Радован Павловски – Железна река

Да седнам да здивнам на тој спржен рид
Злато древно да откопам и со одежда
Царска на времиња стари да се јавам и викнам
Да ја симнам месечината на земја
И целивки и рожби нејзини да најдам
Се само на пат кон Река каде што
На навраќање од Вселената мене пак ме има
Во топлината на првите зборови и зрели капинки
Meѓy девојчињата и струите на Река.
Каменот фрлен од Бога тука на прагот
Да згазам
Да се прекрстам
И в сон да си го најдам -Сонцето
Тоа постојано нешто
Што го гледам
И што ме гледа.