Рафаел Алберти – На земјата македонска

Како изгнаник беден јас денес не ти идам,
земјо од води зрачни, земјо од високи ридја.
Земјо измачувана вчера, земјо испожарена сета,
земјо со ранети гради, окрвавена и клета.
Земјо прогонувана вечно, затворена сета во рани,
како јас до вчера, изубен растрган на сите страни.
Денеска тебе ти идам, на сонцево што блеска,
на јасниот, слободен воздух на твојата убава песна.
Исполни ме земјо со песни, со радост и со среќа,
Дај ми ја светлината твоја, гранките полни со цвеќа.
Со зелен мир, со љубов и со занимања бројни,
со водите нежни и тихи на езерата твои.
Јас ти ја носам синевината од моите заливи јасни.
Пламениот вар селата бели што ми ги краси
и мојата песна без темници, без пранги и без мака.
Ова е мојот глас:
моето срце
и рака