Рамша Ашраф е пакистанска поетеса и независен истражувач која моментално престојува во Кантербери, Обединетото Кралство, каде што се наоѓа на докторски студии по Политика и кибербезбедност. Таа ја поддржува потребата на движењата за отпор да прикажат солидарност со маргинализираните индивидуи и заедници кои се борат за еднаквост и човекови права. Ашраф е член на „Женскиот демократски фронт на Пакистан“, што претставува социјалистичко-феминистички фронт. Таа е добитник на почесна стипендија за пишување од „Меѓународната програма за пишување“ од Универзитетот во Ајова, САД, како и поетски престој од „Меѓународни писатели“ во градот Асајлум, Питсбург, САД, во 2017 година. Нејзината дебитантска поетска збирка Заплеткана била објавена во 2015 година, а книшката Љубовни песни тешко се пишуваат била објавена во 2019 година. Нејзините песни се објавени во најразлични онлајн списанија и печатени антологии.
Песна: ПИЕСА ЗА СВЕТО ПИСМО