Во мене живее житието на народот
А со мене
И судбини по светот се пребројуваат
Да ми не остане семето на темнината
Земјата да ми не огрубее, овенее
И низ камен отворам пат
Породот кон сонце го водам
Во невреме јас знам химна да запеам
Потоа кон ѕвездите да се оддалечам
И да бидам вечна светлина
Над шари од жита и народи