејт модерн, ББЦ Радио 3, Тејт Британија, Лондон синфониета, Велкам колекшан
и Ливерпул биениал. Бил на листата за наградата „Форвард“, а од Британскиот совет
бил испратен во Перу, Бангладеш, Ирак, Аргентина, Грузија и други земји. Номиниран
за наградата „Вајт ривју“ за белетристика во 2014 година, а добитник е на награди од
„Уметничкиот совет на Англија“, фондацијата „Џервуд черитабл“, „Креативна Шкотска“
и „Уметнички совет на Ирска“. Преведен е на 27 јазици а соработувал со над 90 уметници.
Тој е основач и куратор на „Енемис проект“ и „Поем брут“, и уредник на списанието 3 ам,
како и извршен уредник на The European Review of Poetry, Books
and Culture (Versopolis).
Тој предава креативно пишување на Универзитетот Кингстон, а предава и на Тејт модерн
галеријата, Школото за поезија, и Фотографската галерија, а исто така, тој е директор
на Писателскиот центар Кингстон и Европскиот поетски фестивал во Обединетото
Кралство.

Јекта

Роден во 1979 во Ла Вале ау Лупс, близу Париз, Јекта е француски поет и музичар.Има објавено четири книги поезија: Безличен гледач. 2009, Editions Le Grand Incendie; Регистар на сенки, 2013, Editions L’oreille du Loup; Јадачи на рефлексии, 2016, Editions Transignum; Скршен за странци, 2018, Editions Petra).Како композитор, гитарист, наратор и пејач, Јекта соработува на неколку проекти поврзани со поезија. Компонирал музиката за видеопесни. Во 2016, го објавил својот прв музички запис кој ја придружува книгата Јадачи на рефлексии.

Песна:СОНУВАНИОТ ПАТ

Песна:СО МРАЧНО ПОТЕКЛО

Песна:ПОСЛЕДНА ПРИЧЕСНА

Песна:1.1

Песна:1.2

Песна:1.3

Песна:1.5

Песна:1.8

Песна:1.12

Песна:1.13

Аднан Озер

Аднан Озер (1957, Текирдаг). Збирките поезија на Аднан Озер се: Огнен кавал (1981), Смртта на вртелешката (1983), Календар за запирање на ветерот (1987), Мапа на времето (1991), Песни за збогување (1999) и Календар за запирање на ветерот, Збирка песни (2001). Тој работи како уредник за издавачки куќи и преведува поезија од шпански јазик. Неговата поезија е преведена на германски, португалски, романски, македонски, италијански, шпански и многу други јазици. Како важен поет од генерацијата на осумдесеттите, тој го издавал списанието Уч чичек кое ја воспоставило поезијата на таа ера. Тој, исто така, ги издавал списанијата Душлер, Е и Качак јајин, а денес го издава Вапур едебијат. Добитник е на поетските награди „Кемал Шуреја“ во 1992, „Дагларџа“ во 2017 и „Атила Илхан“ во 2018 година.

Паули Тапио

Паули Тапио е роден во 1986 година во северниот фински град Оулу. Во детството неговото семејство неколку години живеело во странство, во САД, во Чехословачка и Обединетото Кралство. Потоа живеел во Хелсинки, Финска и Санкт Петербург, Русија. Студирал финска книжевност и руски јазик на Хелсиншкиот Универзитет и работи како книжевен критичар, организатор на настани и преведувач. Тапио превел неколку книги од руски јазик меѓу кои и Сергеи Довлатов и Светлана Алексиевич, како и поезија од млади руски поети. Моментално работи на Хелсиншкиот Универзитет каде што предава и спроведува истражувања за својот докторат за формирањето на слободниот стих во модернистичката финска поезија.
Врапчињата и времето, неговата дебитантска книга поезија за која ја добива наградата „Мостови на Струга“, e објавена во 2017 година. Истата година ја добила престижната награда за книга „Хелсингин Саномат“, која што се доделува за најдобра дебитантска книга проза или поезија за таа година. Во својата поезија, Тапио особено се занимава со ритмите во финскиот јазик. Исто така заинтерсиран е за формалните и стилски конвенции од различни поетски традиции и сака застарените форми и ограничувања да ги прилагоди во современите контексти задржувајќи ја врската со иновативната современа поезија на својот мајчин јазик и на другите јазици. Тематски, неговата прва збирка ја истражува судбината на модерната индивидуалност фатена во грчот од светската историја и светските политики.

Ане Зајдел

Ане Зајдел, родена во Дрезден во 1988 година, магистрирала славјански студии и историја на источна Европа при Јустис-Либиг-Универзитет Гисен. Ане Зајдел има започнато голем број концептуални звучно-уметнички проекти, поетски читања со снимања во живо и снимања звук со многубројни уметници како Стефан Сенф и Даниел Вилијамс. Нејзината дебитантска книга Хлебников плаче (2015) била избрана од Марион Пошман за поетска препорака од германската Академија за јазик и поезија во 2016 и била сметана како една од „Трите најдобри германски поетски дебитантски изданија“ во 2015 од „Хаус фур поези“, Берлин.

Марко Фацини

Марко Фацини е роден во Асколи Пичено, Италија во 1962. Живее во Виченца и предава на Универзитетот Ка Фоскари во Венеција, а освен тоа работи како книжевен критичар и преведувач. Објавил трудови и книги за постколонијалната книжевност и превел неколку од најголемите поети од англиски јазик; ги објавил следниве книги: Преминувања: есеи за современата шкотска поезија и хибридност (2000), Акробат на сеќавањето (2002), Разговори со шкотски поети (2015), и Кажувањето на тоа (2017). Како уредник ги приредил следниве книги: Воздржување од другости (2004), Книжевна мугра (2005), книга за поетскиот препев насловена Преведувањето, рајот на поетите (2005), Син на океанот (2006), и студија за поезија и пишување текстови за музички песни Воспевам слободен свет (2012). Негови поголеми поетски збирки се: Во вителот (1999); XX поезии (2007); Пловидби и урнатини (2010); 24 одбрани песни (2014), Јавање на бурата: десет нови песни (2016).

Луис Арманд

Луис Арманд е писател и визуелен уметник. Роден е во Сиднеј, а од 1994 година живее во Прага. Работел како уредник, издавач, уметнички консултант и куратор и како техничар за преводи на филмскиот фестивал Карлови Вари. Има објавено осум романи: Комбинациите (Еквус, 2016), Абакус (Вагабонд, 2015), Каиро (Еквус, 2014), Појадок на полноќ (Еквус, 2012), Светлост и сенка (Еквус, 2011), Менудо (Антиген, 2005), Градината (Салт, 2001) и Топлотен бран (Еквус, 2013). Покрај тоа, автор е и на десет збирки поезија – меѓу кои последни се: Преглед за источен Бродвеј (2015), Варијациите на простакот Голдберг (2015; двете објавени од Влак Рекордс), Индиректни предмети (2014), Писма од Аусланд (2011; двете објавени од Вагабонд) и Синоптикон (со Џон Кинсела; ЛПБ, 2012 г.). Објавил и голем број критики вклучувајќи ги Видеологија (Литерарија, 2015) и Мајмунот на уличната органа: Поставангардна култура (Литерарија, 2013). Неговата поезија се појавува во повеќе антологии како: Триесет австралиски поети, Најдобрите австралиски песни, Цветна чашка: 30 современи австралиски поети и Пингвин антологија на австралиската поезија. Во 1997 година ја добива наградата „Макс Харис“ (Аделаида), а во 2000 година наградата „Насау Критика“ (Њујорк). Неговото сценарио за Светлост и сенка добива почесно обраќање на меѓународниот филмски фестивал во Трст во 2009 година. Тој е уредник на списанието ВЛАК.

Чарлс Симиќ

Чарлс Симиќ  е  роден на 9 мај 1938 година во Белград, Југославија. Во 1954 година неговото семејство емигрира во САД. Чарлс Симиќ е еден од најисклучителните поети на денешнината. Симиќ за своето дело е добитник на бројни книжевни награди, меѓу кои и Пулицеровата награда во 1990 година, меѓународната награда „Грифин“ за поезија, медалот „Роберт Фрост“, наградата „Збигњев Херберт“, наградата „Валас Стивенс“, а бил назначен како Poeta Laureatus на САД. Неговотот поетско творештво го сочинуваат книгите: Што кажува тревата (1967); Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки (1969); Разградување на тишината (1971); Бело (1972); Враќање на место осветлено од чаша млеко (1974); Биографија и тажаленка (1976); Харонова космологија (1977); Класични игри од балската сала (l980); Острини (1982); Временска прогноза за градот Утопија и околината (1983); Избрани песни 1963-1983 (1985), Бескрајна тага (1986), Светот не завршува (1989) Книга на богови и ѓаволи (1990); Хотел Несоница (1992); Свадба в пекол(1994); Застрашувачки играчки (1995); Прошетка со црната мачка (1996); Си ја барам бељата (1997); Jackstraws (Игра со чкорчиња) (l999); Избрани рани песни (1999); Ноќен излет (2001); Глас во 3 часот наутро: Избрани подоцнежни и нови песни (2003); Избрани песни 1963-2003 (2004); Тетка Марула сакам да ти ѕирнам под здолништето (2005); Мојата нема придружба (2005); Тоа мало нешто (2008); Шеесет песни (2008); Мајстор за преправање (2010), Избрани и нови песни 1962-2012 (2013); Лудак (2015), Чкртки во мракот (2017). Симиќ исто така објавил бројни преводи од француската, српската, хрватската, македонската и словенечката поезија, а автор е не неколку книги есеи.

Хабиб Тенгур

Хабиб Тенгур, поет и антрополог, роден 1947 година во Мостаганем, живее помеѓу Париз, Константин и Мостаганем. Своите дела ги објавува кај алжирски и француски издавачи како и во поетски списанија (Poèsie…). Преведуван е на германски, англиски, арапски, италијански, холандски јазик и др. И самиот преведува поети од англиски јазик (Пјер Жори) и од арапски јазик (Сади Јусеф, Абделамир Чавки, Монсеф Лухаиби). Во моментов води франко-алжирска група ITEM/CNRS која се занимава со генетичко и критичко издавање на комплетниот опус на Мохамед Диб. Неговата поезија ги вклучува следните збирки: Седеф на душата; Лакот и лузната; Шкрилци од Тахмад II; Оној Татар2; Премин; Премрежје 2; Состојби на материјата следена од Фатрас; Гравитација на Ангелот ; Пензионирање, Маноск ; Цезура; Сандалата на Емпедокле ; Убава Јагода ; Seelenperlmutt ; Предокот кинофил; Егзил е мојот занает. Исто така пишува проза и текстови за театар.

Љулјета Лешанаку

Љулјета Лешанаку е родена во Елбасан, Aлбанија. Студирала aлбанска филологија и книжевност на Универзитетот во Тирана, а подоцна била дел од МФА Програмата при Колеџот Ворен Вилсон, САД. Таа е стипендист на „Интернационалната програма за пишување“, Универзитетот во Ајова за 1999 година, и е добитник на стипендија од Блек Маунтен институтот при Универзитетот на Невада, Лас Вегас од 2008-2009 година. Автор е на седум книги поезија во Албанија и осум други книги објавени на странски јазици, како: Расипан; Нови и избрани песни; Фреска; Дете на природата; Kinder der Natur; Dzieci natury; Lunes en Siete Días. Нејзините песни се преведени и објавени во антологии и книжевни списанија на многу јазици. Добитничка е на ПЕН Албанија 2016 (од Албанскиот ПЕН Центар), Националната награда „Сребрено пенкало“ 2000 година, за поезија, и интернационалната „Кристал Виленица“ награда (Интернационалниот фестивал на книжевност, Словенија, 2009).
Нејзината втора американска збирка Дете на природата е една од ННПК (Награда за најдобро преведена книга) книгите финалисти за 2011 година, а нејзината британска збирка Расипан: Нови и избрани песни беше во потесниот избор за наградата „Попески“ за 2013 (претходно Европска награда за поетски превод) од Поетското општество, Обединето Кралство.

Ким Мур

Првата збирка на Ким Мур, Уметноста на паѓањето, беше објавена од Серен во 2015. Нејзината песна „Во таа година“ се најде на списокот за наградата „Форвард“ (Forward) за најдобра објавена песна во 2015. Нејзиниот памфлет Ако можеме да зборуваме како волци беше победник на Натпреварот за Бизнис памфлет за 2012 година. Добитник е на наградата „Ерик Грегори“ за 2010 година, и наградата „Северни писатели“ за 2014. Настапувала на фестивали во Обединетото Кралство, Ирска, Хрватска и Холандија. Тринаесет години работела како наставник по труба во Музичкото училиште „Камбрија“, а сега работи на докторат за Креативно пишување на Универзитетот „Манчестер Метрополитен“.

Нурдуран Думан

Нурдуран Думан е турска поетеса која живее во Истанбул. Една од нејзините книги е Јенигли Ојуни, добитникот на „Кемал Суреја“ наградата во 2005 година, како и Ми Бемол. Полукруг, памфлет со нејзини песни преведен на англиски јазик, бил објавен во САД во 2016 година, а дополнителни преводи можат да се најдат во списанијата Асимптота, Колорадо ривју, Фолтлајн, Интерим, Илевен илевен, итн. Нејзините песни се преведени и објавени на фински, бугарски, романски, словачки, француски и окситански јазик. Таа е член на турскиот ПЕН, и предава социолошка анализа на турската литература“ на Универзитетот Бачешехир.

Иван Добник

Иван Добник е роден во 1960 во Целје. Студирал филозофија и компаративна книжевност на Факултетот за уметност во Љубљана. Тој е поет, есеист, критичар, преведувач, основач и уредник на книжевното списание Поетикон. Главни збирки: Zapreš svoje oči (Очите ги затвораш, 2003), Rapsodija v mrzli zimi (Рапсодија во ладна зима, 2006), Zapisi z drevesnih lističev (Записи од лисјата на дрвјата, 2006), Pred začetkom (Пред почетокот, 2010), Druga obala (Друг брег, 2011), Bolska (Болска, 2015) во Magični pesniški izreki (Магичните воспевања на поезијата, 2016). Неговите песни се преведени на голем број јазици.

Песна:8

Песна:3

Песна:1

Дејан Алексиќ

Дејан Алексиќ, роден во 1972, е поет, драматург и автор на детска литература. Објавил девет книги поезија и петнаесет книги за деца. Добитник е на голем број значајни награди за литература и признанија за неговата работа. Неговите песни и книги за деца се преведени на неколку европски јазици. Книжевните дела на Дејан Алексиќ се присутни како дел од образовниот и школскиот наставен план за основни училишта и универзитети. Работи и живее во Краљево.

Песна:ЧЕШЕЛ

Песна:СВЕЌА

Песна:ШЕШИР

Дину Фламанд

Дину Фламанд е роден 1947 год. во Северна Трансилванија, Романија. Бил еден од
основачите на магазинот Екинокс кој, во последниве неколку децении, стана темел на
едно од најважните литературни движења во поствоена Романија.
Своите песни започнал да ги издава во седумдесеттите години на минатиот век:
Апејрон (1971); Поезија (1974); Алтоиури (1975).
Во 1989 пребегал во Франција каде работел за многу медиуми меѓу кои и Би-Би-Си и
Radio France Internacional каде сé уште работи.
Негови позначајни дела се: Viaţă de probă (1998), Dincolo (2000), Grădini 2005, Frigul
intermediar (2006), двојазичните антологии на француски и португалски Poèmes en apnée;
la Différence (2004) – Havera uma vida antes da morte, Quase (2007).
Добитник е на голем број награди меѓу кои и националната награда „Михаи
Еминеску“. До 2014 год. бил дипломат на романската амбасада во Франција.

Ришард Криницки

Ришард Криницки е роден во 1943 година во Сан Валентин, Австрија. Претставник е на групата поети „нов бран“, формирана во доцните шеесетти години за да му се спротивстави на советскиот режим. Поради неговото противвладино политичко дејствување, на Криницки му било забрането да објавува неколку години. Објавил многу книги поезија, а најновите се Одбрани песни во 2009 година и Пречкртан почеток во 2013 година. Криницки, исто така, превел германски автори, меѓу кои и Нели Закс, Пол Селан, Бертолт Брехт и Рајнер Кунце. Добитник е на бројни награди од кои најскорешна е наградата „Фридрих Гундолв“ во 2000 година. Криницки живее во Краков каде што, заедно со сопругата, ја води издавачката куќа а5.

Кристина Дoмбровска

Кристина Дoмбровска (родена во 1979 година) е поет, преведувач и есеист. Дипломирала на Одделот за графика на Академијата за уметности во Варшава.
Автор е на следните поетски книги: Биро за патување, 2006; Бели столови, 2012; Време и отвор, 2014. Нејзината втора стихозбирка ја освоила престижната награда „Кошиелски “ (2013 година) и наградата „Вислава Шимборска“ (2013 година). Нејзините песни се преведени на англиски, германски, италијански, шпански, руски, шведски, грчки, француски, португалски, бугарски и кинески. Редовно се објавуваат во книжевни списанија во Полска и странство, меѓу кои и Харперс магазин, Акценте, Зин унд Форм, Куадернарио ЛиетоКолле 2016 и Манускрипт. Избор од нејзините песни на италијански ќе биде објавен од Валиџе Росе во ноември 2017 година.
Превела поезија од В.К.Вилијамс, В.Б.Јејтс, Томас Харди, Том Ган и Чарлс Симиќ, како и одбрани писма од Елизабет Бишоп и Роберт Лоуел. Исто така превела две рани сатири од Џонатан Свифт (Битката на книгите; Приказна за една бочва, објавени во 2013 година) и Роза со тринаесет лиски: Дискурс за суштината на еврејското постоење и верување од Адин Штајнсалц (објавена во 2014 година).
Живее и работи во Варшава.

Линда Клакен

Линда Клакен е родена во 1979 година во Алесунд, гратче на западниот брег на Норвешка. Таа е писателка и новинарка. Писателската кариера ја започнува во средината на нејзините дваесетти, кога била примена во престижната школа за пишување „Skrivekunstakademiet“ во Берген во 2003 година. Откако била објавена во низа поетски антологии, таа ја пишува првата книга, патнички документарец Последниот битник како омаж на Лоренс Ферлингети, американскиот поет и издавач од Сан Франциско. Нејзината прва поетска збирка била објавена од издавачката куќа Флам во 2013 година. Мајка, сопруга, робинка (Mamma, kone, slave) ја сметаат за една од најдобрите книги за 2013 според неколку весници и книжевни критичари, и е опишана како „песни кои опишуваат како да си хомосексуална, пролетаријатска мајка на мали деца во пост-милениумска Норвешка“.
Нејзината втора книга Заврши ја книгата за твојот живот (Skriv ferdig boka om livet ditt) беше објавена во 2014. Нејзината најскорешна поетска збирка Осум минути (Åtte minutter) беше објавена во 2016 година. Освен тоа, Клакен е добитник на Министерската стипендија на Нордискиот совет за писатели во 2005 и 2006 во Гетеборг. Нејзината поезија е дел од голем број изложби, како на пример збирката Мартин Тебус во Музејот на уметност во Трондхајм и галериите во Осло. Во август 2017 Линда Клакен ќе ја објави нејзината прва детска белетристичка книга Просто, просто срце (Dumme, dumme hjarte).

Јанис Рокпелнис

Роден 1945 година во Рига, Јанис Рокпелнис е латвиски поет, есеист, писател и научник. Од 1963 до 1969 студирал психологија и филозофија на тогашниот Ленинградски државен универзитет. Има дипломи по теологија и филозофија, и е квалификуван предавач. Работел како професионален писател, уредник, книжевен консултант за Унијата на писатели, предавал историја на култура и уметност, а бил и на важни позиции во различни организации поврзани со книжевност, култура и кино. Рокпелнис е член на Латвиската унија на писатели, како и други книжевни друштва, почесен член на Латвиската академија на науките, добитник на голем број стипендии, награди и одлики, вклучувајќи ја престижната „Балтичко здружување“ награда во 2000 година, како и голем број важни национални награди. Тој е еден од првите автори од неговата генерација кој ги вовел трендовите на иронија и коегзистенција на различните лингвистички слоеви во неговите дела, спојувајќи ги во еден негов уникатен лирицизам и писателски стил. Рокпелнис, исто така, уредувал огромен број збирки поезија, добро прифатени од публиката, и признати со награди. Рокпелнис е автор на 8 збирки поезија, документарен роман, белетристички роман, збирки есеи, биографски труд за поетот Кнутс Скујениекс, книга за деца, како и либрето, филмски сценарија, статии и други текстови. Превел голем број руски поети. Поезијата на Рокпелнис е преведена на над дваесет јазици, и е дел од многу антологии во странство. Неговите книги се објавени на руски, литвански, италијански, француски и англиски јазик.

Песна:БРАК

Песна:РЕНОАР

Хила Лахав

Родена во 1985 во Зихрон Јаков, Израел, Хила Лахав е професионална музичарка и поетеса. Студирала историја на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, како и ран музички перформанс за сниматели при Ерусалимската академија за музика и танц. Основач и член е на неколку прославени ансамбли. Таа изведува рана музика како и класична турска, арапска и андалузиска музика на неј (турско/арапска флејта) и историски дрвени дувачки инструменти, соработува со изведувачи и музичари за да создава мостови преку времето, просторот и јазикот.
Од 2005, поезијата на Хила е објавена во книжевните списанија Мита’ам и Хо, а таа е наградувана од Еврејскиот универзитет за неколку од нејзините збирки поезија. Извадоци и засебни песни се објавени на италијански, англиски, германски, словачки, турски, романски и шпански јазик. За нејзината поезија ја доби книжевната награда „Премиер Леви Ешхол“ во 2016 година. Нејзината дебитантска збирка поезија Душа беше објавена во 2011. Втората збирка поезија До утрото беше објавена во 2014, а нејзината трета збирка Дрвен кров треба да излезе во декември, сите во издание на Хакибутц Хамеучад Издавачи.

Роландо Катан

Роландо Катан е поет, библиофил, уредник и културен активист. Објавил пет книги поезија и се здобил со пофалница за наградата за поезија „Рубен Дарио“. Неговите дела се преведени на француски, англиски, италијански и арапски и биле застапени во бројни списанија и антологии објавени во Америка, Европа и Азија. Неодамна станал член на Хондураската академија за јазик. Моментално е претседател на Музејот на хондураскиот народ. Катан е водител на националната телевизиска емисија Економија и култура. Основач е и ко-уредник на проектот Читањето е забавно, кој вклучува бесплатна дистрибуција на милион книги. Исто така ко-основач е на еден од најважните проекти од областа на културата од почетокот на 21-от век во Хондурас, ПаисПоесибле. Во својата земја, Роландо ја поседува најважната колекција книги за хондураската книжевност и историја, а неодамна го основал патувачкиот музеј Хондурас Екс либрис, базиран на неговата колекција. Во 2011 година, ја добил наградата „Културно волонтерство“, која заеднички ја доделуваат Министерството за култура, за спорт и уметност, Амбасадата на Шпанија во Хондурас, Програмата за волонтери на Обединетите Нации, Програмата за развој на Обединетите Нации, а во 2016 година ја добил наградата „ОХТЛИ“, една од најзначајните награди доделени од Владата на Мексико.

Димитрис Ангелис

Димитрис Ангелис (Атина, 1973) досега објавил шест збирки поезија, како и есеи, истражувања и кратки приказни. Неговата збирка „Епетиос“ (Годишнина) е добитник на „Порфирас“ наградата од Академијата на Атина, и исто така е објавена на шпански јазик. Бил уредник на списанието за книжевност „Неа ефтхини“ (2011-2013), и работи како уредник на „Фреар“ (Национална награда за најдобро списание за литература, 2014). Неговата поезија ги вклучува:
Филомела, 1998; Уште една смрт, 2000; Митска вода, 2003; Годишнина, 2008; Ја потврдувам ноќта, 2011; Драго липање врз мојот кревет, 2015.
Неговите есеи и раскази ги вклучуваат: За пишувањето, 1998; Минатото лето, 2002; Византиска естетика, 2004; Идеолошки трендови во доцната антика, 2005.
Изворите на Византиската филозофија: Значењето на филозофијата за грчките апологисти, 2007.

Песна:(English) 10

Песна:9

Песна:6

Песна:5

Песна:1

Марија Зајзенбахер

Марија Зајзенбахер студирала компаративна книжевност, член е на книжевната група „Вортверфт“ и уредничка на книжевното списание Кајне Деликатесен.
Добитничка е на најразлични награди и стипендии: Стипендија за книжевност од БКА (2016), Уметник стипендист во Птуј (Словенија, 2016) и Рим (Италија, 2016), Вартхолц стипендија за книжевност (2014), Старт стипендија за книжевност од БМУКК (2012), Уметник стипендист во Словачка (2011), Ханс Веигел книжевна стипендија од федералната држава долна Австрија (2007/08).
Учесничка на најразлични поетски фестивали низ Европа: „Денови на поезија и вино“, Словенија, 2016, „Тргни се! Белградски фестивал на поезија и книги“, Србија, 2016. Објавувана во книжевни списанија како: поет[маг], Лихштунген, Стерз, итн.
Објавени книги: Ruhig sitzen mit festen Schuhen. . (Издание Ателје, 2015). bher(a). Gedichte. (Издание Јара, 2011), заедно со Херман Никлас: Konfrontationen. Gedichte 2005-2007 (Литературедишн Нидеростериш, 2009).
Марија Зајзенбахер живее и работи во Виена.

Песна:СПОМЕН

Песна:МИСЛИТЕ

Песна:ЗА ОДЕЊЕТО

Песна:ЗАПИС

Марија Клара Шарупи Јуа

Марија Клара Шарупи Јуа пишува поезија на шпански и на јазикот шуар, јазик кој го зборува истоимената домородна заедница. Марија Клара е родена и израсната во амазонската прашума, а нејзината поезија спојува слики од природата со традициите на домородната култура, која датира од пред Инките.
Делата на Марија Клара биле објавени во бројни книжевни списанија и книги, меѓу кои и Зазорува во нашите животи, првата антологија на поезија напишана од домородни писателки од Еквадор, и Ѓердан од приказни и месечини, антологија на домородни поетеси од Латинска Америка. Одржала поетски читања на разни универзитети и саеми за книга, а во 2012 година учествувала на интернационалниот поетски фестивал Меделин во Колумбија.
Била дел од тимот на професионални преведувачи на шуар кои го уредиле од шпански на шуар официјалниот превод на еквадорскиот устав. Член е на движењето Светска поезија и учествувала на првата Меѓународна академска конференција на домородни писателки.

Федерико Диас Гранадос

Федерико Диас Гранадос е поет,есеист и промотор на културата. Ги објавил следните поетски книги: Огнени гласови (1995); Куќа во ветрот (2000) и Попатна крчма (2003). Ги приредил следните антологии на нова колумбиска поезија: Мрачна е песната на дождот (1997), Залиха спроти светлината (2001), Дванаест млади колумбиски поети (1970-1981) и Антологија на современата мексиканска и колумбиска поезија (2011). Ко-автор е на Отворена градина (Антологија на млада колумбиска и уругвајска поезија, 2005). Во 2009 година ја добил стипендијата „Алваро Мутис“ во Мексико. Член е на организициониот одбор на интернационалниот поетски фестивал во Богота.

Минг Ди

Минг Ди (псевдоним на Минди Женг) е кинеска поетеса и преведувачка, авторка на шест збирки поезија и четири книги со превод. Студирала лингвистика на Универзитетот Бостон, а оттогаш престојува во Калифорнија. Добитничка е на награда за писатели од дијаспората, а неодамна и на преведувачка награда од Поетската фондација во 2015. Превела четири книги со поезија од англиски на кинески јазик и ко-превела четири книги од кинески на англиски јазик како Празни столови – песни на Лиу Џиа (Грејвулф прес, 2015) која била финалист за Наградата за најдобро преведена книга за 2016. Таа е уредничка и ко-преведувачка на Новиот Катај – Современа кинеска поезија (Тупело прес, 2013); добитничка на стипендијата „Фондација Хенри Лус “ во 2013 и 2014 година; била една од петте финални судии за националната Поезија на глас во 2014; била ко-куратор на Кина фокус на Поесифестивал во Берлин 2015 година. Таа е партнер за Лириклајн во Берлин и кинеска уредничка за „Интернационална поезија Ротердам“. Модератор е на Пекиншката преведувачка работилница, а времето го минува во Лос Анџелес и Пекинг.

Дуо Дуо

Дуо Дуое еден од најпроминентните кинески поети на денешнината, најоригиналниот
и најиновативниот писател на неговата генерација. Започнал да пишува поезија
за време на пресвртот на Културната револуција (1966-1976) во Кина и добитник е на
бројни интернационални награди за поезија во 1986, 1987, и 1988, пред да замине од
Кина на 4 јуни 1989 година. Минува 15 години во егзил бидејќи бил новинар за време на
студентските протести во 1989 и зборувал со новинарите од Обединетото Кралство за
време на едно поетско читање во Лондон, јуни 1989, сè додека универзитетот Хаинан во
Јужна Кина не му нуди професорска позиција во 2004. Неговиот поетски стил се менувал
пред, за време и по неговите денови во егзил, и е високо ценет од неговите современици
поети и критичари. Генерално го сметаат за најуспешниот поет во современа Кина.
Добитник е на „Кинеска наградата за литература“ од Медиумската група Јужна Кина во
2004, интернационалната награда „Нојштад“ за литература во САД за 2010 година, две
награди за достигнувања во поезијата во Кина 2014, и наградата „Ново златно доба“ за
поезија во Мексико во 2016.

Ен Мајклс

Ен Мајклс е романсиерка и поетеса. Нејзините книги се преведени на над четириесет и пет јазици и добитник е на голем број интернационални награди, како наградата „Оранж”, наградата „Гардијан“ за белетристика, како и наградата „Ланан” за белетристика. Нејзиниот роман Парчиња што бегаат беше адаптиран во филм. Нејзината најнова книга Кореспонденции, влегла во потесниот избор за „Грифин“ наградата за поезија во 2014 година. Таа е Поет-лауреат на градот Торонто.
Библиографија: Сè што видовме (ќе биде објавена во септември 2017), МекКлиланд и Стјуарт, 2017; Пруги (пишувана во соработка со Џон Бергер), Каунтерпоинт, 2013; Кореспонденции, МекКлиланд и Стјуарт, 2013; Море од фенери (уметничка книга со ограничен број примероци), 2012; Зимскиот трезор, МекКлиланд и Стјуарт, 2009; Слободно нуркање, МекКлиланд и Стјуарт, 2001; Парчиња што бегаат, МекКлиланд и Стјуарт, 1996; Рударска бара, МекКлиланд и Стјуарт, 1991; Тежината на портокалите, Коуч хаус прес, 1986

Кирил Кадијски

Кирил Кадијски е роден на 16 јуни 1947 година. Поет, есеист и преведувач на поезија, тој бил надвор од официјално наложениот книжевен критериум за време на режимот; еден од основачите на бугарскиот Samizdat и првиот приватен издавач во Бугарија. Преведувач е на голем број француски и руски поети, како Вијон, Молиер, Иго, Бодлер, Верлен, Маларме, Рембо, Аполинер, Сандрар, Лермонтов, Тјутчев, Бунин, Блок, Волошин, Пастернак. Тој е најчесто преведуваниот бугарски поет во Франција, каде сите негови дела се објавени во петнаесет тома. Неговите книги се објавени во Шпанија, Италија, Грција, Романија, Србија и Македонија. Неговите песни се преведени на англиски, германски, полски, словачки, унгарски, руски, белоруски, украински, турски и фински јазик.
Добитник е на голем број бугарски и странски награди: „Иван Франко“ (Украина), 1989, „Европски Гран При“ (Романија), 2001, „Макс Јакоб“ интернационална награда за поезија за неговите собрани дела (Франција), 2002 година
Витез на Редот на уметност и книжевност за достигнувања на полето на француската култура.
Член на ПЕН Бугарија. Член и основач на Cap а l’Est movement of Francophone poets. Дописник член на француската поетска академија Маларме.. Член на Универзалната академија Монмартр. Бивш директор на бугарскиот Културен институт во Париз.

Мод Ванхауверт

Мод Ванхауверт е писателка и изведувачка на текст на сцена. Во 2011 година, нејзиниот прв поетски албум бил објавен од Кверидо (Амстердам), именуван како Ik ben mogeljik (Јас сум можна). Албумот бил награден со Vrouw Debuut Prijs (Награда за женска дебитантка). Во 2014 година, била објавена Wij zijn evenwijdig (Ние сме паралели), книга која може да ја читате како поетски албум, како кривулеста приказна, или збирка тажни шеги.
Мод ги испитува креативните начини на кои може поезијата да се донесе на сцена. Таа настапувала во различни земји, добитничка е на „Фрапант ТХТ“ натпреварувањето во 2012, и била финалиста на Светското натпреварување за слем поезија (2012), како и на престижниот „Леидс кабаре фестивал“ во 2014 година. Мод магистрирала на Театарската академија во Анвтерпен, каде работи како професорка.

Волја Гапеева

Родена во 1982 во Минск (Белорусија) д-р. Волја Гапеева е белоруска поетеса, мислителка, преведувачка и лингвистка. Нејзините дела се преведени на над 10 јазици. Учесничка е на многубројни книжевни фестивали и конференции, добитничка на награди за книжевност во Белорусија, интернационални стипендии за престој во Австрија, Германија, Латвија. Соработува со музичари кои свират електронска музика, изведува аудио-визуелни настапи.
Пишува поезија, проза и драма, некогаш и книги за деца. Докторатот ѝ е од полето на лингвистиката. Истражува во полињата на компаративна лингвистика, филозофија на јазикот, социологија на телото, родови проблеми и книжевност. Член е на белорускиот ПЕН Центар и Унијата на белоруски писатели. Во моментов е пост-докторанд на Државниот универзитет за лингвистика во Минск (Белорусија) и визитинг професор на Универзитетот за европски општествени науки.

Иван Џепароски

Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје) е поет, филозоф и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на дваесет и пет книги, и тоа: на шест поетски книги, на единаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија, на две поетски антологии и на шест теориско-есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993) „Парадигма“ (2009) и „Браќа Миладиновци“ (2016). Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и е раководител на Институтот по филозофија (2004- 2009; 2013- ) и секретар на Македонскиот ПЕН Центар (1999-2001; 2008-2014). Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум, Едмунд Берк итн. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над десетина странски јазици во светот. Поетски дела: Слики од изложбата; Еклоги; Песни; Волја за мисла; Грабнувањето на Европа; Светлината на Света Гора.

Горан Чолакхоџиќ

Горан Чолакхоџиќ е роден во Загреб во 1990 година, а моментално живее во Самобор.
По завршувањето на основното образование во Самобор и средното образование
во Загреб, дипломирал на Одделот за англиски и романски јазик и книжевност на
Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб.
Во 2014 година ја напишал стихозбирката со која ја добил хрватската награда „Горан“
за млад поет во март 2015 година. Истата година книгата била објавена во Загреб под
името На крајот од таа градина.
Во јули 2015 година ја освоил првата награда на загрепскиот фестивал „Петрарка
Фест“ за најдобар сонет. Откако ја освоил првата награда, неговите песни биле објавени
во бројни списанија во Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Белгија. Исто така
бил објавуван на онлајн портали во Хрватска и земјите од бивша Југославија.
Во 2016 година бил избран за претставник на Хрватска за проектот Версополис.
Учествувал на јавни читања, дискусии, разни книжевни настани, како жири на помали
книжевни конкурси и други слични проекти.
Неговите песни се преведени на англиски, романски, полски и холандски јазик.

Ариан Лека

Ариан Лека, роден во 1966 година, пишува поезија, проза, есеи и литература за деца. Исто така преведува, најчесто од англиски и италијански. За своите дела Ариан Лека добил книжевни награди од Друштвото на писатели на Албанија (2000, 2002) и од Министерството за култура на Албанија (2005, 2009, 2011). Неговиот расказ „Браќа на сечилото“ бил објавен во Најдобра европска проза 2011. Ариан Лека е основач на интернационалниот книжевен фестивал „ПОЕТЕКА“ и уредник на списанието „Поетека“ – партнер на Еурозине. Неговите дела се преведени на германски, англиски, француски, италијански, шпански, романски, бугарски, српски, македонски и кинески јазик. Ариан Лека има докторат по книжевност. Предава уметност на Универзитетот во Тирана.

Хуан Октавио Пренс

Хуан Октавио Пренс е роден во 1932 во Ла Плата, Аргентина. Од 1979 година живее во Трст. Предавал литература на универзитетите во Буенос Аирес, Ла Плата, Белград, Љубљана и Трст.
Тој е поет, раскажувач, есеист, критичар и преведувач. На шпански превел поезија на многу поети од некогашните југословенски простори. Неговите дела се преведени на многу јазици и се дел од бројни антологии.
Неколку наслови од неговата поезија се: Плоштад во предградие; Бродска фигура; Чисти сметки; Посланија од Новиот свет; Белешки за историјата; Озборувања од Новиот свет (Наградата на Друштвото на писатели на Аргентина); Ставање крај; Света Пинта на девојката Марија (меѓународна награда Каса де лас Америкас); Средување на сметките,; Човек волк; Поетска антологија; Простодушни маленкости – Минимални права; Поетска антологија (на италијански) итн.

Виолета Танчева – Златева

Виолета Танчева – Златева е родена на 25 април 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Пишува поезија, проза и есеи. Член на ДПМ од 2000 година. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2015 година.
Ги објавила следниве книги проза: Книга за сонот (1992); Враќања (1993); Враќајќи се во Бориево (1999); Шарени писма (2008); како и стихозбирките Мојот Пикасо (2007); Заробеници на молкот (2010); Огнена (2011); Нашата приказна (2013); Година без лето (2015).

Алекс Сковрон

Алекс Сковрон е роден во Полска во 1948 година. Краток период живеел во Израел, а потоа емигрирал во Австралија во 1958 година. Од раните седумдесетти години од минатиот век работел како уредник за најразлични издавачи во Мелбурн и во Сиднеј, во консултативна област, како и во детски, трговски и книжевни области.
Поезијата на Сковрон е објавувана во многу списанија и антологии во Австралија и преку Океанот. Неговите досегаши збирки се: Преместувањето (1988 г.), Белешки од ракав (1992 г.), Бескраен град (1999 г.), Човекот и картата (2003 г.), Автограми (книга со песни во проза, 2008 г.), и Кон Екваторот: Нови и избрани песни (2014 г.), која влезе во потесниот круг за Премиерските книжевни награди во 2015 година. Други награди со кои се закитил се: поетската награда Весли Мишел Рајт (двапати), поетската награда Џон Шо Нилсон (двапати), поетската награда Аустралиан Бук Ривју (2007 г.), и, за неговата прва збирка, наградите Ен Елдер и Мери Гилмор.
Неговата новела, Поетот (2005 г.) ја подели наградата (со Кејт Гренвил) на Здружението на австралиски писатели Кристина Стед за прозно дело; новелата е преведена на чешки јазик под наслов Básník (2014 г.). Таванот, збирка од неговата поезија, Жак Ранкур ја преведе на француски, а ПЕН Мелбурн ја објави во 2013 г.; исто така, двојазично издание со кинески превод во серијата Флаинг Ајленд (Макао) е на пат. Дел од неговата поезија е преведена на холандски, германски, полски, српски и шпански јазик. Збирката кратки раскази Човекот кој си се приврза за креветот ќе биде објавена од Панчер и Вотман во 2017 година.

Нужум Ал Ганем

Нужум Ал Ганем е емиратска писателка и една од најпознатите женски поети во арапскиот свет. Има објавено осум збирки, вклучувајќи ги: Рајска ноќ (1989), Гревови (1991), Патувања (1995), Домови од калинки (1999), Неописливо (2005), ), Ангели од далечен копнеж (2008), Ноќ полна од ноќ (2010), Паѓам во себе (2012).
Таа е исто така и многу познат сценарист и повеќе пати наградуван филмски режисер. Покрај режија, таа има продуцирано и напишано бројни документарни филмови и фикција. Моментално работи како консултант за филм, медиуми и култура, и како филмски инструктор за образовни и професионални организации во Обединетите Арапски Емирати.
Алганем е родена во Дубаи во 1962. Магистрирала филмска продукција, на Грифит Универзитетот во Австралија, а дипломирала на Универзитетот во Охајо во САД за видео продукција.

Јан Лауверајнс

Јан Лауверајнс (Белгија, 1969) е поет и научник. Како невронаучник ја проучува свесната контрола на внимание. По докторирањето на Католичкиот универзитет во Леувен, живеел на повеќе места пред конечно да се пресели во Јапонија каде што работи како професор на Факултетот за уметности и науки на Универзитетот Кјушу. Лауверајнс има објавено повеќе од дваесет книги поезија на својот мајчин јазик–холандски како и на англиски и јапонски, вклучувајќи заеднички проекти со Лео Вроман, Аркадиј Драгомошченко, Кивао Номура и Мајкл Палмер. Добитник е на бројни награди и номинации за своите дела на холандски, меѓу кои и наградата за поезија VSB во 2012. Лауверајнс е ко-уредник на белгиското книжевно списание DW B.

Ердал Алова

Ердал Алова е роден во Анкара, 1952 година. Своите први песни ги објавил во 1973 година, во Јени Дерги, едно од најеминентните списанија за литература во тоа време. Првата книга поезија En Son Çıkan Şarkılar (Песни штотуку објавени) е објавена во 1980 година. Потоа следат уште седум збирки поезија: Giz dökümü (Документи за мистеријата; 1989) , Bitik Kent (Истрошен град; 1999), Dizeler(Стихови; 2001), Tensemeler (2007), Toplu Şiirler (Собрани песни; 2008) Unutuştan Sonsuza (Од заборавот, засекогаш; 2014), Birinci Çoğul Şarkı (Првата множинска песна; 2015).
На турски превел европска и античка поезија : Неруда, Лорка, Кавафи, Сафо, Херберт и др. Добитник е на голем број национални и меѓународни награди за својата поезија и преводи, а делата му се преведени на повеќе јазици.

Тијаго Понсе де Мораиш

Тијаго Понсе де Мораиш е бразилски поет и преведувач. Ги има објавено збирките Imp. (Caetés, 2006) и De gestos lassos ou nenhuns (Lumme Editor, 2010). Моментално ја завршува својата докторска теза за поезијата на Пол Целан и работи како професор во IFRJ (Федерален институт на Рио де Женеиро). Оваа година ја подготвува неговата трета збирка песни Dobres sobre a luz. Учествувал на неколку национални и интернационални поетски фестивали. Како преведувач, направил преводи на португалски на современи поети од Латинска Америка и Европа.

Марија Риџонова Ференчухова

Марија Риџонова Ференчухова е родена во Братислава. Дипломирала филмско сценарио и драматургија на Факултетот за филм и телевизија на Академијата за драмски уметности во Братислава (FTF VŠMU). Ги завршила магистерските студии за филмска историја и теорија и наука за јазиците на Високата школа за општествени науки во Париз. Моментално предава историја на светскиот филм во FTF VŠMU. Уредник е на филмското списание KINO-IKON и преведува од француски (Пол Вирило, Амели Нотомб, Филип Бренот). Има објавено три поетски книги Skryté titulky (Скриени поднаслови, Братислава: Drewo a srd, 2003), Princíp neistoty (Принцип на неизвесност, Братислава: Арс Поетика, 2008) и Ohrozený druh ( Загрозени видови, Братислава: Арс Поетика, 2013). Нејзините раскази, поезија и преводи се објавени во бројни месечни списанија и антологии. Нејзините песни се преведени на француски и англиски јазик

Гојко Божовиќ

Гојко Божовиќ (1972) е поет, есеист, литературен критичар, уредник и издавач.
Негови книги поезија се: Подземно кино (1991), Душата на ѕверот (1993), Песни за нештата (1996), Архипелаг (2002), Елементи (2006), Блиски богови (2012).
Книги со есеи: Поезија во времето: Антологија на српската поезија од втората половина на 20-от век (2000), Место што го сакаме: Антологија на современата српска поезија (2006-2011).
Антологии: Антологија на новата српска поезија: Деведесеттите, дваесетти век (2005), Место што го сакаме: Антологија на современата српска поезија (2006-2011; на англиски јазик), Светот околу нас. Антологија на современиот српски расказ (2009).
Неговите песни и есеи се преведени на многу европски јазици.
Ги добил наградите: „Душан Матиќ“, „Брана Цветковиќ“, Ѓура Јакшиќ“, „Бранко Ќопиќ“ и „Меѓународна поетска награда Европа Џовани“за поезија.
Основач е и главен уредник на издавачката куќа Архипелаг (Белград, 2007). Живее и работи во Белград, Србија.

Александар Шурбанов

Роден е во Софија, Бугарија на 5ти април 1941. Дипломирал на отсекот Англиска филологија на универзитетот во Софија во 1966. Од 1995 е професор по англиска книжевност на Универзитетот во Софија. Предавал бугарски јазик, книжевност и култура на повеќе универзитети во светот. Тој е основач и заменик претседател на Друштвото на писатели на Бугарија, Унијата на преведувачи на Бугарија, бугарскиот ПЕН центар, и основач на Советот на писатели и преведувачи од три мориња. Објавил девет книги поезија, од кои првата, Третата рака била објавена во 1974, а последната, Отсликувања, во 2011. Објавил четири книги есеистичка проза, два квази-патописа и дваесет книги со книжевен превод од англиски на бугарски, вклучувајќи ги Кантербериски приказни на Џефри Чосер, Изгубениот рај на Џон Милтон, Големите трагедии на Вилијам Шекспир, Дилан Томас, Тед Хјуз и други.

Јустина Баргиелска

Јустина Баргиелска (родена во 1977) е поетеса и писателка која живее во Варшава. Била лауреат на конкурсот за поезија Рајнер Марија Рилке (2001) и специјалната награда Јацек Биерзина (2002). Двапати ја добила наградата за литература Гдиња (2010 и 2011), а била номинирана и за наградите Вислава Шимборска и Нике. Нејзината поезија е преведена на неколку јазици, меѓу кои и англиски и словенечки. Ги објавила следните книги поезија: Сесии за љубовни врски (2003); Кинеска испорака (2005); Два фиата (2009); Бах за моето бебе (2012); Брзо за сите (2013); Нуделман (2014); и книгите проза: Мртвороденче (2010); и Мали лисици (2013).
Последната книга на Баргиелска Нуделман (2014), содржи мрачна и вознемирувачка поезија, за разлика од нејзината претходна игривост и ведрина. Тука се работи за нова, посилна, понекогаш брутална, а сепак поетска приказна. Таа нé потсетува дека човекот не е непобедлив туку дека е кршлив.

Томица Бајсиќ

Томица Бајсиќ е поет, преведувач, цртач и дизајнер. Има објавено четири книги поезија (Јужниот крст, Песни на светлоста и сенките, Воздух под морето и Бунтот на обесените), две книги патеписна проза ( Два света и уште еден и Амазон дише – училиште на далечниот крај на светот) и сликовницата за паркот на природата Велебит – Ана и Велебитската самовила. Неговата поезија е преведена на дванаесет јазици и застапена е во низа антологии и литературни списанија во Хрватска и ширум светот. Изведувана е на радио, на телевизија и на театарската сцена.

Чжоу Цан

Чжоу Цан е поет, преведувач, сценарист, литературен научник и основач на Крилја (книжевно списание за женска поезија во Кина). Докторирала на Универзитетот во Пекинг во 1999 год. и работи во Институтот за кинеска литература во Кинеската академија за општествени науки. Во 2008 год. Чжоу Цан, заедно со Цао-Ке-Феи во Пекинг го основа театарот Бубамара. Таа е и еден од главните членови на театарот Beijing Flowing Fire Tent. Нејзините дела ги вклучуваат поетските збирки: Ослободи ме; Пишувајќи за делото на Ксу Тао и Aнти-портрет, критичките есеи: Низ перископот на поетскиот збор и Откако ќе се ослободам од тишината. Работела на преводи на збирката песни од Маргарет Етвуд: Голтање оган: Песни 1965-1995 и на Навивачка за погреб од Нина Касјан.

Атила Вег

Атила Вег (поет, прозаист, филозоф), роден е на 13 февруари 1962 година во Будимпешта. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Дебрецен. Пишува поезија, раскази, романи, филозофски и литературни есеи, драми. Има објавено дваесетина книги: Обвинител (песни, 1999), Светлинска вредност (филмски критики, 2000); Метафизика на тонењето (филозофски есеи, 2001); Ода за небиднината (песни, 2001); Забрането градење (песни, 2003); Невидливиот брег (песни, 2004); Змиска кожа (дијалози, 2005); Пепелава уста (песни, 2008); Погледот на торзото (филозофски студии, 2010); Соништата на Јене Вирасто (раскази, 2012); Мигот на староста (песни, 2013); За да го испразниш своето срце (роман, 2014); Книгата на водата (фотоси, есеи, 2015) и др. Добитник е на наградата „Атила Јожеф“ за поезија. Главен уредник е на културната редакција на весникот „Маѓар Хирлап“.

Стефан Корвин

Стефан Корвин е роден во 1981 година. Живее и работи во Париз. Работи на фотографско и сликовито истражување на проектираните места на телото, меланхолични фигури и земји каде што животот е свиен внатре. Неговата поезија го истражува секојдневниот живот, гледа во него од внатре кон надвор, оставајќи физички простор за телото. Тој ги проучува контурите и раскрсниците на животот, мерејќи го притисокот на желбата и преиспитувајќи го стравот и шушкањето на времето.
Основач е на креативното книжевно списание наречено „Ака”, кое го изработува целосно рачно. Во 2015 година, тој ја основа издавачката куќа BRÛLEPOURPOINT која реиздава предизвикувачки, изгубени или заборавени книги. Првиот објавен автор на оваа куќа е Agnès Rouzier.
Од 2016 година, Стефан Корвин е дел од Европската поетска платформа ВЕРСОПОЛИС.

Џорџ Марио Анхел Кинтеро

Џорџ Марио Анхел Кинтеро e роден во колумбиско семејство во Сан Франциско, Калифорнија во 1964 година. Под името Џорџ Анхел, има објавено поезија, проза и есеи во американски и канадски списанија. Добитник е на стипендијата Валас Стегнер од Универзитетот Стенфорд и наградата Нилон доделена од Fiction Collective II. Во 1995 година, се преселил во Меделин Колумбија, каде објавува поезија, проза, драмски текстови и есеи на шпански јазик под името Марио Анхел Кинтеро. Има преведено голем дел од светската поезија од англиски на шпански јазик под псевдонимот Г. Леохена. Исто така активен е во полето на музиката, театарот и визуелните уметности.

Лиан О’Саливан

Лиан О’Саливан е родена во 1983 година на полуостровот Беара во западен Корк. Магистрирала англиски јазик при Универзитетот Корк во 2006 година. Освоила прво место на неколку ирски поетски конкурси во нејзините дваесетти години. Има објавено три збирки во издание на Bloodaxe, Чекајќи ги моите алишта (2004) и Калиеа: Вештерката од Беара (2009), за која ја добила наградата за ирска книжевност – „Руни“ во 2010 година и Патот на рудата во (2013) година. Во 2009 година ја добила наградата Ireland Chair of Poetry Bursary Award, во 2011 година ја добила наградата Lawrence O’Shaughnessy Award за ирска поезија, а во 2012 година ја добила наградата UCC Alumni Award. Нејзината поезија е вклучена во разни антологии, меѓу кои и Новите ирски поети на Селина Гинис (Bloodaxe Books, 2004) и Поезија 180 на Били Колинс: Враќање кон поезијата (Random House, 2003). Била на поетски престои и читања во Франција, Индија, Кина и Америка. Моментално предава креативно пишување на Универзитетот Корк во Ирска.

Јоланда Кастањо

Дипломирала шпански јазик и книжевност и студии за медиуми, и освен што е поет, преведувач, уредник и многу активен културен менаџер, Јоланда Кастањо многу години работела како колумнист во Галициска телевизија. Има објавено 6 книги поезија на галициски и шпански (Длабочината на полето и Вториот јазик се нејзините последни наслови), неколку памфлети и два зборника. Финалист била за Националната награда за поезија, а освоила многу награди за поезија меѓу кои Националната награда за критичари, наградите „Espiral Maior“, Fundación Novacaixagalicia, Ojo Crítico (најдобра книга поезија на млад автор во Шпанија) и наградата за Автор на годината доделена од галициските книжарници. Таа е релевантен културен активист, редовно организира месечни поетски читања, фестивали, книжевни и преведувачки работилници. Била генерален секретар на асоцијацијата на писатели на галициски јазик и придонесла во многу медиуми, книги, антологии, конференции и многу читања или мултимедијални поетски перформанси во и надвор од Галиција, вклучувајќи и многу интернационални поетски фестивали и средби. Координирала зборници, уметнички и поетски изложби, објавила творби како уредник, како и пет книги поезија за деца и четири преводи на шпански и галициски на современи автори. Некои од нејзините песни се објавени на 20 јазици.

Хавива Педаја

Хавива Педаја е родена во Ерусалим, студирала на Хебрејскиот универзитет и Училиштетo за визуелен театар во Ерусалим. Живее во Бершева, Израел.
Педаја е една од водечките научници и истражувачи во полето на еврејската култура и еврејскиот мистицизам, една од најеминентните израелски поети, културен критичар и активист за социјална правда. Таа е професор по еврејска историја и раководител на Центарот за проучување на шпански и ориентален накит–Елиакар на Универзитетот Бен Гурион. На хебрејски ги издала следните книги: Од запечатената арка (поезија), 1996; Раѓањето на душата (поезија), 2002; Окото на мачката ( роман), 2008; Крваво мастило (поезија), 2009; Отпечатоци (роман), 2014; Ран и доцен (поезија), 2015; Пеколот е рајот во рикверц (поезија), 2016.
Добитник е на многубројни награди меѓу кои и: Наградата за поезија и литература на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим – Хари Хершон (1989); За книгата Раѓањето на душата ги добила наградите: Претседателска награда за литература (2004) и наградата на Фондацијата Ачи (2005). За книгата Крваво мастило ја добила наградата Амичаи (2012).

Лаура Ачербони

Лаура Ачербони е родена во 1985 година во Џенова. Живее во Лугано. Дипломирала современа книжевност на Универзитетот во Џенова. Нејзините песни се објавени во неколку книжевни списанија. Ја има објавено и стихозбирката Околу она што не било (Achille Marazza Prize, Opera Prima 2012). Нејзината последна поетска книга, Делот на удавениот, е издадена во октомври 2015 во издание на Nottetempo.
Има освоено неколку национални и интернационални книжевни награди.
Од 2012 член е на Уредничкиот одбор во поетското списание Steve во кое пишува критики и преведува.
Од 2016 година таа е еден од организаторите на настанот Percorsi Poetici кој е дел од Интернационалниот поетски фестивал во Џенова. Куратор е на фестивалот за современа поезија GENOVA-VOCI кој се одржува во Универзитетската библиотека во Џенова.

Наџван Дарвиш

Наџван Дарвиш, роден на 8 декември 1978 година во Ерусалим, Палестина е еден од најистакнатите од својата генерација поети што пишуваат на арапски јазик. Дарвиш е поет, новинар, уредник и културен критичар. Моментално тој е главен уредник на Рубриката за култура во весникот Ал Араби Ал Џадид и работи како книжевен советник на Фестивалот за книжевност во Палестина. Во минатото имал неколку клучни работни позиции во полето на културата меѓу кои и главен уредник на списанието Мин ва Ила и културен критичар во весникот Ал Акбар од 2006 до 2012. Во 2014 година, Националното јавно радио ја вклучило неговата книга Нема веќе што да се изгуби како една од најдобрите книги таа година. Во 2009 година, фестивалот Хеј во Бејрут го прогласил за еден од најдобрите 39 писатели на арапски на возраст под 40 години.

Гитис Норвилас

Гитис Норвилас (роден 1976 година во Јонава, Литванија) е поет, преведувач, есеист. Дипломирал Теорија на историја на културата на Универзитетот во Вилнус. Започнал да ги издава своите дела во 1997 година. Неговата прва книга Akmen-skeltės (2002) е наградена со наградата за најдобар поетски дебитант на фестивалот Поетска есен во Друскининкаи. Книгата Išlydžių zonos (2012) е наградена со наградата за најкреативно издадено дело за 2012 од Литванскиот институт за литература и фолклор.
Член е на Литванското друштво на писатели. Живее во Вилнус. Уредник на културниот неделник „Литература и уметност“.
Преведува проза и поезија од германски и руски јазик. Превел дела од Туваните (народи кои живеат во Јужен Сибир), Стара индиска поезија и голем број на дела од германски и австриски поети како: Алберт Лихтенштајн, Хуго Бал, Август Страм итн.

Карлос Рамирес Вуелвас

Карлос Рамирес Вуелвас (Мексико, 1981). Автор е на поетските збирки: Сончева рака, Калиопа танцува со опиениот поет, Дом со три двора и Летото пристигна дома. Некои од неговите песни се појавуваат во антологиите Поширок свет, 40 млади поети (1971-1983), Светлината дава име и Извајано злато, Пламен на пасиштата, Доказ за мексиканската поезија (1970-1985), Современа поезија: Мексико-Колумбија и Општа антологија за мексиканската поезија.

Џалал Ел Хакмауи

Џалал Ел Хакмауи е роден во 1965 година во Казабланка. Предава книжевен превод и член е на Куќата на поезија во Мароко и Друштвото на писатели на Мароко. Тој е поет, преведувач, филмски критичар и независен новинар. Дел од неговата објавена поезија се: Сертификат за целибат (Paris: Éditions Galgamesh, 1997), Одење в кино (Toubkal, 2007), Она што не сум му го кажал на Ал Пачино, двојазично издание, (Brussels: Maelström, 2012), Совршен ден, (Brussels: Maelström, Maison de la poésie d’Amay, која ќе излезе во 2016). Моментално е директор на интернационалното електронско списание за поезија www.electronlibre.ma и на Интернационалната куќа на книжевни преведувачи во Мароко. Живее и работи во Рабат. Неговата поезија е преведена на француски, англиски, кинески, романски, италијански…

Томас Венцлова

Томас Венцлова, роден во 1937 година во Клајпеда (Литванија). Во 1977 година емигрирал од Литванија (во тоа време под окупација на СССР) како член на дисидентско движење. Многу години предавал руска, полска и литванска книжевност на Универзитетот Јејл и на истиот е професор емеритус по словенски јазици и книжевности. Добитник е на бројни национални и интернационални награди и објавил над педесет книги. Неговото творештво вклучува томови поезија, есеи, книжевни биографии и разговори. Неговата поезија, која првично е напишана само на литвански, е преведена на над дваесет јазици меѓу кои и на англиски, галски, француски, германски, италијански, шведски, полски, руски, кинески, јапонски итн.

Мартин Лангфорд

Мартин Лангфорд е роден во Плајмут, Девон, Англија во 1952 година. Емигрирал во Австралија на 8 години. Има објавено седум поетски книги со следниве наслови: Расед, 1991; Големиот ѕид на инстинктот, 1993; Биди искрен, 2000; Остров, 2000; Човечкиот проект: нови и избрани, 2009. Исто така во 2005 година објавил и збирка на афоризми за поезијата и поетиката со наслов Микротекстови. Најновата книга му е Тло (П&В, 2015 г.). Уредник е на Пристанишни градски песни: Сиднеј во стихови 1788-2008 г.  (П&В, 2009 г.). Активен учесник е во поетски организации и е заменик директор на Поетри ЛТД и поетски рецензент за Минџин. Неколку пати раководел со Австралискиот поетски фестивал.

Јоаким Сарториус

Јоаким Сарториус е роден во 1946 година во Фирт/Баварија, а пораснал во Тунис. Студирал право и политички науки во Минхен, Лондон и Париз. Бил дипломат во Њујорк, Истанбул и Никозија до 1986. По разните работни позиции кои ги имал во полето на интернационалната културна политика, бил на чело на Институтот Гете. Од 2001 до 2011година бил генерален директор на берлинските фестивали. Неговите опсежни издавачки проекти вклучуваат преводи на многу книги меѓу кои и Собраните дела на Малколм Лоури и Вилијам Карлос Вилијамс, како и од делата на Валас Стивенс, Џон Ашбери и Ален Курноу; соработки со уметниците Џејмс Ли Биарс, Емилио Ведова, Нан Голдин и Макс Њуман; како и ценети интернационални поетски антологии. Неговата поезија е собрана во осум тома, и сега е достапна на дванаесет јазици. Исто така има објавено и книга со есеи и два патописа: Принцевски острови (2008) и Геконите од Белапаис (2013).

Руна Светликова

Руна Светликова (Белгија, 1982) е поет, писател и графички дизајнер. Родена е 1982 година. Студирана графички дизајн, јазик и литература. Дебитирала во 2014 година со поетската книга Оваа мека бела соба објавена од „Мермер Прес“. Таа е добитник и на наградите „Херман Де Конинк“ (2015) за дебитантска книга  и Поетската награда „Џо Петерс“ за 2016 година, а била во најтесниот избор наградата „К. Будинг“ (2015), како и за „Пернат“ (2015).  Во 2016 ја добила наградата „Мостови на Струга“, која ја доделуваат СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга од млад светски автор. Редовно организира поетски читања и помали фестивали. Пишува на холандски јазик.

Маргарет Атвуд

Маргарет Елинор Атвуд е родена во 1939 година во Отава. Автор на повеќе од
четириесет книги поезија, проза, детска литература, раскази и стручна литература.
Додека студирала во Бостон ја објавила првата збирка поезија Кружната
игра
(1966) за која ја добива угледната награда за поезија на канадскиот Гувернер, а
со меѓународен углед се здобива со објавувањето на збирката Двојна Персефона. Во
следните неколку години наизменично пишува поезија и проза. Во нејзината поезија,
најчеста тема е односот на цивилизацијата и дивината и смета дека овие спротивности се
едни од најважните принципи во канадската литература. Има објавено преку петнаесет
збирки поезија кои се преведени на многу јазици и објавени во повеќе од дваесет и пет
земји.
Нејзиното поетско творештво ги вклучува: Кружната игра (1964); Животните
во таа земја
(1969); Дневниците на Сузана Муди (1970); Постапки од подземјето (1970);
Политики на моќ (1971); Ти си среќен (1974); Избрани песни (1976); Избрани песни (1965-1975);
Двоглави песни (1978); Црна луна (1984); Избрани песни (1966-1984); Маргарет Атвуд Песни
(1976-1986); Утро во изгорена куќа (1995); Голтање оган: Одбрана поезија (1965-1995); Врата
(2007).

Поема 𝄞:ПОЕТОТ СЕ ВРАТИ…

Поема 𝄞:МИГОТ

Поема 𝄞:ЈАДЕЊЕ ЗМИЈА

Поема 𝄞:БАБАРИ

Поема 𝄞:СОН 1: ШУМСКАТА ГРАДИНА

Беи Дао

Беи Дао е наjистакнатиот кинески поет од својата генерација, еден од главните писатели на модерна Кина. Се родил под името Жао Женкаи на 2 август 1949 во Пекинг, а неговиот псевдоним Бео Дао буквално значи „Северен остров“. Тој му беше предложен од страна на пријател за да упатува на потеклото на поетот од северна Кина како и на неговата карактеристична осаменост. Беи Дао стана еден од најважните поети на Загадочната школа, група на кинески поети кои реагирале против ограничувањата на културната револуција. Во 1978 Беи Дао и еден колега Манг Ке основале тајно книжевно списание Џинтијан (Денес), кое властите во 1980 година ќе забранат да се објавува. Песната „Хуида“ (Одговорот) на Беи Дао се зема како пркосна химна на продемократското движење и се појави на постери во текот на протестите и масакрот на плоштадот Тијананмен во 1989 година. Во текот на движењето на 1989 година, Беи Дао бил во Берлин како писател кој таму престојувал и кому не му било дозволено да се врати во Кина. Тој ќе ги помине следните 18 години во егзил, живеејќи во 8 различни земји. Се враќа во Кина во 2006 година, каде работи како универзитетски професор. Стихозбирките на Беи Дао се: Отклучување (2000 година), На работ на небото: Песни 1991-1996 (1996 година), Пејзаж над нулата (1995 година), Форми на оддалеченост (1994 година), Стар снег (1991 година) и Августовски месечар (1988 година). Тој е исто така автор на збирката куси раскази Бранови (1985 година) и две книги есеи, Сина куќа (2000 година) и Полноќна порта (2005 година), Неговото дело е преведено на повеќе од 30 јазици. Наградите и честа на Беи Дао ги вклучуваат наградата за поезија Арагана од Меѓународниот фестивал за поезија во Казабланка, наградата ПЕН / наградата Барбара Голдсмит – Слобода на пишувањето, и наградата Асоцијација Гугенхајм. Неколку пати бил кандидиран за Нобелова награда за книжевност и бил избран за почесен член на Американската академија на уметностите и книжевноста. На барање на палестинскиот поет Махмуд Дарвиш, тој отпатувал во Палестина како дел од делегацијата на Меѓународниот парламент на писатели. Она што веднаш секој читател на поезијата на Беи Дао ќе заклучи е дека таа опчинува со поетските слики, со метафори кои го окупираат вниманието и предизвикуваат на размислување околу значењета. Во таа жива интеракција на читањето, херметичниот глас на песната расцветува во една особена поетска сензибилност. Не се тоа само некакви опскурни метафори со усилен јазик, туку комплексни поетски слики со внатрешна логика и емотивност кои не овозможуваат лесен приод и толкувачка сигурност. Уникатната загадочна метафорика и елиптичка синтакса претставуваат комплексен внатрешен одговор на непријателскиот надворешен свет. Но кој е патот на поетот до овој негов загадочен стил и да се развие во зрел медитативен поетски глас кој станува еден интернационално најпознатите од кинеската литература. Трагањето на кинеските поети од седумдесетите по нова, автентична поетика, води преку експериментирање со „слободниот стих“ на херметичен јазик кој се карактеризира со индиректна метафорика поврзана со сонот и елиптична синтакса. Тие развиваат јазичен стил во кој темата, граматичкото време и број се неразбирливи и преминот е нејасен, и затоа е наречена школа на „загадочна поезија“. Тој нов став и приод, слободно може да се каже дека е средишно поетичко место на сите припадници на т.н. поетска школа на „загадочна поезија“, и ќе отвори нови простори и можности за модерниот кинески јазик. Беи Дао, Дуо Дуо, Гу Ченг, Хе Донг, Јанг Лиан, Ха Џин и другите од оваа група околу списанието Џинтијан направија современата кинеска поезија смело да зачекори во тие нови поетски простори. Она што го карактеризира неговото лично настојување во создавањето нов поетски јазик, е што покрај влијанието и прифаќањето сите западни исчекорувања и поетски револуции, сепак се слуша ехото, одѕвонувањето на традиционалната кинеска поезија, во оној дел на развојот на нова поетска слика. Во личниот опит на Беи Дао има по нешто и од надреалистичкото наследство, зашто заедничка им е таа потрага по нов, ослободен јазик, кој, како што вели Дијан Ли, еден од неговите најголеми проучувачи, „… не е ништо друго освен јазик на нереални слики, јазик на „тотален субјективизам“ во кој причинската врска се раскинува и детерминизмот исчезнува, отстапувајќи им пат на слободната асоцијација и отворената аналогија. Преку овој јазик, Беи Дао ја најавува својата спротивставеност на светот и неговата оддалеченост од „насилството на јазикот“ што ги воспоставува редот и стабилноста, „реалноста“ на овој свет.“ Егзилот на поетот дополнително ќе придонесе за една неизбежна промена во неговиот став кон мајчиниот јазик. „Кога пишувате на кинески, а живеете во странство, мајчиниот јазик е единствената реалност.“- вели самиот во едно интервју. Тој пат кон изнаоѓањето на неговата сопствена поетика поаѓа од свесноста дека поезијата се соочува со криза во формата, а користењето на старите техники е недоволно, при што особената употреба на метафората, симболот, синестезијата, промените во гледната точка и перспективата, испрекинатата низа на времето и просторот итн., нудат нови перспективи. Во неговата поезија тој често се обидува да ја воведе техниката на филмска монтажа и со создавање на сопоставени слики и промени во брзината, сака да ја поттикне имагинацијата на луѓето да го пополнат големиот јаз меѓу зборовите. Тежнее да ги испита можностите, способностите на поезијата, преку одбирот на зборовите и обликувањето на стиховите максимално редуцирајќи го изразот. Неговата минуциозна внимателност во обликувањето „поетскиот простор“ и продорната моќ на стиховите секогаш се истакнува најсилно во последните зборови на песната. Без сомнение, тоа настојување води во насока да се изгради своја автентична минималистичка поетика, притоа вешто избегнувајќи ги замките на маниризмот од една, и на некакво бесмислено пеење, на антипоетски експерименти од друга страна.

Песна:Ај, одиме

Адонис

Pоден е во Ал Касабин, 01. 01. 1930 г. Поет и есеист, роден е во Сирија, а подоцна станува државјанин на Либија. Тој е најголемиот современ арапски поет. Неговото творештво претставува сјајна лирска синтеза на Истокот и на Западот, еден нов литературен израз и толкување. Дела: Песни на Мијар Дамаскинецот, 1961; Книга на метаморфозите и селидбата во пределите на денот и ноќта, 1965; Театарот и огледалата, 1968; Време меѓу пеплишта и рози, 1970; Еднина во форма на множина, 1977; Книга на опкружувањето, 1985; Похота што блика во мапите на материјата, 1987; Светлосни прослави, 1988; Втора азбука, 1994. Автор е и на повеќе книги и есеи.

Песна:На песната

Песна:Урнатини

Песна:***

Песна:**

Ко Ун

Поет – монах до 1962, Нихилистички поет до 1972. Поет дисидент до 80тите, но после едноставно, само поет, врвен поет, водечки поет, до денес. Се разбира, единствено иднината е таа која ќе му го додели местото меѓу најголемите. Тој веќе ја носи титулата „ Национален поет на Кореја“. Но сепак, „она што е највосхитувачко во ракописите на овој поет“– потенцира Американскиот поет лауреат Роберт Хас – „ е како тој се реосмислува себе си во секоја декада од неговиот живот. Повеќето од песните кои ги пишува во најраниот период , од 1952 до 1962, додека беше монах подвигнат на екстремна зен пракса, сакаат да ја прикажат јаловата и менлива природа на животот. Во поезијата доминира болеста, психичките нарушувања, смртта, вградени во стихот со суптилна естетика и симболика. Поетот трага по смислата и преокупиран е со необјасливата кулминација на животот во услови на смрт. Стихови кои истовремено носат будистичка длабочина и човечка агонија. Во периодот од 1962 до 1972, новина во неговото творештво се чувството на природност и спонтаност. Во овој период неговиот поглед кон нештата е темен и нихилистички, полн со очај и себеотфрлање. Не е за изненадување што овој период кулминираше со речиси успешен обид за самоубиство. Во годините на социјалните немири, помеѓу 1973 и 1983, со самото интензивирање на продемократското движење, поетиката на Ко Ун добиваше нова трансформација. Таа почна да ја одразува трагичната димензија на Корејската историја, која е длабоко вградена во поетовото чувство за мизерните околности во кои се наоѓа корејскиот народ во дваесетитот век. После годините во затвор, од 1983, Ко Ун станува многу продуктивен, ќе напише многу поетски збирки, меѓу кои и неколкутомните „Десет илјади животи„ и „Планината Паекту“. Овие дела се последица на случувањата поврзани со Движењето за демократија во мај 1980, кога стотици граѓани беа убиени од корејската војска, како и поетовото апсење, затворање и соочување со смртта. Уште во воениот затовр тој отпочнува серија на наративни вињети наречени Десет илјади животи, книга која сеуште се развива, во која поетот ја претставува секоја личност која што ја запознал. „Планината Паекту“ претставува неколкутомно епско дело во кое авторот го прикажува Корејската борба за независност за време на јапонската окупација. Од тогаш поетот издава преку 40 книги. Критиката овој феномен го нарекува „голема поетска експлозија„ . Во фокусот на критиката е јазикот во двете епски книги, кого го нарекуваат „јазикот на ослободувањето“ – непосреден, но лавински силен, народски, но чист, смирен, а крцкав, сликовит и експресивен. . За „Десет илјади животи“ Роберт Хас ќе рече дека тоа е „еден од најнеобичните проекти во светската книжевност на дваесетитот век“. Подоцна за Вашингтон Пост ќе каже дека „овие песни се исклучително богати. Анегдотични, заводливи, полни со детали од човечките животи, неспоредливи со ниедна Корејска поетика што сум ја сретнал до сега.“ Огромното чувство за историја и љубовта кон својот народ и земјата го создадоа најголемиот сон на Ко Ун, да ја види обединета Кореја. Овој сон се провејува и во неговата поезија од седумдестите години. Тој ја посетува Северна Кореја и го придружува претседателот Ким на историскиот самит за обединување, и како резултат од овие посети, излегува збирката поезија „Југ и Север“ (2000). Покрај што го изразува силниот стремеж за мир во својата земја, поезијата создадена во деведесетите години, повикува на обединет и отворен свет на хармонија, слобода и љубов, свет во кој секое битие ќе живее во прегратка на сомилост. Умот на Ко Ун е секогаш во состојба на спремност, и тој признава дека има нешта за кои треба да пишува уште токлу колку што досега напишал. Во поговорот на книгата „Планината морски дијамант“ за својата креативна природа Ко Ун ќе запише: „Ако некој го отвори мојот гроб после неколку години од мојата смрт, тој ќе биде полн, но не со моите коски, туку со песните напишани во таа гробна темнина…Дали сум многу приврзан за мојата поезија? Моите песни стојат рамо до рамо со чинот на предавање на стиховите, мојата приврзаност за поезијата е поврзано со моето ослободување преку неа.“ Тој сака целиот свој живот , дури и својата смрт, гроб, да ги трансформира во поезија, додека во истовреме одбива да остане заробен во стегите да се пишува поезија како причина сама за себе.

Хосе Емилио Пачеко

Хосе Емилио Пачеко Берни се родил во Мексико Сити на 30 јуни 1939 година. Поет, раскажувач, есеист, новинар, преведувач и професор на факултет. Почнал да се истакнува уште кога бил многу млад како еден од главните припадници на таканаречената Средвековна генерација во родната земја. Студирал право и книжевност на Националниот автономен мексикански универзитет, каде што ги издал своите први книжевни текстови во студентски списанија. Потоа соработувал со прилогот Рамас Нуевас (Нови гранки) од списанието Естасионес (Годишни времиња), бил помошник уредник на Ревиста де ла универсидад де Мексико (Списанието од мексиканскиот универзитет) и главен уредник на прилогот Мексико ен ла Култура (Мексико во културата). Неговите седмични статии за списанието Просесо (Процес), кои излегуваа неколку децении, претставуваат еден од највозвишените примери за новинарство од областа на културата во Јужна Америка. Тој бил истражувач од Катедрата за историски студии на Националниот институт по антропологија и историја, искуство од каде што потекнуваат неговите истакнати изданија, Мексиканска поезија на деветнаесеттиот век (1965) и Антологија на модернизмот, 1884-1921 (1978). Предавал на универзитетите во Мексико, Соединетите Американски Држави, Канада и Обединетото Кралство. Бил назначен за почесен доктор на универзитетите: Автономниот универзитет на Нов Леон (2009), Автономниот универзитет на Кампече (2010), Националниот автономен универзитет на Мексико (2010) како и добитник на наградата Алфонсо Рејес од Мексиканскиот институт (2011).

Нанси Морехон

Eднa од најистакнатите кубански поети и интелектуалци, Ненси Морехон има објавено повеќе од дваесет збирки поезија, три монографии, драмска песна, и шест критички студии на Кубанската историја и литература. Таа се здоби со меѓународна репутација за својата поезија, која е преведена на неколку јазици, и застапена во многу антологии. Меѓу многуте награди, таа е добитник и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (2006), и наградата Рафаел Алберти (2008).

Васко Граса Моура

Pоден е во близина на Порто, но сега со седиште во Лисабон, Васко Граса Моура е најреномираните преведувач на поезија во Португалија, добитник на големи награди за неговите интерпретации на Дантеовата Божествена комедија (1995) и сите сонети од Шекспир (2002), како и за неговиот превод на Петрарка, Готфрид Бен, Рилке, Шејмас Хини и други. Некои песни медитираат на уметност и музика, други се инспирирани од историски и книжевни личности, па дури и интензивно лични песни поврзани со големи, хуманистички проблеми. Поетска традиција, повеќе од тематски предмет, се рефлектира во пишувањето на поезијата, поетот ја ревитализира ренесансната метрика и римски шеми навлезени во Португалската поезија од Италија. Како поет, се прослави со книгата Модус што се менува (1963), по која следеа, меѓу останатите, Англиска седмица (1965), Декември и други песни (1976), Рецитативи (1977) Инструменти за меланхолијата (1980), Концерт во поле (1993), Семејни сонети (1995), Песни со личностш (1997), Тестамент на вгм (2001). Како раскажувач ги објавил: Четшри последни песни (1987), Бродолом на Сепулведа (1988), Заминувањето на Софонизба во шест и дванаесет наутро (1993), Смртта на Никој (1998), Љубов моја, ноќе беше (2001). Како есеист, ги објавил книгите: Луис де Камоеш: неколку предизвици (1980), Повеќе гласови (1987), Портрети на Изабел и други обиди (1994). Освен тоа, објавил и две пиеси: Смена на момчињата на удар (1987) и Актот на Мофино Мендес (1994); еден дневник: Проживеани околности (1995); три книги хроники: Хартии од дневник (1997), Против Бернардо Соареш и други опсервации (1999) и Страници од Порто (2001); и една книга за деца: Чизмите на наред- никот (2001). Како преведувач, Васко Граса Моура ги има преведено, меѓу останатите, Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Валтер Бенјамин и Нов живот и Божествената комедија од Данте Алигиери. За последната ја има добиено наградата Песоа во 1995 година.

Хусто Хорхе Падрон

Xусто Хорхе Падрон е роден 1943 година во Лас Палмас де Гран Канарија, на Канарските острови, во Шпанија. Тој е Генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично
списание за поезија ‘Екиваленсијас’ од 1982 до 1994 година и директор на Меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас де Гран Канарија од 1992 до 2002 година. Беше претседател и организатор на Шестиот светски конгрес на поетите што се одржа во Мадрид во 1982 година. Неговата поезија е преведена на
четириесет и четири јазици, а објавени му се стотина книги на странски јазици. Добитник е на триесетина меѓународни награди и признанија меѓу кои ги истакнуваме: Меѓународната награда на Шведската академија, 1972 год.; Наградата Меѓународен Бард на Меѓународното здружението на современи поети, Мелбурн, Австралија, 1981 год.; Меѓународната награда на Мадрас, Индија, 1982 год.; Златниот медал на кинеската култура, 1983 год.; Европската награда за книжевност, Југославија, 1986 год.; Големата меѓународна награда за литература на Софија, Бугарија, 1988 год ; Двократен добитник на наградата „Нова Македонија” за најдобра
песна на СВП, Скопје, Македонија, 1989 год. и 2002 год.; Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Македонија, 1990 год.; Меѓународната награда „Блез Сендрар“, Швајцарија, 1994 год.; Меѓународната награда „Никита Станеску”, Романија, 1996 год.; Меѓународната награда на градот Трст, Италија, 1999 год.; Меѓународната награда „Леополд Седар Сенгор”, Дакар, Сенегал, 2003 год.; Наградата на 9-от Меѓународен саем на книгата во Лима; Перу, 2004 год.; Наградата „Златно класје” на Меѓународниот поетски фестивал „Сесар Ваљехо” во Трухиљо, Перу, 2008 год.

Љубомир Левчев

Љубомир Левчев е роден на 27. 4. 1935 година во Тројан. Завршил филозофско-историски факултет на Универзитетот Св. Климент Охридски во Софија. Бил уредник и главен уредник на весникот Литературен фронт (1961-1971), прв заменик-министер за култура на Бугарија (1975-1979), претседател на Сојузот на бугарските писатели (1979-1989). Од 1991 година е уредник и сопственик на издавачката куќа Орфеј и на истоименото меѓународно списание. Неговата прва поетска книга Ѕвездите се мои излегува во 1957 година. Во 2007 година ја публикува поетската збирка Последни поеми. Во тој период од 50 години објавил повеќе од 30 книги поезија, како и романите Убиј го Бугаринот! (1988) и Ти си следниот (1998). Во 2008 година излегува од печат седмиот и последен том од неговите Избрани дела со наслов Опасна слобода. Поетското дело на Левчев е објавувано во 34 земји со 70 одделни книги. Тој е заслужен деец на културата (1997), почесен доктор на науките на Бугарскиот слободен универзитет, редовен член на Европската академија за уметност, наука и култура од Париз, член- основач на Европската академија за поезија од Луксембург, член на меѓународниот дом на поезијата во Брисел, член на Меѓународниот литературен фонд од Москва и почесен член на Каза национал де поезија од Лима.

Махмуд Дарвиш

Pоден е 1942. во селото Барвех во Галилеја. Најпознатиот палестински почина во САД во 2008 г. За својата политичка активност тој бил повеќе пати затворан и ставан во домашен притвор. Бил уредник на весникот Итихад пред да замине 1971. на едногодишни студии во СССР. Потем оди во Египет; во Каиро работи за весникот Ал-Ахрам, оди во Бејрут, Либан, каде што е уредник на списанието Палестински изданија, а бил и директор на Палестинскиот истражувачки центар. До своето враќање во Палестина во 1996 година бил член на Извршниот одбор на Палестинска ослободителна организација (ПЛО) и живеел во прогонство меѓу Бејрут и Париз. Песните му се добро познати низ сиот арапски свет, а некои од нив се компонирани и како песни за пеење. Со годините поезијата му се здобила и со меѓународна слава, па некои од нив – од објавените 30 поетски и прозни збирки – се преведени на 35 јазици. Основач и главен и одговорен уредник е на престижното книжевно списание Ал Кармел, обновено во 1997 од центарот Сакакини, во кое е почесен член. Најпознати поетски книги му се: збирката Постела на странец (1998), поемата Мурал (2000), Опсадна состојба (2002). Во 1997 за него е снимен документарец за француската ТВ

Фатос Арапи

Pоден е 1930 година, студирал економија во Бугарија, а во Тирана работел како новинар и лектор на модерната албанска литература. Неговиот творечки опус се состои од 25 книги. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во далечнте 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија Поетски патеки и Поеми и стихови. Со тие збирки внел елементи од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни списанија неговата поезија е опишана како хармонија во која се спојуваат морските бранови и идеите за ослободување на индивидуата од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради промените што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија. По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Тој сeуште е една од водечките фигури во поетското творештво во тој дел од Европа.

Вилијам Стенли Мервин

Pоден е 1927 г. во Њујорк, САД. Еден од водечките поети во Америка. Во неговата поетска кариера што се протега низ повеќе од пет децении, има објавено огромен број наслови меѓу кои се збирките: Склопување на стените, Звукот на реката, Цвет и рака и Зеница, а пролетта 2005 излегоа од печат и неговите Избрани песни 1951-2001. Во 1949 година, на 22-годишна возраст, доаѓа во Европа каде во текот на следните седум години работи како тутор и воодушевено ја проучува и преведува европската поетска традиција (од француски, шпански, португалски и латински јазик). Живеел во Франција, Португалија и на Мајорка. За време на престојот во Европа и по неговото враќање во САД ги објавува првите поетски збирки Маска за Јанус (1952, избрана за најквалитетна дебитантска збирка од американски автор од страна на В. Х. Одн), Мечки што танцуваат (1954), Зелено со ѕверови (1956), кои веднаш го исфрлаат во преден план како еден од најталентираните и најоригиналните млади американски поети чија необична поезија во себе вклучува експерименти што дотогаш не се видени и прочитани во современата американска поетска традиција. По првите книги следуваат и Пијан во печката (1960), Подвижна цел (1963), Вошки (1957), Носач на скали (1970), за која е награден со престижната Пулицерова награда за литература, Бледите деца на рударот (1970, куса поетска проза), Записи за недовршена музичка придружба (1973), Цветот компас (1977), Куќи и патници (1977, куса поетска проза) и други. За својот поетски опус ги има добиено уште и престижните американски награди: Танинг, Болинген, наградата на Американската поетска академија (1974), Рут Лили и Ланан за животно дело. На крајот од 1970-те Мервин се сели на Хаваите каде ја надградува својата поезија со нови искуства и слики како резултат на што се појавуваат збирките Откривање на островите (1982), Отворање на дланката (1983), Дожд во дрвајата (1987), Патувања (1993), како и збирка куси прозни и есеистички записи Неврамени оригинали (1982). Покрај тоа што е извонредно плоден поет, Мервин е и неуморен преведувач, за што го има добиено највисокото признание за превод во САД на американскиот ПЕН клуб (1979).

Томас Транстромер

Pоден е во 1931 година во Стокхолм. Уште во втората година на класичното гимназиско образование Транстромер објавува песни во училишното списание. Коментарите на неговиот професор по латински јазик се дека момчето пишува неразбирливи модернистички чкртаници. Транстромер дебитира на 23 години, за време на неговите студии по историја на религиите на Универзитетот во Стокхолм. Неговата прва збирка 17 песни доживува успех промовирајќи го силниот талент на поетот и уметничката вредност на песните. Студиите ги завршува на Психо-техничкиот институт во Стокхолм во 1956 година, а потем работи во истиот Институт до 1960 година. Потем се вработува како психолог во Институтот за пазар на работна рака во Вестерос, во 1960 година. Паралено пишува и поезија. Неговите збирки се релативно мали по обем, но според неговите познавачи, зад секоја од нив стои повеќегодишна работа. До деведесеттите години добива повеќе награди за поезија, како во татковината така и во странство. Преведен на повеќе од четириесет јазици. Во 1990 година страда од излив на крв во мозокот, при што десната страна му останува неподвижна, а драстично му се намалува и способноста за говор. И покрај оваа несреќа, Транстромер продолжува со пишување и со свирење пијано, со левата рака. Почина на 26 март 2015 година.

Славко Михалиќ

Pоден е во Карловац на 16. 3. 1928 година, а починал на 5. 2. 2007 г. Најистакната поетска личност во современата хрватска поезија, која со богат поетски речник, со нова метафорика и со уверливи зборови говори за непосредните проблеми на секојдневјето. Искрен е и уверлив кога пее за личните и за социјалните мотиви, исто како и кога третира сложени филозофски теми. Дела: Камерна музика, 1954; Пат во непостоење, 1956; Дарежливо прогонство, 1959; Годишно време, 1961; Последната вечера, 1969; Тивки клади, 1985; Кадифена жена, 1993; Акордеон, 2000.

Шејмас Хини

Pоден е во Мосбон, Северна Ирска, на 8. 7. 1939 г. Ирски поет, есеист и преведувач, добитник на Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на природословецот (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов фенер (1987) и Привиденија (1991). Пишувал и есеи.

Едоардо Сангвинети

Pоден е во Џенова на 9. 12. 1930, а починал на 18. 5. 2010 г. Писател, општественик и универзитетски професор. Полемички е настроен спрема херметизмот во поезијата. Дела: Ги објавил поетските книги: Лаборинтус (1956), Опус метрикум (1960), Катамерон (1974), Разгледници (1978), Бележник (1981), Најновиот завет (1985), Конечни заклучоци (1997), Нешта (1999) и др. Негови најзначајни критичко-есеистички книги се: Три студии за Данте (1961), Алберто Моравија (1962), Идеологијата и јазикот (1965), Мисијата на критичарот (1987) и др. Ја приредил антологијата Италијанската поезија на 20 век и превел голем број дела од грчките и римските класични автори (Есхил, Софокле, Еврипид, Аристофан, Сенека, Петрониј).

Ив Бонфоа

Pоден е во Тур на 24. 6. 1923 г. Поет и есеист, преведувач. Студирал филозофија, историја и историја на уметноста. Неговата поезија е херметичка и тешка. Покрај тоа што е поет, значаен е и како критичар, автор на есеи и студии од областа на книжевноста, сликарството и музиката. Голем познавач е и преведувач на Шекспир. Како поет дебитирал во 1953 со поетската книга За движењето и мирувањето на Дува.Дела: Анти-Платон, 1947; Испишан камен, 1959; Сенка што дише, 1963; Во стапицата на прагот, 1975; Почеток и крај на снегот, 1991; Подалеку, побрзо, 1996 и други.

Лу Јуан

Pоден е во Вухан, провинција Хубеи, 3. 7. 1922 г. Еден од најзначајните современи кинески поети. По излегувањето на неговите Избрани дела, кога станал и добитник на Големата национална награда за поезија за стихозбирката Друга песна, бил прогласен за најголем жив кинески поет. Тој е и еден од најголемите кинески преведувачи (Гете,Рилке, Хегел и др.). Дела: Нов почеток; Сосредоточување; Поема за човекот; Страк трева; Недогорена книга.

Макото Оока

Pоден во Мишима, 16. 2. 1931 г. Најзначаен современ јапонски поет; неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот; има напишано и стотина театарски дела, радиодрами и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи. Автор е на книгите: Споменот и сегашноста (1956), Нејзината парфимирана плот (1971), Цртеж во перспектива посветен на летото (1972), За една девојка напролет (1978), Престолнината на водата (1981), Порака на водата од родната земја (1989) и др. Во 1978 во Токио излегоа неговите Собрани дела во 15 тома.

Јехуда Амихај

Pоден во Вирцбург, Германија, 2. 6. 1924, починал во Ерусалим, 1. 10. 2000 г. Еден од првите израелски поети што својата поезија ја пишувал на хебрејски јазик. Објавил 13 книги поезија на хебрејски, десетина избори на англиски јазик (од кои четири се издадени двојазично), потоа два романа, од кои романот Не од ова време, не од ова место (1963) е еден од најчитаните во Израел, една збирка раскази, три книги за деца и една збирка со драми. Неговите поетски книги доживуваат огромни тиражи. Преведен е над дваесет светски јазици. Добитник е на многу награди за литература (Израел), а станува и прв поет од странство што ја добил наградата Книжевен лав (Њујоршка библиотека). Дела: Песни (1948-1962), Ерусалим, 1963; Поезија, СВП, Струга, 1995.

Тед Хјуз

Pоден во Јокшир, 17. 8. 1930, а починал на 28. 10. 1998 г. Англиски поет, бил оженет со популарната поетеса Силвија Плат која се самоубила. Заедно со Даниел Вајсборт во Лондон го уредувал книжевното списание Модерна поезија во превод во кое ги претставувале најпознатите модерни писатели на 20 в. Врз неговото творештво најсилно влијание има делото Птици, животни, цвеќиња од Д. Х. Лоренс. Фасциниран е од животните и ја изразува суштината на живите суштества. Автор е на поетските книги: Сокол на дожд (1957), Луперкалии (1960), Гавран (1970), Гаудете (1977), Пештерски птици (1978), Остатоци од Елмет (1979) и др.

Генадиј Ајги

Pоден во Зајмурзин, Руска Федерација, 31. 8. 1934 починал на 21.2. 2006 г. Поет, есеист и преведувач, по националност е Чуваш; од 1960 г. се определува да пишува на руски јазик (до тогаш пишува на родниот чувашки). Неговите книги се објавувани во повеќе европски земји. Во 1993 г. е добитник на „Златен венец“ на СВП. Дела: На чувашки јазик објавил седум книги: Музика за цел живот, 1962; Од името на татковците, 1958; Чекор, 1964; Расветлување, 1971; Јазол, 1975; Песни, 1980; Тестамент, 1988; Полиња близнаци, 1987; Три поеми за Малевич, 1989 и Сега постојано снег.

Ференц Јухас

Pоден во Биа, Унгарија, на 16. 8. 1928 г. Еден од најголемите унгарски и европски поети на 20 век. Првата поетска збирка Крилатиот пастув ја објавил во 1949, а потоа Татко ми (1950) и Расипничка држава (1954). Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов Љубовта на Вселената. Потоа бил објавен нов избор во два тома Момчето што се преобрази во елен (1971) и Порта на тајната (1972). Книгата Златниот меч на спасот е објавена во 1973. Дела: Мртвиот кос (најголем унгарски еп, 1985); Црниот орелски крал (1988); Враќањето на покојникот (1988) и Подземна лилија (1991).

Јосиф Бродски

Pоден е во Санк Петербург на 24. 5. 1940 година, а починал во Њујорк, 28. 1. 1996 г. Руски поет, нобеловец. Со поезија и превод се занимава од 1963. Истата година бил обвинет за паразитизам, а неговите стихови биле опишани како мешавина од декаденција, песимизам, модернизам и чисто дрдорење. Поради тоа бил осуден на пет години прогонство и принудна работа, па по една година бил помилуван. Тогаш во повеќе земји се појавиле преводи од неговите песни, а на руски јазик во Њујорк излегла книгата Песни и поеми (1965). Потоа излегува и Станица во пустината (1970). Во 1976 во Америка ја објавил книгата Вид говор. Во 1987 добил Нобелова награда. Дела: Крај на прекрасната епоха, 1977; Уранија, 1987 и др. Најпозната есеистичка книга му е Помалку од едно, 1986.

Томас Шапкот

Pоден во Ипсвич, Австралија, на 6. 9. 1935 година, еден од најзначајните современи австралиски поети. Со голем успех пишувал и романи, како Белиот елен на прогонот (преведен и на македонски јазик). Првите стихови почнал да ги објавува во 1954 г. Во 1987 г. во Скопје излегла Антологија на современата австралиска поезија во негов избор и предговор. Дела: Одбрани песни (1978), Добредојде (1983) и Патувачки коцки (1987).

Десанка Максимовиќ

Pодена во Рабровица, Србија, на 16. 5. 1898 година, починала во Белград на 8. 7. 1993 година. Значајна српска поетеса која остварила мошне вреден и разновиден поетски опус. Била член на САНУ. Добитник е на повеќе награди и признанија. Дела: Збирки песни: Песни, 1924; Градина на детството, 1927; Зелениот витез, 1930; Мирисот на земјата, 1955; Заробеник на соништата, 1959; Барам помилување, 1964; Зборувај тивко, 1961; Немам повеќе време, 1973; Летопис на Перуновите потомци, 1976; Ничија земја, 1979; Слово за љубовта и Меѓници на сеќавањето, 1983. Раскази: Лудилото на срцето, 1931 и др. Романи: Бунтовниот клас, 1960 и други. Исклучително место зазема како детски и младински поет (Пајаковата лулашка, Распеани приказни и др.).

Песна:Трепет

Тадеуш Ружевич

Pоден на 9. 10. 1021 г. во Радомско, Полска. Ружевич припаѓа на првата генереација полски поети, родени и едуцирани по полското осамостојување во 1918 година. Неговите први младешки песни се објавени во 1938 година. Во текот на Втората светска војна, заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така е поет) е војник во рамките на нелегалната антифашистички ориентирана Армија Крајова. За разлика од Јануш, кој е погубен од Гестапо во 1944 година, Ружевич ја преживува војната и до неговото драмско деби во 1960 година издава дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш до денес има напишано речиси педесет драми. Оваа ерупција на драматуршка енергија е придружена со привремени навраќања кон поезијата и кратки излети во светот на прозата. Ружевич се смета за еден од најдобрите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски драматург. Негови најпознати драми се: Картотека, Прекинатиот чин, Наталитет, Гладниот уметник си оди и Бела венчавка.

Јанис Рицос

Pоден е во Монемвасија на 1. 5. 1909 година, а починал во Атина на 9. 9. 1990 година. Грчки поет кој имал тежок и мрачен животен пат (минува пат на маченик и прогоненик, политички затвореник и револуционер). Создал грандиозно дело (80 издадени поетски книги со над 100.000 стихови) преку кое успеал на својот автентичен талент да му даде белег на величественост и универзалност. Дебитирал со збирката Трактор (1934). Рицос е добитник на многу меѓународни награди и признанија, неговите стихови се преведувани на речиси сите јазици во светот, а самиот на грчки има преведувано стихови од Блок, Атила Јожеф, Хикмет, Мајаковски и приредил повеќе антологии. Дела: Пирамидите (1935), Епитаф (1936), Песна на мојата сестра (1937), Старата мазурка во ритам на дожд (1942), Макронисос (1949), Несоница (1954), Утринска ѕвезда (1955), Месечева соната (1957), Мртвата куќа (1962), Хеленството (1966); драмски поеми: Филоктет и Орест, Ѕид во огледалото, Сведоштва, Ходник и скалила итн.

Ален Гинзберг

Pоден во Њу Џерси на 3. 6. 1926 г. а починал во Њујорк на 6. 4. 1997 година. Пред да студира на колеџот Колумбија, работел како мијач на садови, морнар, заварувач итн. Со објавувањето на Рев во 1957 година станува духовен водач на младите (бит-генерација) во Америка. Патувал по целиот свет на читања и има играно во два филма. Дела: Сенвички реалности, 1963; Планетарни вести, 1968; Падот на Америка, 1972; Празно огледало, 1948; Рев и други песни, 1956; Кадиш, 1960.

Андреј Вознесенски

Pоден во Москва на 5. 12. 1933 година каде и починал на 1. 6. 2010 година. Руски поет, слободен творец. Пишувал експериментална поезија што секогаш се потпирала врз радицијата на руската авангарда. Истражувал нови можности и употребувал звучни асоцијации и асоцијативни низи, гротескна и парадоксална метафорика, а, исто така, при градбата на своите стихови се потпира на архитектурата и сликарството. Дела.: Парабола, 1960; Мозаици, 1960; Триаголна крушка, 1962; Антисветови, 1964; Ахилово срце, 1966; Сенката на звукот, 1970; Дабов виолончелов лист, 1975; Соблазна, 1978; Неконтролирано, 1981.

Никита Станеску

Pоден е во Плоешти на 7. 5. 1933, починал во Букурешт на 17. 11. 1983 година, романски поет, уредник на списанија. Уште со својата прва збирка Смислата на љубовта (1960) станал познат. Со секоја нова поетска книга ги потврдувал новите стихови ослободени од товарот на минатото. Дела: Една визија на чувствата (1964), Правото на време (1965), Јајцето и сферата (1967), Црвено вертикално (1967), Незборовите (1969), Во слаткиот класичен стил (1970), Величината на студот (1972), Јасноста на срцето (1975); Книга за препрочитување (1972).

Сачидананд Хирананд Ватсјајан – Агјеј

Pоден е во Лакно, Индија, на 7. 5. 1911, починал во Њу Делхи, 8. 3. 1989 година. Најзначаен индиски поет на хиндски јазик; во литературата влегува со прекарот Агјеј (незнајниот или оној што не може да се долови). Автор е на 15 книги поезија, три романи и повеќе збирки есеи. Бил уредник на списанија и автор на антологии. Неговата лирика се одликува со длабок интимизам и филозофски проблесоци Дела.: Трепет, Острови во струјата, Миг на зелената трева, Гласник на поразот, Лудиот ловец, Знаци и молчења.

Блаже Конески

Pоден е во с. Небрегово, Прилепско, на 19. 12. 1921, почина во на 7. 12. 1993 година. Филолог, поет, универзитетски професор. Најистакната фигура на македонистиката во периодот по ослободувањето на Македонија. Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и нејзин најистакнат претставник (составувач на најголем дел од првиот Македонски правопис, 1945, и на проширеното издание Македонски правопис со правописен речник, 1950 година). Творец на основоположничките трудови на македонскиот јазик (граматиката, речникот, историјата, историската фонологија). Основното образование го почнува во родното село на неполни шест години за да не згасне училиштето поради недоволен број ученици. Откако го завршил првото оддлеление, семејството се преселува во Прилеп, па таму го завршува осумгодишното школување. Средното образование го продолжува, поради укинувањето на гимназијата во Прилеп, во гимназијата во Крагуевац и матурира во 1939 година. Таму се вклучува во литературниот живот на гимназијата, станува уредник на училишното списание Подмладак, пишува песни на српски јазик, а веќе во почетокот на 1939 настанува кај него смена на јазикот и почнува да пишува на македонски. Првата песна на македонски му е Писмо до една мајка (по углед на соодветна песна од Мајаковски). По наговор од другарите и желба од родителите, образованието го продолжува на Медицинскиот факултет во Белград. Но, само по еден семестар поминато на него сфаќа дека негов интерес не е медицината. Веќе во летниот семестар на 1940 г. се префрла на Филозофскиот факултет, на славистика и избира ретка комбинација: југословенска литература под А, а под Б руска литература и руски јазик. Привлечен од поезијата на некои полски поети (Мицкјевич, Словецки и др.), посетува факултативен курс по полски јазик. Со времето на студиите во Белград се сврзува и неговото откривање на народното творештво на Марко Цепенков, објавувано во познатиот бугарски Зборник за народни умотворенија. Запознавањето со овој материјал му помага да направи уште како студент нацрт на граматика на македонскиот јазик и опис на прилепскиот говор. Добар дел од овие негови белешки се искористени, по ослободувањето, во оформувањето на неговата Граматика (1952, 1954) и монографијата Прилепскиот говор (1948). Започнувањето на Втората светска војна на просторите на Југославија во 1941 г. му го оневозможува школувањето во Белград, па е присилен да ги продолжи студиите на Универзитетот во Софија. Тука му се признаени трите семестри од Белград и дипломира во 1944 г. Работејќи на семинарска работа за делото на надежниот славист Димитар Матов, тој доаѓа до значајни податоци за развојот на македонскиот јазик. Меѓу другото, се запознава со обемната рецензија на Александар Теодоров-Балан за делото на Крсте Мисирков, За македонцките работи. И покрај упорното инсистирање да дојде директно до ова знаменито дело за македонската посебност, тоа не му се овозможува. Но, мислата да се запознае поподробно со него не го напушта. Го користи првиот можен случај по Ослободувањето, кога општествените услови се изменети, да го побара делото. Во јуни 1945 г. оди во Софија, ја добива книгата, прави белешки и ја објавува веднаш во печатот опширната статија Една македонска книга и со тоа врши прва популаризација на Мисирков кај нас. Есента 1944 г., уште пред целосното ослободување на земјата, тој е веќе во привремениот државен и политички центар на слободната територија во с. Горно Врановци, Велешко. Тука е тој преведувач, коректор и лектор на весниците и другите публикации, тука тој држи пред поширок аудиториум културни и општествени дејци неколку предавања за развојот на македонскиот јазик и за неговиот литературен лик. По ослободувањето Конески е назначен за лектор на Македонскиот театар: преведува помали текстови за игра на сцената и пиесата Платон Кречет од Александар Корнејчук, со која на 3 април 1945 г. беше означена дејноста на Драмата на МНТ со целовечерна претстава, а ја пишува и актуелната едночинка Гладна кокошка просо сонуе, со која во Театарот беше пречекана Новата 1945 г. Пред пошироката јавност се претставува во мај 1945 г. со предавањето Македонската литература и македонскиот литературен јазик на Народниот универзитет во Скопје. Од пролетта 1945 г. тој е на работа во Министерството за просвета, учествува во многу акции од областа на просветата и културата, како и во основањето на Филозофскиот факултет во Скопје. Еден е од основачите на Филозофскиот факултет (1946), на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков (1953), на МАНУ (1967, прв претседател), на Друштвото на писателите на Македонија (1947, прв претседател), на Друштвото (Сојузот) за македонски јазик и литература (1954), на Македонскиот славистички комитет (1963), на сп. Македонски јазик (1950, прв главен и одговорен уредник) и др. Декан на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје, ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (1958- 1960). Член на академиите на науките на Хрватска (1962), Србија (1963), Словенија (1963), Босна и Херцеговина (1969), а потоа и на Војводина и на Црна Гора, како и на Австрија и Полска. Почесен доктор на универзитетите во Чикаго (1968), Вроцлав (1970), како и на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Носител е на Његошевата и на Хердеровата награда, на наградите АВНОЈ, Скендер Куленовиќ, Сојузот на писателите на СССР и др. Својот однос кон личноста и делото на Конески, македонската научна и културна јавност го покажа со именувањето на Филолошкиот факултет во Скопје со неговото име и со основањето на Фондацијата за македонски јазик Небрегово. Дела: Граматика на македонскиот литературен јазик (И 1952, ИИ 1954), Речник на македонскиот јазик (И 1961, ИИ 1965, ИИИ 1966, редактор), Историја на македонскиот јазик (1965), Историска фонологија на македонскиот јазик (Хајделберг, 1983, на англиски; Скопје, 2001, на македонски). Автор и на многу други значајни трудови: Македонските учебници од 20 век – Еден прилог кон историјата на македонската преродба (1949), Прилепски говор (1949), Македонската литература во 20 век – Краток преглед и текстови (1950), За македонскиот литературен јазик (1952), Вранешнички апостол (1956), Јазикот на македонската народна поезија, (1971), Беседи и огледи (1972), Македонскиот 19 век. Јазични и книжевно-историски прилози (1986), Ликови и теми (1987), Македонски места и имиња (1991). Негови се и стихозбирките: Земјата и љубовта (1948), Песни (1953), Везилка (1955), Стерна (1966), Ракување (1969), Стари и нови песни (1979), Чешмите (1984), Собрани песни (1987), Средба во рајот (1988), Црква (1988), Златоврв (1989), Сеизмограф (1989), Црн овен (1993). И препевите: Горски венец од Његош (1947), Лирски интермецо на Х. Хајне (1952), Отело на В. Шекспир (1953), Крштевање на Савица од Ф. Прешерн (1980), како и песни од Александар Блок, Адам Мицкјевич, Владимир Мајаковски, Десанка Максимовиќ и др.

Мирослав Крлежа

Hајсестраниот хрватски книжевник Мирослав Крлежа (Загреб, 7. 7. 1893 – Загреб, 29. 12. 1981) со исклучителна творечка активност беше највлијателната книжевна личност меѓу двете светски војни. По Втората светска војна народен пратеник, академик, директор на Лексикографскиот завод во Загреб. Во своите лирски песни и поеми стилот на Крлежа се движи од импресионизам до експресионизам и сатиричен израз. Во средиштето на творештвото на Крлежа се наоѓа неговата драмска дејност. Обемна и разнолика, таа е трајна потврда на Крлежовата внатрешна потреба да го прикаже својот поетски свет во сценски, дијалошки облик, во страстен судир со сопствените противречности. Крлежа е автор на обемен есеистички и полемички опус во кој расправа за теоретските ликовни и книжевни прашања, а води и бескомпромисни полемики со современиците (Мојата пресметка со нив, 1932). Најзрели негови остварувања се драмите од т.н. Глембаевски циклус: Господа Глембаеви, 1929; Во агонија, 1928 и Леда, 1939. Неговата новелистичка и романсиерска дејност најцелосно ја зафатила воената и повоената тематика (Хрватскиот бог Марс, 1922; Враќањето на Филип Латиновиќ, 1932). Посебно место во творештвото на Крлежа и во хрватската книжевност заземаат Баладите на Петрица Керенпух (1936).

Ханс Магнус Енценсбергер

Eден од најпознатите современи германски писатели. Неговата поезија е окарактеризирана како алхемија на обичните елементи на говорниот јазик. Ханс Магнус Енценсбергер (роден на 11. 11. 1928 г. во Кауфбојрен е германски писател и поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живее во Минхен. Учел литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема Поезијата на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како уредник во радио во Штудгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Курцбуцх (Распоред). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Дие Андере Библиотхек (Другата библиотека), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот Транс Атлантик. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици. Во најголем дел од неговите песни, Енценсбергер користи саркастичен и ироничен тон. Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, како еден од ретките левоориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР. (Судења од минатото, Глобално ехо.) Награди и признанија: 1963 – Награда Георг Бихнер, 1985, Награда Хајнрих Бел, 1993 – Награда на мирот Ерих Марија Ремарк, 1998 – Награда Ханријх Хајне, 2002 – Награда на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост, 2006 – Награда Д’Ануцио за севкупен опус. Значајни дела: Одбрана на волците, песни, 1957, Политика и криминал, есеи, 1964, Азбука за слепи, 1964; Германија, Германија, меѓу другото, 1967 Сослушување во Хавана, проза, 1970, Разговори со Маркс и Енгелс, есеи, 1970, Мавзолеј – балади од историјата на прогресот, 1975; Пропаста на Титаник, епска поема, 1978, Музиката на иднината, раскази, 1991, Ќерката на Воздухот, драма, 1992, Каде беше Роберт?, роман, 1998, Ѓаволовиот број, роман, 1999, Раскази 1950-2005, 2006.

Рафаел Алберти

Pафаел Алберти е реоден во Пуерто де Санта на 16. 12. 1902, почина на 28. 10. 1999 година. Поет, сликар, драмски автор, создава еден од најимпресивните и богати лирски опуси на современата шпанска поезија. Почнува со лириката на неопопуларизмот (Морнар на копно, 1924, Саканата, 1925, Зората на шебоите, 1925, За ангелите, 1928). Неговата поезија подоцна се свртува кон мотивите и темите на социјалната и политичката стварноста (песни за улицата и секојдневјето), а во текот на Граѓанската војна, тој е поет и борец на Републиката (песни за борбата, жртвата и верата). Живеејќи во политичка емиграција (Европа и Латинска Америка), тој пее за чемерната туѓина, лирика полна со носталгија и копнеж. Кога се враќа дома пречекан е како најголем жив поет на Шпанија. Дела: Меѓу каранфилот и мечот, 1945; Плима, 1945; За сликарството, 1948; Враќање на животот далечно, 1954.

Ежен Гилвик

Pоден е на 5. 8. 1907, починал на 19. 3. 1997 година. Еден од најважните француски поети од втората половина на 20 век. Професионално се претставува само преку своето презиме Гилвик. Роден е во Карнак, Бретања. Откако добива диплома по математика во 1926 година, влегува во администрацијата на Азак, а подоцна е дел и од Министерството за финансии и економија. Станува симпатизер на комунистите уште во текот на Шпанската граѓанска војна, поради што од 1942 година станува и активен член на Комунистичката партија. Тука се поврзува со Пол Елијар. На партијата ì останува верен с до 1980 година. Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизикиот приод кон творештвото и пишува концизно, искрено, страсно и сугестивно. Речиси и да не употребува метафори. Во поезијата на Гилвик нивното место го заземаат компарациите. Во 1976 година Гилвик ја добива Големата поетска награда на Француската академија, а со национално признание од ваков карактер се здобива во 1984 година. Неговата поезија е тешка, густа и натопена со голема љубов кон луѓето, растенијата, животните, кон основните материи на животот (оган, светлина, плима и осека). Дела.: 31 сонет, 1954; Карнак, 1961; Сфери, 1963; Водоземни, Град, Евклидиски и др.

Артур Лундквист

Pоден е во Одерлјунгана 3. 3. 1906 година, а починал во Стокхолм на 10. 8. 1991 година. Истакнат шведски лиричар, раскажувач и публицист; претседател на Нобеловиот комитет. Напишал повеќе романи, есеистички книги, патописи и автобиографска проза. Дела: Поетски книги: Жар, 1928; Гол живот, 1929; Синиот човек, 1932; Агадир, 1961; Елегии за Пабло Неруда, 1975; лирски прозни книги: Малинга, 1952; Огледало за денот и ноќта, 1953.

Песна:Мравки

Леополд Седар Сенгор

Pоден во Жоал на 9. 10. 1906 година, а починал во Париз на 20. 12. 2001. Сенегалски поет и државник пишувал на француски јазик. Од 1960 година до 1980 бил претседател на Сенегал. Со своите поетски збирки сестрано се залагал за достоинство на црниот човек, за неговите права и слобода. Неговата поезија е сензуална, елегична, носталгична под влијание на Пол Клодел, Сен-Џон Перс и на трубадурската поезија. Тој придава големо значење на музикалноста на стихот, а монотониот ритам, сличен на африканскиот мелос, им дава исклучителен автентичен призвук на неговите стихови. Составувач е на антологијата на новата црнечка и малгашка поезија пишувана на француски јазик Црниот Орфеј (1948), за која предговорот го напишал Жан-Пол Сартр. Дела: Песни од темнината (1945), Црни причесни (1948), Ноктурна (1961), Писма од Ивернажот 1972).

Фазил Хисни Дагларџа

Pоден е во Истанбул на 26. 8. 1914, починал во родниот град на 15. 10. 2008 година. Во 1959 г. отворил книжарница и почнал да издава книжевно списание. Првата поетска збирка ја објавил во 1935 под наслов Свет насликан во воздух, со која веднаш го свртел вниманието на љубителите на поезијата и книжевната критика. Во секоја поетска книга внесувал новини. Не припаѓал на ниедна школа. Објавил петнаесетина поетски збирки од кои поважни се: Дете и Бог; Епот за Чакќара; Мајка земја.

Пабло Неруда

Pоден во Парал, 12. 8. 1904 година, починал во Сантјаго на 23. 9. 1973. Еден од најзначајните латиноамерикански поети, Чилеанец, левоориентиран. Објавил многубројни збирки песни, а книжевната дејност ја започнал со љубовна поезија. Но, брзо се ориентирал кон социјалната тематика на отворен и на борбен израз со нагласени надреалистички елементи и станал значаен претставник на ангажираната поезија. Поемата Шпанија во срцето (1937) им е посветена на напредните сили на републиканска Шпанија. Најважно му е делото Сеопшта песна (1950). Во него авторот со најголем занес пее за минатото и за сегашноста на Јужна Америка и со огорченост над судбината на народот. Во 1970 ја добил Нобеловата награда за литература. Дела: Песни на залезот, 1923; Дваесет песни за љубовта и една за очајот, 1924; Сто љубовни сонети, 1960. На Македонски јазик објавена е книгата Поезија, 1972.

Еуџенио Монтале

Pоден е во Џенова на 12. 10. 1896, а починал во Милано на 12. 9. 1981. Заедно со Унгарети, претставува најизразита фигура на италијанскиот херметизам. Интензивно се занимавал со новинарство.
Пишувал книжевна и музичка критика. Доживотно бил сенатор на Италија. Медитеранот во неговите песни е издигнат до симбол на хуманистичката цивилизација. Во 1975 година добил Нобелова награда за литература. Дела: Коски од сипа, 1925; Виор и друго, 1956; Сатура, 1971 и Дневник 71 и 72, 1973.

Вистан Хју Одн

Pоден во Јорк на 21. 11. 1907 година, а починал во Виена на 17. 6. 1973 г. Англиски поет; бил во центарот на вниманието со четирите драми напишани заедно со Кристофер Ишервуд, кои го користеле искуството на епскиот театар на Бертолд Брехт во плакетарското пласирање идеи. Дела: Песни, 1930; Оратори, 1932; Танцот на смртта, 1933; Погледај странецу, 1936; Шпанија, 1937. Ги напишал поемите: Новогодишно писмо; Морето и огледалото; Време на тегобност, објавени во периодот меѓу 1941 и 1948 година.

Песна:Молба

Мак Диздар

Pоден е во Столац, Босна и Херцеговина на 17.10. 1917 година, а починал во Сараево на 14. 7. 1971 година. Со збирката Камениот спијач (1966), станал еден од најзначајните поети на БИХ. Соживувајќи се со јазикот и со светот на богомилските надгробни споменици и оживувајќи го од надгробните записи на спомениците далечното минато на својот народ и својата земја, дал поетски записи од своите видувања за луѓето и историјата, создавајќи истовремено и нов поетски јазик како соодветен одраз на босанскохерцеговската стварност. Дела: Видополска ноќ, 1936; Жена пливач, 1954; Крутоста на кругот, 1960 и други.

Миодраг Павловиќ

Pоден во Нови Сад на 28. 11. 1928 г. Српски поет и есеист, продолжувач на традицијата на интелектуалната поезија, со херметички акценти (87 песни, 1952,Столб на сеќавање, 1953, Октави, 1957, Млеко од искони, 1962, Голема Скитија, 1969). Големо внимание предизвикал како есеист (Рокови на поезијата, 1958, Осум поети, 1964), како антологичар (Антологија на српската поезија, 1964, Антологија на современата англиска поезија, 1956 – во коавторство со С. Бркиќ). Автор е и на книгите со есеи и литературна критика: Дневник на пената (1972), Поезијата и културата (1974). Во препев на Петре М. Андреевски, на Македонски јазик е објавена неговата книга Кавги, Скопје, 1970.

Песна:Караници

Ласло Наѓ

Pоден е во Исказ, Унгарија на 17. 8. 1925 година во Будим, а починал на 30. 1. 1978 годона. Носител на новиот творечки израз во современата унгарска поезија. Добитник е на највисоките унгарски награди. Во 1969 година, врз основа на буквални преводи, препеал и стихови од неколку македонски автори за Антологијата на македонската поезија, објавена во Будимпешта. Дела: Исчезни болко,1949; Топчијата и ‘ржта, 1951; Свршеница на сонцето, 1954; Бисерот на неделата, 1965; Мајска слана, 1957; Химна на секое време, 1965; Крадец си во песна што се крие, 1973; Камбаните доаѓаат по мене, 1978. На Македонски јазик во 1970 г. во препев на Паскал Гилевски, објавна е неговата поетска книга Крадец во песна што се крие.

Роберт Рождественски

Pоден во Косиха на 10. 2. 1932 година во Москва, а починал на 3. 6. 1994 година. Руски поет, професионален писател. Со своите стихови пишувани концизно и прецизно предизвикуваал спонтано одушевување од широкиот аудиториум. Неговите реторични стихови имаат извесен публицистички карактер, полни со ритам и со ентузијазам, инспирирани од книжевната традиција и посебно од Мајаковски. Мошне силен впечаток оставила неговата книга Реквием (1961) со стихови посветени на татковинската војна против фашизмот. На македонски јазик е објавена неговата книга Се роди човек, Мисла, Скопје, 1970.

Булат Окуџава

Pоден е во Москва, 9. 5. 1924 година, а починал во Кламарт, 12. 6. 1997 година. Истакнат руски поет и кант-автор. Голем дел од своите песни сам ги компонирал и постигнал голем успех во поранешниот Советски Сојуз. Поетскиот стил му е камерен и лирски. Неговата збирка Биди здрав, ученику (1961), ја третира темата за учеството на младите луѓе во Татковинската војна против фашизмот и е преведена на повеќе јазици. Автор е на прозни и драмски дела како и на филмски сценарија.

Томаж Шаламун

Tомаж Шаламун е словенечки поет, роден во 1941 година во Загреб, Хрватска, кој се смета за еден од големите повоени поети од централна Европа. Шаламун предавал на Универзитетот во Алабама, Тенеси, Џорџија, Масачусетс, Питсбург и Ричмонд, и бил поканет да биде член на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова во 1971 година. Поминал неколку години како културно аташе во словенечкиот конзулат во Њујорк. Девет негови поетски книги се објавени на англиски, меѓу кои Книга за брат ми (2006), Покер (2003, 2008), Ред (2006), и Гори и пехари (2008). Негови книги се објавени на деветнаесет јазици. Во 2007 година, Шаламун ја добил Европската награда во Мунстер во Германија. Неговата најнова поетска книга е насловена Ене ја раката и ене го сувиот стол (2009). Две негови книги се преведени на македонски јазик: Амбер (2004) и Глаголи на сонцето (2008). Во 1993 година ја добил наградата „Нова Македонија“.

Монгани Вали Сероте

Mонгани Вали Сероти се родил во Софијатаун, на север од Јоханесбург, во 1944 година. Посетувал училиште во Александра. Политичките услови во тоа време го навеле да развие интерес за философијата на т.н. Црна Свест и борбите на анти-апартхејт движењето на тоа време. По завршувањето на училиштето, Сероти почнал да работи како новинар. Попознат како „Вели“, Сероти се смета за еден од Јужноафриканските најеминентни поети и писатели. Ренимиран е како еден од Совето поетите кој бил олицетворение на книжевната обнова на црнечкиот глас во 1970тите. Песните на Сероти прикажувале сурова и реалистична слика за режимот на Апартхејтот. Неговиот отпор кон неправедниот режим се проширил и надвор од поезијата преку активно учество во политички отпор, кога се приклучил кон Африканскиот Нацонален Конгрес (АНК).

Матеја Матевски

Поет, литературен и теaтарски критичар, есеист и преведувач, роден е во Истанбул, Турција, во 1929 година. Матеја Матевски е автор на 19 книги поезија и на десетина антологиски избори, а неговата поезија е објавувана на сите континенти. Преведен е на 22 јазика. Добитник е на речси сите национални награди и е носител на 16 меѓународни награди за неговото поетско творештво. Матеја Матевски е член на Македонската Академија на науките и уметностите и е добитник на „Златен Венец на поезијата“, за поетски опус на Меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата.

Паула Бозалонго

Паула Бозалонго е родена на 15 април 1991 година во Гранада, Шпанија. Студира архитектура во Мадрид. За нејзината книга Декември и се бакнавме е добитник на престижната награда на едицијата „Хиперион“ во Шпанија, која веќе 30 години се доделува за поетски ракопис од млад автор. Нејзините песни се објавени во значајни книжевни списанија, не само во нејзината родна земја, туку и во други земји во светот. Нејзината дебитантска книга Декември и се бакнавме низ 26-те песни поделени во два дела донесува поетски јазик од кој зрачи особен сензибилитет, необременет од некаква вратоломна реторика, експериментален или метафоричен израз. Тоа е поезија која носи рефлексии на извесни несигурности и стравови, неодлучности во потрагата по блискост. Тоа ни најмалку не е некаква старомодна сентименталност, туку одухотворен израз на интимноста кој носи искреност изразена на еден особен начин, полна со евокативни слики натопени дури и со влијанијата на архитектурата.
Лирскиот субјект одразува еден интимен лирски темперамент низ елегантните и смели измени на поетските слики, низ еден елегичен тоналитет во кој се случуваат нивните постојани преобразби. Спокојниот тон на оваа само-рефлексивна лирика одеднаш го нарушуваат контрапунктни слики кои понекогаш донесуваат спротивставеност и зачуденост, и делуваат како емотивна каденца во текот на песната. Ваквото поетско обликување ѝ овозможува на младата поетеса да ги впрегне во песната сите реминисценции, алузии, емотивни изблици, сеќавањата, сомнежите и стравовите низ вештите измени со приказната и исповедноста и да создаде исклучително сугестивна лирика која го предизвикува читателот со постојаното нарушување на таквиот доверлив тон преку постојаните јукстапозиции на сликите.
Оваа поезија извира од таа верба во трансформирачка моќ на емоциите кои ги натопуваат поетските слики во тежнение повторно да ја откријат и да ја изменат внатрешната логика на времето и просторот. Оттаму таа потрага по љубов, по блискост е потенцирана преку отсликаните претстави на простори и предмети кои го содржат студенилото и оттуѓеноста, и е проткаена во песната како еден пригушен плач во бурата („Престижот на плачот“).Тие интроспекции на разочарувањата, копнежите и мечтаењата стануваат контемплативни слики кои содржат и геометриски форми и структури, архитектонски метафори, како на пример во песната „Геометрија“ каде во еден кубистички манир ги исцртува силуетите на саканиот со триаголници, трапезоиди, кругови и елипси. „Ми недостасуваат димензии / за да го објаснам светот“, како што самата вели во својата песна, навестуваат ново име чие поетска потрага по ново поетско писмо со сигурност ќе донесе поетски творби кои ќе го привлечат вниманието на европската и светската книжевна јавност.(Од образложението на одлуката на СВП по повод доделувањето на наградата „Мостови на Струга”)

Мануа Рима

Mануа Рима е родена 1975 година во Лувен, Белгија. Средно училиште и Факултет за економија и јазици завршила во родниот град. По дипломирањето во 1996 година, патува на Мартиник. По враќањето во Белгија работи во администрацијата на неколку мултинационални компании за телекоминикации. Потоа следуваат патувања по светот: во Египет 1997, Сенегал 1998 и во Русија, Бугарија и Романија 1999 и 2000. Во 2005 и 2006 Рима патува во Австралија и Нов Зеланд, збогатувајќи ја својата душа со ново искуство и спознанија за универзалните вредности на животот и човекот. Својата прва книга Букет човечност ја објавила во 2006 година на француски јазик.

Ангело В. Суарез

Aнгело В. Суарез е роден во Филипини. Тој е автор на две книги. За книгата “Нимфата од МТВ” ја добива наградата „Мостови на Струга“. Тој е првиот добитник на наградата.

Андреа Коте

Mладата поетеса Андреа Коте (1984), иако со можеби мало животно искуство, веќе длабоко е навлезена во светот на поезијата. Присутна е во повеќе поетски антологии, во родната Колумбија, Мексико, Перу и Никарагва. Учесник е на неколку поетски фестивали во Јужна Америка и е коорганизатор на поетски фестивал во родниот град Баранкабермеха. Работи како доцент на литература на Андскиот универзитет. Добитик е на наградата “Мостови на Струга” за најдобра дебитантска книга во светот што ја доделуваат СВП и Унеско.
“Поезијата на Андреа Коте е поезија на култивирано и сензибилно авторско право. Таа е имагинативна и сугестивна, со сопствен оригинален лирски идентитет во кој е направена зрела рамнотежа меѓу традиционалниот и современиот израз на пеењето”, стои во соопштението на жирито во состав: Матеја Матевски, член, Влада Урошевиќ, член на Европската поетска академија и Зоран Анчевски, претседател на Комисијата.

Маријана Гејде

Mаријана Гејде е родена во Москва. Поет, прозаист, преведувач. Завршила филозофски факултет. Добитник е на неколку награда за млади. Наградата „Мостови на Струга“ ја добива за нејзината збирка поезија Време за бришење прашина, објавена 2005 година.

Песна:***

Хари Ман

Xари Ман е млад поет, роден во 1982 година во Бакингемшир. Работи како уредник, програм и дигитален издавач. Неговиот глас е исто така позајмен од Харпер Аудио за многу детски книги. Во 2012 година тој ја освојува третата награда на Меѓународниот поетски фестивал во Кардиф и втора награда на наградата „Измислени зборови“ на Интернационалниот ПЕН центар. Негови дела досега се објавувани во неколку позначајни весници, а неговата дебитантска збирка поезија „Лифт“ за која и ја добива престижната награда на Струшки вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО, наградата „Мостови на Струга“ е во издание на издавачката куќа Tall Lighthouse.

Сим Кера

Cим Кера е роден 1989 година во мало гратче во јужниот дел на Естонија, Вастселина. Живее и студира во Тарту. Неговата прва книга е објавена во 2009 год. Во неа тој пишува за љубовта и смртта, како и за сè онашто тој го смета за интересно. Има објавувано поезија и кратки раскази во најразлични списанија и весници. Сим Кера пишува и музички осврти за едно од најпознатите списанија во Естонија. Слободно може да се заклучи дека Сим Кера го сака пишувањето.

Хироши Таниучи

Поет, преведувач, роден е на 19 февруари 1976 год. во Јапонија. Дипломирал на Универзитетот Осака Префектура, на катедрата за Француска култура. Член е на Асоцијацијата на Јапонски универзални поети, Поетско здружение Кансаи, уредник
на Англиско-јапонската меѓународна публикација „Поетски мост: АМА-ХАШИ“ www.ama-hashi.com. Член е на Поетското списани „ПО“ (Осака, Јапонија). Неговата прва книга „Уште еден збор за светот“, претставува придонес за Меѓународното списание: „Поетски мост: АМА-ХАШИ“

Франсоа Ксавие Мегр

Pоден во 1982, во приморски Шарант, Франција.По студиите на право, а потоа на новинарство, станува новинар во дневниот весник „Круа“.По примерот на Ролан Надос и читањето на Сен-Пол-Ру, Жил Бодри или Жерар Бошолие, неговото пишување покажува стремеж кон внатрешното, кон слушањето, кон контемплацијата.Во неговите очи, зборот не треба да се врти кон самиот себе, туку да и служи на мистеријата која го надмиува, да цели кон нешто поголемо од него самиот.Напоредно со пишувањето, Франоса-Ксавие Мегр се занимава и со музика; има издадено три диска со песни, има одржано многу концерти…

Антонија Новаковиќ

Aнтонија Новаковиќ е родена 1979 година во Загреб. Освен на наградата „Мостови“ (2008), добитничка е и на наградата за поети-дебитанти „Горан“ (2008), која се доделува во рамките на фестивалот „Горанова пролет“ во Хрватска. „Лесно ми е да бидам полоша“ е нејзина прва книга. Претходно нема објавувано. Живее и работи во Загреб.

Усман Сар (Сарус)

Yсман Сар (Сарус), роден во 1980 година, е млад поет и прозаист кој пишува на француски јазик. Студент е по современи уметности и филозофија на Универзитетот Париз 7. Исто така, тој е поранешен шампион на Сенегал и Млад африкански франкофонски елитен играч на јазичната игра Скребл (Scrabble). Роден е во Дакар, каде бил почесен Специјален советник на поранешниот градоначалник на неговиот град, пред да замине за Париз каде го продолжил своето образование по завршувањето на средното училиште во 1999 година. Неговата прва книга поезија е со наслов Ритамот на брановите.

Весна Ацевска

Родена е во Скопје на 10. 11. 1952 г. Поет, раскажувач и преведувач. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во весникот Република, а од 1992 работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ (1991). Се занимава и со преведување и го препева финскиот еп Калевала, за што ја доби наградата за препев Григор Прличев (2000). Во своите стихови Ацевска се противставува на традицијата на женското пеење и на феминизираниот лиризам во кој доминира една исповедна и субјективна интонација. Дела: збирки поезија: Подготовки за претстава (1985), Карпа за скок (1991), Котва за Ное (1994) и Неред во огледалото 1996); романи: Лавиринт (1992), Рок видри (1993) и Скалила во зеленилото (1994).

Ристо Јачев

Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универэитетот „Кирил и Методиј” во Скопје дипломира книжевност. Најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје (денес Македонско радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век. Како исклучително плоден писател Ристо Ѓ. Јачев е повеќе од четириесет години живо присутен во современата македонска литература со поетски, проэни и драмски остварувања. Освен на македонскиот литературен стандард, пишува песни и на својот родокраен воденски дијалект, со што, эаедно со поетите Санде Стојчевски (кој пишува и на кумановскиот) и Лилјана Чаловска (која пишуваше и на струшкиот дијалект) се вбројува меѓу неколкуте ретки современи македонски писатели што го негуваат и што го афирмираат дијалектното поетско творештво. Неговата поеэија е претставена во ниэа антологиски иэбори од современата македонска литература. Преведуван е на повеќе светски јаэици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во Скопје по 1967 година. Живее и соэдава во Скопје. Добитник е на престижната награда „Браќа Миладиновци“ во 2013 година.

Милош Линдро

Милош Линдро е македонски поет, критичар, есеист и преведувач. Роден е на 9 септември, 1952 година во Косел, Охридско. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работел во издавачката куќа „Македонска книга“ и бил главен уредник на весникот „Глас“. Работи во Министерството за култура при владата на Република Македонија. Живее во Скопје.
Учествувал во создавањето на поетскиот манифест „На чекор од говорот“ (Разгледи, 1980 година) во којшто се заговара поетиката на генеративното која се реализира низ т.н. „Модел на ослабено именување“. Преведува од српско-хрватски и романски јазик на македонски. Член е н Друштво на писатели на Македонија од 1982 година. Милош Линдро е писател кој е застапуван во повеќе избори и антологии на македонската поезија во земјата и странство. Милош Линдро е автор на следните книги:
Поезија
„Полилема“ 1977 година КММ Скопје „Вибрации“ 1980 година Мисла Скопје „Разградба“ 1983 година Македонска книга Скопје „Слова за речта 1987 година Наша книга Скопје „Раз-градба“ 1994 година
Проза
„Знакот, думата, словото“ 1990 година

Ристо Лазаров

Роден на 3 октомври 1949 година во Штип. Завршил југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како новинар. Бил генерален директор на Новинската агенција Танјуг. Бил и главен уредник на меѓународното списание Балкан форум во кое свои прилози објавуваа Гинтер Грас, Чеслав Милош, Јосиф Бродски, Ханс Магнус Енцесбергер, Лешек Колаковски, Адам Михник и други врвни интелектуалци од целиот свет. Од 1997 година е директор и главен уредник на националната телевизија Телма. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1972 година. Претседател е на Македонскиот ПЕН центар. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија: “Млад борец” (1972), “13 ноември” на градот Скопје (1980), наградата на МРТВ за најдобра книга за деца меѓу две Струшки вечери на поезијата (1987), наградата “Ацо Шопов” на ДПМ за најдобра поетска книга (2006) наградата “Браќа Миладиновци” на СВП (2008). Во 2000-та година беше лауреат на Празникот на липите во Скопје, а во 2010 година е награден со Книжевното жезло и со наградата Велја кутија на Македонските духовни конаци. Пишувал театарска критика, а објавил и повеќе препеви, критики и есеи. Досега на македонски јазик ги објавил следните книги поезија: Ноќна птица во паркот (1972), Јана (1980), Грозен кикот (1983), Капки кисела вистина (1985), Лет(о) преку океанот (1988), Горјан во Дорјан (1988), Одрони, избор (1988), Точка на вриење (1990), Од Битола појдов (1993), Одвајнадежна (1993), Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија (1995), Јаве, избор (1998), Херакле (1998), Колумбо (2000), Тројца за преферанс (2001), Одмолчена (2003), Ненадејна (2005), Чехопек (2006,2007), Среде (2008), Жива рана, избор (2008), Сонот на коалата (2009), Избрани дела во четири тома (2009), Поезија, избор (2010), Кревалка (2011), Ситночекорка (2012). На странски јазици му се објавени следните книги: Siljan the Stork Flies Over Macedonia Once Again (1996), История болезни (Москва, 1996), Јавне песме (Просвета, Београд,2003), Силян Щьрка още ведньж лети над Македония (Софија, 2006), Е Beftë (на албански,2006), Herakleј (Љубљана, 2006), Cechovabeni (Брно, 2007), Shoes for My Father, Перт, Австралија (2010); Циклуси од поезијата на Ристо Лазаров се објавени на германски, француски, шведски, турски, романски, унгарски и други јазици. Застапуван е во сите релевантни антологии на современата македонска поезија. Преведува од англиски, српски и бугарски јазик. Превел книги поезија од Чеслав Милош, Карл Сандберг, Георги Константинов, Абдулах Сидран, Горан Бабиќ и други автори.

Братислав Ташковски

Роден е во Скопје, 1960 г. Поет, раскажувач, публицист, новинар, редактор на Македонско дело и на литературниот месечник АКТ и Форум плус. Студирал новинарство на скопскиот Универзитет Кирил и Методиј. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Дела.: Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жената муза (1994), Демоника, Мојот кинески меч (2001), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја (2005), Големата љубовна песна (2006).

Петар Т. Бошковски

Петко Дабески

Роден во с. Волковија, Тетовско на 15. 10. 1939 година, електроинженер, поет, антологичар и општественик. Завршил гимназија во Тетово и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Работел на проектирање, изградба и експлоатација на високонапонски разводни постројки и хидроелектрични централи. Бил претседател на Општинското собрание на Тетово. Првите песни ги објавил во 1955 г. Дела: Третиот потег, Скопје, 1982; Слободен удар, Скопје, 1983; Четврта кордината, Скопје, 1987; Параболи, Скопје, 1989; Четврта координата, Београд, 1989; Невестински ковчег, Скопје, 1991; Минијатури, Скопје, 1996; Надвор од опитот, Скопје, 1996; Нешта над зборовите, Скопје, 1997; Чувари на калето, Скопје, 1998; Покров од зборови, Скопје, 1999; Не е се΄ хаику, Скопје, 1999 (хаику поезија); Наивности, Скопје, 2001 (песни во проза); Каприча за лира и гајде, Скопје, 2002; Антологија на македонската хаику поезија, Скопје, 2003; Сноп параболи, Скопје, 2004.

Ефтим Клетников

Роден е во Негрево на 6. 11. 1946, поет, есеист, критичар, преведувач (Пушкин, Лермонтов, Расин, Валери). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил директор на СВП. Во поезијата на Клетников, пишува В. Урошевиќ, има многу восхит, празнување, славење на блесокот и сјајот, но зад тоа мноштво од светли и химнични емоции се наѕира секогаш едно темно претчувство, едно ескалативно навестување на темнината. Дела: Модер вир, 1977; Зраци и самраци, 1978; Окото на темниот, 1980; Песни за Огнен, 1983; Икра и крило, 1984; Гласови, 1987; Триок, 1989; Магновенија, 1992; Маж и жена со лице спроти ѕвездите, 1994; Прасјај, 1995; Троја, 1996; Живиот камен и др. Автор е и на книгите со есеи и критика Орион, 1986; Јатка; Во потрага по целината, како и на неколку антологии на македонската поезија. Застапуван е во повеќе антологии на современата македонска поезија.

Јован Котески

Роден е во с. Присовјани, Струшко, на 14. 1. 1932, а почина во Скопје на 12. 7. 2001г. Поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ (1958). Дела: Насмевка пред зорите (1958), Земја и страст (1958), Злодоба (1963), Тежина (1965), Пеплосија (1966), Сенки (1972), Зелени порти (1975), Хераклеја (1978), Поморија (1981), Бденија и сновиденија (1982), Полилеј (1983), Плодови (1984), Тапија (1985), Живожарица (1990), Сончева белегија (1990), Морници(1991), Глувчето со двоглед (поезија за деца, 1991), Ралица (1992), Злодоба (1992), Лелејка (1994), Самотија (1994), Празник (библиофилско издание во ракопис, 1995), Трагач (поема, 1995), Решетки (1996), Приќе (1997), Разор (1999), Картечница(2000).

Светлана Христова-Јоциќ

Родена е во Ресен на 27. 2. 1941 г. Поет, прозаист, писател за деца и есеист. По основното училиште во Охрид и Учителската школа во Битола, дипломирала на Катедрата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1967) и, по четиригодишната учителска дејност во охридските села, работи како педагог на Клиниката за детски болести на Медицинскиот факултет во Скопје (1960- 1970), а потоа до пензионирањето како новинар во Образовната програма на Радио Скопје (1970-1995). Член е на ДПМ, негов секретар и претседател, претседател на Собранието на ДПМ и член на Македонскиот ПЕН центар. Иницијатор и прв главен и одговорен уредник на органот на ДПМ Стожер и идеен творец на поетската манифестација Празник на липите (1996). Соосновач и претседател на Меѓународната манифестација за уметничка и научна дејност Македонски духовни конаци (1999) и главен и одговорен уредник на нејзниот гласник Портал (од 2000). Учесник на повеќе поетски манифестации во земјата и во странство. Дела: поезија: Калесница (1970), Скришен ковчег (1974), Сињо (1980), Еа (1984), Зачатие (1990), Поетски устав (1992), Самечка ќелија (1993), С. Бесмртна (1996), Големата молитва (2000); поезија за деца: Алка за нишалка (1981); проза: Стровиште (1994); проза за деца и млади: Последната битка (1980), Македонска царица (1992), Гусларот (1993), Крста и монистрото (2003), Македонската царица и бисерот (2004); критичко-есеистичк книги: Кажано од троножец (2005), 111 прашања за Луан Старова (1908); избори: Душница (1993), Направи едно чудо (2008); антологии: Сонцето во македонската поезија (2003), Сто без една песна (2006), Александар Македонски во науката и свеста на потомците (2008).

Анте Поповски

Роден во Лазарополе, 3.6. 1931 година, а почина во Скопје, 1. 10. 2003 година – поет, есеист, препејувач, публицист, академик. Основното образование го завршил во родното село, гимназијата во Битола, а Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се вработува како асистент. Извесно време работи како лекар во Дебар, но од 1955 година, кога од печат му излегува првата стихозбирка Одблесоци, ја напушта медицината и исцело се предава на поезијата. Член е на ДПМ (1956) и член на Извршниот совет на Македонија; директор на НИП Нова Македонија и на Вардарфилм во Скопје; потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство; претседател на ДПМ (во два мандата) и претседател на Советот на СВП (1966/67 и 1978/79). За редовен член на МАНУ е избран во 2000 година и е член на Светската академија на поезијата (2002). Препеал од разни јазици видни поети од Балканот и од Европа, меѓу нив и библиската Песна над песните’. Застапен е во сите антологии на македонската поезија, како и во Антологијата на светската поезија. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици во светот. Еден е од најзначајните македонски поетски творци. Поет на епот и епопеите, на болните македонски и старословенски тажачки и елегии, поет на македонските тајнописи и родописи, на митскиот поетски говор вкоренет во источната, византиска и христијанска македонска поетска традиција. Македонија и нејзината трагична историска судбина е во средиштето на неговата поезија. Неа тој ја воздигна во мит. Добитник е на високи национални и меѓународни награди и признанија.
Дела: Одблесоци (поезија, 1955); Вардар (поезија, 1958); Самуил (поезија, 1963); Непокор (поезија, 1964); Камена (поезија, 1972); Тајнопис (поезија, 1975); Љубопис (поезија, 1980); Родопис (поезија, 1981); Сина песна (поезија, 1984); Глас од дамнината (публикација од литературно-историски и поетолошки карактер, 1986); Ненасловена (поезија, 1988); Оковано време (статии и коментари, 1991); Меѓу животот и знаците (есеи, 1991); Провиденија (поезија, 1995); Окото, светлините (есеи, 1996); Света песна (2001); Две тишини (2003). Составувач е на Светата земја на зборот (1995), антологија на јидиш поезијата, и на Орфеј и Исус: библиски мотиви во современата македонска поезија (2000).

Петре Бакевски

Роден е во Кавадарци, 5. 1. 1947 г. Поет, романсиер, раскажувач, публицист, театарски критичар. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот Вечер и директор и главен уредник на книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Уредник во весникот Македонија денес. Член на ДПМ. Бил претседател на Советот на СВП. Дела.: Пат до летото (поезија, 1972), Земјољубец (поезија, 1975), Крикот на паунот (поезија, 1982), Премиери (театарски критики, 1983), Раскината мапа (поезија, 1984), Лицето на времето (поезија, 1985), Лица и маски (театарски критики, 1988), Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990), Сенката на сонот (поезија,1990), Терра Магица (поезија, 1991), Живи ѕвезди (поезија, 1992), Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994), Во сенката на мечот (поезија, 1994), Покосница (поезија, 1995), Сто сонети (1997), Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997), Елегии (1998), Балади (1999), Гламни (новели, 2000), Црвен ветар (2001), Тешки облаци (2002), Зајазлен камен (2002), Скрб (записи, 2003), Мојата Итака (поезија, 2003), Еден гавран (раскази, 2002), Два гаврана (раскази 2002), Јато (повести, 2003), Црно јагне, див Балкан (роман, 2004). Автор е на неколку драми.

Бранко Цветкоски

Роден е во с. Слатино, Охридско, на 21. 6. 1954 г. Поет, литературен критичар, есеист, преведувач, новинар, издавач. Повеќе години работел во културната рубрика на в. Нова Македонија. Бил главен уредник во издавачката куќа Култура, редактор на литературното списание Стремеж од Прилеп, директор-сопственик на издавачката куќа Макавејво, Скопје, управник на Македонскиот народен театар, директор на градската библиотека Браќа Миладиновци. Цветкоски е добитник, за видни заслуги и постигнувања во развитокот на светската литература, на орденот Владимир Мајаковски, што го доделува Сојузот на писателите на Русија. Дела: Свиок, поезија, 1981; Високи ветрови, поезија, 1985; Пластови и глас, критики, 1989; Пресна пепел, поезија, 1990; Возбудени македонски дијалози, интервјуа, 1990; Подарена сол, избрана поезија, 1991; Обетки од ѕвезди, поезија за деца, 1991; Дела и доблести, критики и есеи, 1992; Молитвен веј, поезија, 1993; Критички загледувања, критики и есеи, 1996; Повисоко од животот, критики и есеи,1997; Синори, поезија, 1998; Ек и одек, критики и есеи, 1999; Името, Родот, Имотот, поема, 2000; Скрб, поезија, 2002; Имиња и теми, критики, 2003.

Ристо Василевски

Роден во 1943 во с.Наколец, Преспа, Македонија – член на Македонската академија на науки и уметности, поет, есеист, литературен критичар, писател за деца, антологичар, преведувач и издавач, – пишува на македонски и на српски јазик. Досега на овие два јазикa објавил: дваесет и две поетски книги, две книги философеми, паракопи и цртички, две книги поезија за деца, два романа за деца во стихови, како и 23 избори од поезијата. Василевски е добитник на повеќе од триесет значајни домашни и меѓународни награди, тој е член и на Словенската академија на литератури и уметности, на Меѓународната асоцијација на писатели и публицисти, на Друштвото на писатели на Македонија, на Здружението на писатели на Србија и на Здружението на литературни преведувачи на Србија.

Раде Силјан

Роден во Жван на 16.  4. 1950 година, поет, есеист, критичар, антологичар, учебникар, преведувач, издавач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работел како новинар, потоа уредник во Радио Скопје. Бил директор на книгоиздателството Македонска книга и основач и директор на книгоиздателството Матица македонска во Скопје. Составувач е на неколку антологии на македонската поезија и проза. Претседател на ДПМ (од 2008). Дела.: Третиот лик на времето, поезија, 1975; Сенки на јавето, поезија, 1980; Пронајден облик, критики и есеи, 1986; Дијалог со времето, критики и есеи, 1988; Гласник, поезија, 1989; Заѕидување на сенката, поезија, 1990; Магијата на зборот, критики и есеи, 1991; Прилози за наставата по литература, во пет книги 2000; Гласот на предците, поезија, 2001; Романтизам, студија, со П. Гилевски, 2003; Провев во татковината, избор од поезијата, 2004; Горчлив вилает, поезија, 2006.

Славко Јаневски

Роден е во Скопје на 11. 1. 1920 и почина во Скопје на 30. 1. 2000 година . Поет, раскажувач, романсиер, есеист, сценарист, сликар. Мошне рано почнал да се занимава со литература и сликарство. Учесник е во НОБ. Како припадник на Третата македонска ударна бригада ги пишува стиховите Крвава низа, објавени веднаш по Ослободувањето. Од јануари 1945 година ја уредува првата периодична публикација за деца на македонски јазик Пионер. Бил главен уредник на списанијата за литература и уметност Нов ден и Современост, на литературната ревија Хоризонт и на хумористично-сатиричниот весник Остен. Голем дел од својот живот го поминал како уредник во издавачките куќи Кочо Рацин, Македонска книга и Наша книга. Бил еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија (1947) и негов претседател; претседател на Советот на Струшките вечери и на Рациновите средби, како и еден од основачите на МАНУ. Неговите дела се преведувани на сите јужнословенски и на многу други јазици во светот. Застапуван е во македонски, европски и во светски антологии. Автор е на првиот роман и на првата повест во македонската литература и на еден од најобемните опуси во македонската книжевност. Во поезијата најзначајно му е делото Евангелие по Итар Пејо; во детската книжевност трилогијата Пупи Паф (Пупи Паф во Шумшул-град, Пупи Паф гледа од вселената и Пупи Паф господар на соништата); во прозата романсиерскиот опус Кукулино, во кој (во 10 тома) го следи историското ходочастие на Керубиновото племе низ цели 14 столетија, прикажано во хаос од пороци и очај, во обезглавеност и аспарченост, со меѓи на недоразбирања и меѓусебна спротиставеност. о неговото творештво роникнуваат историјата и митот, еалноста и фантастиката. Атор е на две филмски сценарија на ликовни изложби. Добитник и на високи национални угословенски и други награди и ризнанија од областа на литературата филмот.
Дела: Крвава низа (поезија, 1945); Пруга а младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946); Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕерки (поезија за деца, 1946); Распеани укви (поезија за деца 1946); Милиони џинои (поема за деца, 1948); Песни (1948); Улица (повест, 1950); Егејска барутна бајка (поезија, 1950); Лирика (1951); Село зад седумте јасени (роман, 1952); Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952); Кловнови и луѓе (раскази, 1954); Две Марии (роман, 1956); Леб и камен (поезија, 1957); Месечар (роман, 1958); Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959); Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959); Горчливи легенди (патописна проза, 1962); И бол и бес (роман, 1964); Стебла (нова верзија на Село зад седумте јасени, роман, 1965); Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966); Црни и жолти (поезија за деца, 1968); Каинавелија (поезија, 1968); Тврдоглави (роман, 1969); Омарнини (раскази, 1972); Ковчег (раскази, 1976); Оковано јаболко (поезија, 1979); Астропеус (поезија, 1980); Змејови за игра (поезија, 1983); Легионите на Свети Адофонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (трилогија под наслов: Миракули на грозомората 1984); Девет Керубинови векови (роман, 1986); Песји шуми (поезија, 1988); Чудотворци (роман, 1988); Рулет со седум бројки (роман, 1989); Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1992); Зад тајната врата (раскази, 1993); Палетата на проклетството (поезија,1995); Континент Кукулино (проза,1996); Пупи Паф во Шумшул – град (книга за деца, 1996); Пупи Паф гледа од вселената (1996); Пупи Паф господар на соништата (1996); Додека спиеја кртовите (поезија, 1998). Постхумно објавени: Депонија (роман, 2000), И петто годишно време (раскази, 2001), Измислена тврдина(поезија, 2002), како и Галерија универзум И (книга на есеи, огледи, полемики).

Лилјана Дирјан

Родена е 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на француската Влада и Фондацијата Губелкијан. Ги објвила книгите поезија: Природна појава (Мисла 1980), Жива мера (Наша книга, 1985), Пелин поле (Мисла 1989), Цхамп д’абисинтхе, (на француски јазик), 1996, кај издавачот Ест Љуест Интернатионалес, Париз и Тешка свила (Матица македонска 1997). Добитник е на наградите Студентски збор (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985). Преведувана е на повеќе јазици и застапена во бројни антологии на македонската современа поезија. Една од оснивачите и членка на Независните писатели на Македонија.

Тодор Чаловски

Роден во Гостивар на 23. 8. 1945 година. Поет, литературен критичар, есеист и преведувач. Основно образование завршил во Галичник, гимназија учел во Скопје и во Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работел како новинар во весниците Студентски збор, Вечер и Нова Македонија, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Секторот за култура, литература и за уметност, а бил и заменик одговорен уредник на Радио 2000 и уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата Белези и Разгледи. Бил главен уредник на ревијата на ДПМ Стожер, член (од 1969), секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник. Бил претседател на Собранието на ДПМ. Член е на Македонскиот ПЕН-центар. Дела: Ноќ во која те нема (поезија, 1969), Ноќен часослов (поезија, 1971), Сердарски болести (поезија, 1975), Ѕвезда во човек (поезија, 1981), Јадро (поезија, 1984), Праг (поезија, 1988), Маѓосна меѓа (поезија, 1989), Прониз (поезија, 1994), Дарови (поезија, 1994), Галица (поезија, 1996), Будна куќа (поезија, 1998), Песни (1998), Критички видувања (есеи и критики, 1998), Глас крепител (поезија, 2000), Обден (поезија, 2002). Коавтор е на публикацијата Литературен преглед (осврти и прикази, 1980-1985).

Адем Гајтани

Роден во Подуево, Косово на 21. 8. 1935, починал во Скопје, 19. 3. 1982 г. Тој е поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се занимавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик, бил новинар на весникот Рилиндја и уредник на културната рубрика на в. Флака е Влазлримит. Бил член на ДПМ. Автор е на повеќе збирки поезија на албански јазик. Преведувал од албански на македонски (И. Кадаре, Р. Кукај и др.) и од македонски и српски и хрватски на албански јазик. Меѓу другото, на албански ги превел: Пустина од Ѓ. Абаџиев, Пасквелија од Ж.Чинго, Години несоница од Т. Момировски и книги со избор од поезијата на М. Матевски. Добитник е на наградата на Струшките вечери на поезијата „Браќа Миладиновци“ (1982, посмртно) за стихозбирката Лебедова песна.Дела: Светлина на срцето (1961); Морска школка (1966); Ниту птица, ниту дрво (1973); В сон песна (1975); Од цвет до цвет (1975); Едно трето време (1977), Морска ѕвезда (1979); Песни (1980); Лебедова песна (1982). Преводи и препеви: Стихови и раскази од писатели на албанската народност во Македонија (Скопје, 1973, со Александар Поповски); Ти песно, ти далечна песно (Скопје, 1973, со Гане Тодоровски).

Милован Стефановски

Поет, раскажувач, преведувач. Роден на 26. 8. 1952 година во Ресен. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Професионално се занимавал со новинарство. Работел во Нова Македонија, во весникот Република и во Министерството за информации на Македонија. Во периодот од 1987 до 1991 година на универзитетот во Крајова (Романија) и Истанбул (Турција) предавал македонски јазик. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1980 година. Автор е на книгите: „Ѕид пред бескрајот“ (поезија, 1978), „Вардач крај Вардар (поезија, 1984), „Привремен распоред“ (поезија, 1991), „И паѓањето е лет“ (роман, 1994), „Потонски скали“ (раскази, 2000), „Летот на митската птица“ (поезија, 2000). Добитник е на повеќе награди.

Атанас Вангелов

Роден во Богданци, Гевгелиско на 6. 2. 1946, писател – поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, преведувач, публицист, научен работник, универзитетски професор по Теорија на литературата. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за југославистика. Тема на магистратурата: Артизмот и современата македонска литература (1977), а тема на докторската дисертација му е: Семантичките фигури во македонската народна поезија (1982). Вработен е на Филолошкиот факултет во Скопје како редовен професор по Теорија на литературата. Ги предава уште предметите: Нова хрватска литература, Стилистика, Стилистика и реторика и Историја на југословенските литератури. Бил продекан и декан на Филолошкиот факултет во Скопје; бил претседател на Советот на Струшките вечери и пратеник во Народното собрание на РМ (1994-1998), кога е член и на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур. Од 2004 година бил амбасадор на РМ во Унгарија. Член е на ДПМ од 1967 година. Престојувал повеќепати во Франција на студиски престој и како лектор по македонски јазик и литература на Парискиот универзитет. За своите заслуги во ширењето на француската култура во РМ е одликуван (1995) од Француската влада со орденот Офицер на универзитетски палми. Дела.: Земјата на цветот, поезија, 1966; Препев на планината, поезија, 1970; Живеалиште, поезија, 1974; Глетки и привиденија, поезија, 1977; Песме/Песни, поезија, 1978; Строго доверливо, поезија, 1985; Траги, поезија, 1991; На безгласје глас, поема, 1994; Гласови и траги, поезија, 1995; Водопад, поезија, 1998; Див занес, роман, 2002; Мистер Порфирие, ТВ-драма, 1971; Неодредени лични заменки, драма, 1986; Артизмот и современата македонска литература, теоретска расправа; Литературни студии, критики, 1983; Решето, критики, 1985; Семантичките фигури во македонската народна лирика, фолклорна студија, 1987; Преписите на Божин Павловски, литературна полемика, 1992; Микрочитања, исказот и стварноста, литературна полемика, 1995; Морфологија на бо(љ)шевизмот, литературна полемика, 1998; Про ет контра – македонизми, 1998; Македонски писатели, критички портрети, 2004. Преводи: Цветан Тодоров, Поетика, 1990; Спроти екстремноста, 2000; Одродениот човек, 2001; Должности и наслади, 2004; Енциклопедиски речник на науките за јазикот од Дикро и Цветан Тодоров, 1994.

Ацо Шопов

Роден во Штип на 20. 12. 1923, починал во Скопје на 20. 4. 1982 година. Борец, поет и преведувач, есеист, прв уредник на Млад борец, уредник на повеќе литературни списанија во Македонија, амбасадор во Сенегал (1972-1976), претседател на поранешниот Сојуз на литературните преведувачи на Југославија. Член на Македонскиот ПЕН-центар, како и на ДПМ и тоа од неговото основање (1947). Тој е еден од најзаслужните што македонската поезија за релативно кусо време ги надмина колективистичките и соцреалистичките тонови. Со својот интимизам му ги отвори вратите на македонскиот поетски израз кон модернизмот. Критичарите неговото творештво го организираат во четири круга: првиот (1944-1950), кој почнува со неговата прва стихозбирка Песни, а завршува со На Грамос; вториот што го сочинува неговото творештво омеѓено со двете негови збирки Стихови за маката и радоста (1952) и Ветрот носи убаво време (1957); третиот што е главно во знакот на двете најзначајни стихозбирки Небиднина (1963) и Гледач во пепелта (1970) и четвртиот што е одбележан со двете последни книги Песни за црната жена (1976) и Дрво на ридот (1980). Книгата што направи пресвртницане само во творештвото на Шопов туку и во македонската литература воопшто, е збирката Стихови за маката и радоста. Имено, со неа поетски се разнишаа цврстите бедеми на дотогашниот соцреалистички модел на творење. Во таа 1952 година, контроверзната збирка на Шопов ја иницира, а потоа и ја разгоре декадата на конфронтација помеѓу реалистите и модернистите. Тие ќе спорат за природата на реалистичката уметност, за нејзината актуелност и за можноста т.е. неможноста за нејзино обновување во 20 век, за важноста на усвојувањето на уметничките откритија од западноевропските литератури, за светското искуство на авангардизмот и модернизмот. Вистинскиот Шопов како поет, сепак, излегува со стиховите од неговиот трет круг. Поимите небиднина и црно сонце од неговата поетска лексика с# уште ја чуваат својата мистична моќ и не престануваат да бидат предизвик и поттик за најразлични критички судови и дешифрирања. ДЕЛА: поезија: Песни (1944), Пруга на младоста (заедно со С. Јаневски, 1947), На Грамос (1950), Со наши раце (1950), Стихови за маката и радоста (1952), Слеј се со тишината (1955), Ветерот носи убаво време (1957), Небиднина (1963), Јус-универзум (1968), Гледач во пепелта (1970), Песни за црната жена (1976), Дрво на ридот (1980).

Гане Тодоровски

Роден во Скопје на 11. 5. 1929, а почина во родниот град на 22. 5. 2010 година. Поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист, антологичар, културолог, редактор, фолклорист, театролог, сценарист, унив. професор, академик, амбасадор. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал на групата за југословенски книжевности (1951). Пред и во текот на студиите работел како новинар. Сиот работен век го поминал како наставник на Филолошкиот факултет во Скопје, при Универзитетот Кирил и Методиј (1954-1992). Докторирал на темата Веда Словена и нејзините мистификатори (1965). На Филолошкиот факултет ги предавал предметите нова хрватска литература и македонската литература во 20 век. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1951 г. Бил со по два мандата секретар и претседател на ДПМ. Член на Македонскиот ПЕН-центар. Бил еден од основачите и претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1971/72), и прв претседател на МААК (Движење за македонска акција) (1990-1991). Бил прв амбасадор на РМ во Руската Федерација (1994-1998). Член на МАНУ. Автор е на преку 220 наслови на книги од областите на поезијата, критиката, есеистиката, литературната историја, патописот, литературниот запис, публицистиката, историографијата, културологијата, препевот, антологичарството. Припаѓа на носечката поетска генерација автори што ја афирмираа современата македонска литература во светот. Преведен е со 24 одделни изданија на негови книги (главно поезија и есеистика) во повеќе земји низ светот (на албански, англиски, бугарски, влашки, грчки, есперанто, кинески, ромски, руски, српски, турски, хрватски, чешки и шведски јазик). Самиот тој, како препејувач и преведувач објавил преку 100 одделни изданија на автори што пишувале на албански, англиски, бугарски, грчки, руски, српски, хрватски, словенечки, турски, чешки, полски и украински јазик. Редактирал и издал избори и монографии за К. Миладинов, Рајко Жинзифов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Григор Прличев, Атанас Раздолов, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Димитар Талев, Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Анѓелко Крстиќ и др. Објавил повеќе антологии од словенечката, хрватската, српската, бугарската, руската и албанската поезија на македонски јазик. Како вонсериска, водечка и раздвижувачка творечка фигура на македонската литература од втората половина на 20 век, чиишто дела суверено и супериорно се простираат во областа на литературната уметност и литературната наука, тој е појава со непроценлив и мисионерски придонес во современата културна историја на Македонија, со повеќестран опсег на креативни, научни и културолошки интереси; културен двигател на важни процеси на современата литературна, културна, научна и национална афирмација на Македонија. Дела: И. Збирки поезија: Во утрините, 1951; Тревожни звуци, 1953; Спокоен чекор, 1956; Божилак, 1960; Апотеоза на делникот, 1964; Горчливи голтки непремолк, 1970; Снеубавен ден, 1974; Скопјани, 1981; Неволици, неверици, несоници, 1987; Недостижна, 1995; Орач или воин, 2003 и Секало, кремен и трат, 2005. ИИ. Литературни записи: Претходниците на Мисирков, 1968; Трактати за сонцељубивите, 1974; Веда Словена, 1979; Антун Густав Матош, 1979; Маѓепсан мегдан, 1979; Подалеку од занесот – поблизу до болот, 1983; Со збор кон зборот, 1985; Поход кон Хеликон, 1987; Неодложни љубопитства, 1992; Зборот и непокорот, 1993; Возбудливиот здив на татковината, 1987; Сигнали до потомството, 1992; Слова за делниците, 1995; Заштита на судбината, 1995; Допири, 2000; Решки и шарки под ѕидовите на времето, 2001; Книга за Прличев, 2002; Книга за Џинот, 2003; Допирање на недопреното, 2003; Книга за Вапцаров, 2006; Книга за Рацин, 2007; Страници за македонофилството, 1994; Книга нашинска сиреч славјанска, 1994; Избрани дела на Гане Тодоровски во десет тома (И и ИИ. Поезија, ИИИ, ИВ и В. Преводи; ВИ и ВИИ. Македонската литература во 19 век; ВИИИ, ИЏ и Џ), Скопје, 2007.

Петре М. Андреевски

Роден во с. Слоештица, Демирхисарско, на 25. 6. 1934 година, а почина на 25. 9. 2006 година во Скопје. Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работи како уредник во Македонската радио-телевизија. Бил член на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишува стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпрена врз фабулата туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се вели дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот Пиреј македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката Дениција ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината, и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца (Шарам барам и Касни порасни). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и на алузијата, на јазичната игра и носталгичната медитација. ДЕЛА: збирки поезија: Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971), Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999); збирки раскази: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974) и Сите лица на смртта (1994); романи: Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988), Последните селани (1997) и Тунел (2003); драми: Време за пеење, Богунемили (1984), Бежанци (2007, постхумно).

Миле Неделкоски

Роден е на 25, 10. 1935 година во Прилеп. Поет, романсиер, раскажувач, драмски писател. Бил уредник во издавачката куќа Култура. Член на ДПМ. Автор е на книгите: Срце од злато (поезија, 1963), Јужно лето (поезија, 1964), Улавиот од Преспа (поема, 1965), Јавачи на ветар (раскази, 1967), Пепелаши (роман, 1968), Еретикон-еротикон (поезија, 1969), Трненки (роман, 1972), Триумфот на Тројанскиот коњ (драма во стихови, 1974), Пандур (роман, 1982), Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн и Пропаста на Олимп (стихувани драми, 1983), Недела ден за каење (поезија, 1984), Битпазар стилски вежби, ете… (поезија, 1984), Прозорец што гледа на улица, Преспански круг со црвена боја и На крепоста чувари (драми, 1985), Потковица на смртта и надежта (роман, 1986), Петрафил за вечната земја (роман, 1988), Подгревање на вчерашниот ручек (роман, 1988), Огледала на сенките (поезија, 1989), Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови (роман, 1991), Логоманија (есеи, 1996), Празникот на светите маченици (роман, 1996). Добитник е и на наградите Кочо Рацин, Рациново признание.