Според Законот против богохулие во Пакистан, каде што голем број луѓе
се затворени и добиваат смртна казна поради наводно богохулие
Студов ми минува
низ коскиве ми ја смрзнува сржта и ме препушта кон сеќавањата
да си припомнам на отапеноста стоплена сред едно ќебе од две раце
и седам тука повторно
сред црнава дупка
(читај го ‘светото писмо’,
ме советува мустаќлестиот капелан,
‘А смеам да си напишам свое?’ возвраќам,
тој стои в место, зашеметен,
му треба време за да го соџвака
шоков,
па ме остава сама).
Се топи мразот
сега само
студениот ветер
прави пустош луѓето
трошат време
во читање
достапни свети писма
и настојуваат да не го напишат
она кое сè уште не е достапно.